1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СлимЛајн (SlimLine)

Дискусија во 'Канта' започната од Daddy.princess, 11 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    SlimLine

    Некако не ми е баш јасно зашто би ја покачиле цената :?: И јас доста ослабев со апчињава ама кога прочитав некои работи за нив ги оставив :worried:
    Во право е lludaca во денешно време се е штено,па се мислам дали да си ги допијам,затоа што вака кога ги гледам некако не ми е баш лесно,сакам да бидам послабааа,а ништо друго не ми помага :$
     
  2. klecka

    klecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    SlimLine

    luge ne se igrajte so zdravjeto jas gi piev dva meseci oslabnav samo 7kg i tolku no si dobiv takihardija anemija i drugi zdravstveni problemi a cuvstvuvam deka apetitot mi se zgolemuva
    ne vrlajte pari za gluposti jadete pomalku i prirodno slabejte od iskustvo vi go velam ova pozz
    [mod-kirilica:338yo5r9][/mod-kirilica:338yo5r9]
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    SlimLine

    Јас ги имам пиено, и јас осетив тахикардија, од почеток невидена сила и не ти се јаде, ама со сила јадев за да не пднам у несвест. Бараат мноооооогу вода пиење така да првите неколку дена ја вадите вишок течност од организмот. Очекувајте и сушење на устата. После доаѓа топење на сало. Е тука имате симптоми како за климакс. Топло, ладно, топло ладно. исто така се осеќа како боцки по телото, онаму каде што намногу има сало. После 15 ден ова се смирува, ама после почнаа главоболките кај мене. Првите два дена имав запек, но после се нормализира. Ослабнав не толку во килажа колку во обем. Наводно треба да се движите кога ги пиете. А јас сум 8 саата на биро на работа па колку можев одев по скали :) Исто и мене многу ми се спиеше. Испив една доза. Престанав затоа што фатив вирус со температура и сметав дека не треба и нив да ги пијам со антибиотици и слично. Мајка ми ги пие и супер и е од нив, и се регулира притисокот, има малку покачен :)) Сега се мислам пак да ги почнам ама нешто ме кочи да ги пијам.
    Овие апчиња нема да делуваат кај оние кои сакаат да симнат 5-6 кила, и кои немаат реален пробелм со дебелина. Затоа што топат сало, а оној кој не е дебел нема сало и нема што да топат.
    Ете , тоа е моето искуство со Слим лине.

    Инаку не се мачете да ги нарачувате по луѓе ги има во аптека. Бидејки овде не е дозволено, ако сакате да занете во која аптека пратете ЛП.

    И да напоменам, не работам јас со слим лине ниту со било какви производи за слабеење.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    SlimLine

    дефинитивно не ги земам овие апчиња ни без пари да ми ги даваат. Содрзат SIBUTRAMIN истата состојка заради која беше забрането зеленото кафе. Повеќе информации за штетноста овдеhttp://www.nlm.nih.gov/medlineplus/druginfo/meds/a601110.html . Немојте да се излажете. Јас една доза испив, се зезнав, повеќе ПАРИ ДА МИ ДАВААТ НЕ ГИ ПИЈАМ!!!!! Сега ми е шубе за здравјето па ќе одам по доктори да се прегледам чисто да сум мирна !!!
     
  5. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    SlimLine

    Не е разликата во организам, туку у психологија. Апчињава работат на психолошка база. Ако мислиш дека функционираат, ќе ти се јаде помалку (без да приметиш дека јадеш нешто помалку). Луѓе што се скептични нема ни килограм да изгубат. Луѓе што веруваат во све, ќе ослабат доста.

    Главниот проблем мене ми е што, дури и да функционира за некого, не може да функционира засекогаш. Евентуално ќе престане да влијае психичкиот ефект, и ќе ги вратиш килограмите, а џабе си потрошил толку пари.
     
  6. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    SlimLine

    Не е само таа состојка зезната. Ги гледав состојките, пола од нив се забранети у западен свет да се продаваат за слабеење дека се докажана измама.

    Ја ги следам овие работи со слабеење како идат, и сум приметил интересна ствар последниве 10 години. Обично нешто у америка ќе измислат некоја нова финта/измама/тренд и таму иде се продава прави растур 2-3 години, додека не се докаже и сите не сфатат дека е финта/измама... Чим престане да се продава у америка, после го носат на балканот. Чим пропадне на балканот, го носат у Македонија :devil:
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    SlimLine

    Јас серизоно мислам да се обратам до надлежните институции па да утврдат сто е рабоатва и дали се во ред за продавање. Ненормални едни, трујат народ !! А и ние сме глупави што се залетуваме!!!
     
    На nadine и girl1985 им се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    SlimLine

    Јас не сум пробала вакво нешто никогаш, несакам да вршам антиреклама ама ептен сум скептична во врска со ова. Како и да е, ко шо ми кажувале убиваат апетит, тоа никако неможе да е здраво, да не вснесуваш ништо во организмот, е неможе. Ако некој има потреба да слабее има милион здрави начини за тоа. И шо е работава со брзањево, сте ги имале тие вишок килограми со години и оп сеа наеднаш сфаќате дека мора да ги нема за еден месец, па ајде апчиња. Небива така. Плус го немаме ние тој брз американски начин на живот каде еден оброк дневно им е брза храна па да ни продаваат вакви ствари кои се за тој пазар. Нашава македонска кујна ти е сворена за диета, само малку пазење и тоа е, не сме ние ко американцице 2 пати дневно во мекдоналдс да јадеме па да неможеме да се справиме

    Ако се водиме според ова - ајде сите на хероин, ионака се се штетно :?:

    Во право си дека во денешно време скоро се е штетно, ама баш затоа уште повеќе треба да се трудиме да ги избереме помалку штетните работи, да си одржуваме баланс, а не вака "гајле ми е, се е штено" и се во уста. Плус знаеме сите дека има и здрав начин за истава работа. Ама поради немање цврст карактер, став и упорност си нарушувате здравје
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  9. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    SlimLine

    Да не идам премногу контра, не ми е тоа намерата, али морав ова за штетноста да коментирам. Не е дека е све поштетно денес и дека на сите страни имало штетни нездрави работи... Фората е што денес имеме медиуми и таблоиди што им е работа од све да прават сензација и паника :o

    Објективно, научно гледано живееме у најбезбедно, најнештетно време во историјата, а луѓето живеат со најмногу паника и од свашта се плашат. Ако доволно гледаш телевизија, ќе заклучиш дека од дома не треба да излезеш :D Малце офф-топик, али ме мотивира ова.

    За ова браво :clap: Мене ми требаа ова години да го сфатам. Секад истото го правев... Ќе земам со бавниот пристап ќе си изгубам 3-4 килограми, онака бавно али смирено и си идат без мака, без напор, али бавно.

    И што се дешава? Место да продужам со бавниот начин за последните 3-4 кила... Ја станувам алчен и ЛЕЛЕ ајде сеа да спринтам до крајот :rofl: и нормално, правиш некоја диета, симнуваш многу, и после одма ги враќаш и дури се враќаш на погорна килажа него пред да почнеш со брзањето :x

    Мене ова со години ми се дешава. Ќе изгубам 3-4 килограми бавно... после ќе изгубам 3-4 брзо (а ќе вратам 8 после брзото)... А да сум продужел со бавното, досеа би бил готов :rofl:

    Човечкото тело е ДИЗАЈНИРАНО да се брани од пребрзо слабеење. Буквално толку се преовладан со глад што да ти дадат пари, не можеш а да не се прејадеш. Ти можеш на диета 3 недели да бидеш (дефицит од 10,000 калории да постигнеш), и после можеш во еден ден да ги уништиш. Без проблем може човек да изеде 5-10,000 калории кога ќе го превземе оној животинскиот нагон... Те тера да изедеш се пред себе у кујна. А најсигурен начин да го предизвикаш овој нагон е да губиш брзо килажа. Затоа сите ја враќаат килажата... од брзање.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    SlimLine

    Абре што да кажам...
    Истомисленик сум во делот дека се' ни е во психа.
    Само автосугестија и позитивна мисла во животот, за се'.

    Зборот ми е, сум држела многу диети и одлично ги поднесувам и најригорозните.
    Зборувам за медицинската диета, Аткинсова диета - строгиот режим, само месо и зеленчук и диетата со Јаворов сируп - цели 9 дена САМО на течноста. :muscle:

    Значи имунитетот ми е јак, организмот - издржлив, сум пробала и некои победни апченца и чајчиња...
    Ама Слим Лајн ме утепаа максимално. :(
    Не очекував, искрено верував ќе има добри резултати.
    13-от ден ги прекинав.
    Остатокот го фрлив.

    Кај мене немаше тахикардија, ама какви главоболки... до плачки.
    Мислев нешто ми лази под и над скалпот, невидени вртоглавици, енергија - нула.

    Епа за 5-6 кг вишок не вреди да се упропастува здравјето.
    Ќе ги симнам ако треба за 5 месеци, со здрава исхрана и вежбање три пати неделно.

    Ја имаат инаку таа супстанца која е забранета во САД, сибутрамин.
    Се препорачува за екстремно дебели луѓе, и тоа само со дозвола од лекар, во определена доза дневно.

    Моето скромно ненаучно мислење е дека овие таблетки им делуваат само на луѓето со поголем вишок на кг - над 15, 20 кг, без некои посериозни нус-појави.
    На оние ко мене, паметните, што од мрза и чалам се занесуваат и од готово си прават вересија и Бајрам на мозокот... не им делуваат и им прават проблеми, колку да ги потсетат дека уствари прво дебелината мора да се победи во главата, а после во другите делови на телото...
     
    На AhThatFemaleProblems, JuLleE, girl1985 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    SlimLine

    Е па јас имам за симињање 20 кила па ги имав сите несакани ефекти!! Така да дека се штетни, штетни се!!! А тоа што дистрибутерките ќе ви кажуваат прикаски дека не се тоа е само за да лапаат пари. Така да не се лажете не ги купувајте.
     
  12. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    SlimLine

    Да, и ја мислам дека вакви работи (дури и кога не се измама) се замо за луѓе со екстремен вишок... не за луѓе со 3-4-5-6 килограми за губење. Иначе има многу добри книги за слабеење преку психата.

    Paul McKenna - I can make you thin
    Jon Gabriel - The Gabriel Method
    Debbie Johnson - Think Yourself Thin: The Visualization Technique That Will Make You Lose Weight
    Итн... итн.. ги има еден куп на амазон. Овие првите 2 се бест-селери докажани, растур направија во Британија, еден куп успешни слабеења, 100% на психа базирани, без режими, диети... Само психолошки промени.

    Ова за психата оддамна е докажано. Дури на луѓе кога им даваат лажни апчиња, и им викаат ќе те ослабнат апчињава, луѓето едноставно јадат помалку (без да приметат) и слабеат. Науката веќе 30 години проучува природно слаби луѓе, и нема најдено разлика ниту у метаболизам, ниту у гени. Разликата е 100% психолошка.

    Пример слабите луѓе се лажат себе (и другите) дека јадат повеќе, а дебелите се лажат дека јадат малце. Кога ги тераш луѓето со вишок килажа да запишуваат колку јаделе секад запишуваат помалце, а слаби претеруваат (ако изеле пола хамбургер, тврдат изеле цел).
     
    На AhThatFemaleProblems и Lux им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    SlimLine

    Е за ова ептен ти благодарам, одма денеска ги симињам. Фала мноооооогуу!!!
     
  14. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    SlimLine

    Ти пратив еден интересен линк на ЛП за симнување, ѕирни го.
     
    На 567 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    SlimLine

    Колку ми е криво само што го пиев ова ѓубре :@ Мислам дека и ден денес имам тахикардија од нив, а дури летото испив пола доза. Ама тоа е после е**ње нема каење ;(
     
  16. lapngoltni

    lapngoltni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    SlimLine

    Во врска со капсуливе кои ги пиев минатото зимо навистина имав лошо искуство но си реков ај можеби не е од нив бидејки не беше се уште распространето до толку колку што е денес. Ослабев 11кг. за еден месец од 36 капсули на почетокот во комбинација со кафето но од него добив запек па го прекинав и продолжив само со капсулите. Јако лупање на срцето, многу сува уста и суво грло, повремени главоболки, некогаш јака нервоза без прична, потење и што никаде не прочитав (а прочешлав неколку форуми) вероватно им е незгодно на некои да казажат дека и мокрачата добива некоја јака и чудна миризба и од неа чест свраб на интимниот дел, после секое мочање (се извинувам можеби грубо звучи) се миев но чешањето си продолжи и нормално веднаш на гинеколог но ништо не открија и на пап и на микробиологија, а урината трипати ја испитував вероватно за да се докажат штетните состојки треба посебни испитувања. Да прекинат да ги продаваат нема бидејки си имаат јака позадина која ги штити, и да со нова цена сеа се 2100 денари а набавната цена е од 1 - 5 долари зависи од порачката.
     
  17. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    SlimLine

    Ова е македонија. Секаков криминал проаѓа... Која и да дојде власт е директно поврзана со трговијата и транспортот на дрога... па све тоа поминува... Сеа некои апчиња ќе забрануваат.

    Је*ига, у таква земја живееме. Затоа мора сами да се едуцираме, да читаме и сами да се штитиме.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    SlimLine

    @ AlekNovy многу ти благодарам за советот, ја симнав вчера Paul McKenna - I can make you thin и почнав да се ре-програмирам.
    ;)
    Ќе пишам резултати, а за 6 месеци треба и нему да му јавам (така си кажа на почетокот авторот). :D
    Фала.
     
  19. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    SlimLine

    Има еден проблем со програмот, толку е контра на све што веруваат луѓето, што ќе те прават сите пријатели будала. Имам другар изгуби 30 килограми на програмов (пред 2 години), нормално, бидејќи не е диета, ги задржи изгубени, не ги врати.

    Погоди што? Сите на работа го прават будала кога ќе им каже како и дека е на психичка база и стил на јадење... Не му веруваат дека јаде све исто ко порано. Му викаат "абе ти лажеш, некои апчиња си пиел гарант"... Нешто различно јадеш. Имам уште 3-4 другари што имаа помалце за губење, исто изгубија, и исто никој не им верува.

    Луѓето едноставно нејќат да веруваат колку е моќна психата и бараат магични апчиња, гени, метаболизми, крвни групи, специјални диетални слабеачки храни :rofl: ... што ти ја знам.
     
    На AhThatFemaleProblems и Lux им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    SlimLine

    слимлајн ги купуваат за смешна цена од Kина... ;) најдов на нет.... :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.