Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СлимЛајн (SlimLine)

Дискусија во 'Канта' започната од Daddy.princess, 11 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Денес ми е 15ден како ги пијам Слим лајн софт гел, апетитот ми е намален, а за ослабена незнам дали сум(не сум се мерела).
    еве сега моментално од стрвост се појадував, и ми е навистина лошо(ми доаѓа да повратам), што пред нив не се случуваше. ОВа прв пат се зезнувам од кгоа ги почнав(крива е свекрвата, направила месена пита :devil: ) :lol:
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Леле МеУ, ајде бе измери се да видиме колку си ослабналаааа? Ти како се осеќаш, си симнала некое килце откако ги пиеш таблетите? Ајде кажувај оти на мисла сум да ги земам и јас, иако сите околу мене се против вакви таблети за слабеење ама планирам скришно да ги купам и да ги пијам :geek:
     
  3. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Не сакам да демотивирам било кој што ги пие, ниту да правам антиреклама на компанијата. Имам пишувано и порано на оваа тема за ефектите од Слимлајн таблетите. Ги користев во периодот окотмври-ноември 2010, пиев Слималајн П57 (Hoodia) и за тој период ослабнав повеќе од десет килограми. Немав никакви проблеми со циклусот, ниту со притисокот цело време кога мерев беше 110/70. Апетитот речиси ми се изгуби, устата ми беше сува, понекогаш ме лазеа морници и ми трнеа стапалата. Ретко имав тахикардија. Мислев дека тоа е нормално бидејќи сум на диета. Направив пауза од неколку месеци и потоа пак купив од истите апчиња. Беа со сменета амбалажа, испив две кутии и не ослабнав ниту грам. Не ми беше сува устата, не ме лазеа морници. После тоа почнав да качувам килограми и си дојдов на старата килажа, ги вратив килограмите, кои ги симнав.
    Бидејќи секогаш сум била гурман, најтешкото што морав да го сфатам е дека апчиња кои ќе ти помогнат да ослабеш, а да немаат нус ефект, не постојат. Сакав да верувам дека Слимлајн се тоа, имав и добри резултати. Но штом ги сменија (иако се уште во декларацијата стои истиот состав), ефекти нема. Барем не кај мене. Сакала - не сакала, после долго време си се помирив со тоа дека единствено промена на режимот на исхрана, намалување на количината на храна и барем малку физичка активност ќе дадат добри резултати. Осумнаесет дена сум на турбо-УН диетата, понекогаш не ми се јаде, понекогаш ми се плаче за бурек или хамбургер од 7-ца, чоколадо Дорина или чипс Chipsy, ама нема. До сега не знам колку сум ослабела, не сум се мерела, само по едни панталони приметувам дека ми станаа широки. Ќе застанам на вага кога ќе успеам да облечам едни фармерки што ги носев кога имав 62 кг. Има уште многу до тогаш. Колку и да звучи смешно, психички сум спремна на тоа дека до крај на септември морам да терам вака.
    Се распишував малку повеќе, но сакав само да дадам добронамерен совет до сите диеталци дека прво мора да се сменат навиките па потоа ќе дојдат резултатите. Изборот е ваш, ја посакувам многу изгубени килограми за сите нас што се бориме на разни начини да стигнеме до посакуваната бројка на вагата :)
     
    На djokes и ciganka им се допаѓа ова.
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Си искусила нешто што се вика плацебо ефект.
    Првиот пат си била возбудена за промена и си ја направила,вториот пат не си верувала толку и си почнала да забушаваш.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ништо женски. Не што не сум ослабена, туку и 1кг сум поправена :@ а и со јадење намалив ептен, само појадував и после ручек без леб, вечера никако, но ништо.
    Си испив цела кутија (48капсули), резултати никакви.
    Инаку сега сум на ригорозна диета, ми останаа уште 25дена до големиот ден, па сакам да личам на нешто пофино од сега.
    Појадок, ручек вечера, само салати(претежно шопска), овошје, најмногу лубеница. Еве денес втор ден и не е лошо, ако се сака се може. Резултати ќе ви кажам за некоја недела.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Зар уште пишуваат на темава :o
    Јас а и многу други што ги пиевме и тоа вработени во здравствена установа беа сите, ги откажаа.
    Многу беа штетни, предизвикуваа тахикардија, краток и неквалитетен сон, пореметување на хормонална рамнотежа, вртоглавици и што уште не, јас ги откажав на 5-6 таблета. Се каам што воопшто ги купив и испив неколку.
    Се знае како се слабее здраво, да не набројувам, тоа е општо познато.
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Секогаш ќе има луѓе што сакаат брзи резултати и брзо ќе ги вратат :)
     
  8. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Meu nemoj da gi koristis Slim line bidejki moja bliska prijatelka se zafrkna bas so tie kapsuli.Prvo ocigledno ja namali tezinata,a potoa za brzo vreme imase kontraefekt so dupliranje na kilogramite.
     
  9. milaneZa

    milaneZa Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    луѓе дали ги има капсуливе во аптекиве во прилеп ? :|
     
  10. simona.7

    simona.7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    11
    ги има ли таблетите во аптеките на Зегин ?
     
  11. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    пред 3-4 години ги користев овие таблети, тогаш ми помогнаа многу... откако се породив, ги земав пак, но немав никаков успех, затоа не си ги фрлајте пари за џабе, пробајте со липовон, јас со нив ослабев овој пат :)
     
  12. simona.7

    simona.7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    11
    од каде ги купи липовон? колку пари се и по колку се пие на ден ? :)
     
  13. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    по 1 на ден, апчињата се 1650 денари, а ако живееш во друг град се доплаќа 200 денари плус.. ги порачив од една жена, ако сакаш пиши ми во лп ќе ти дадам број :)
     
  14. natalijja

    natalijja Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    13
    Имали некоја девојка што е од Куманово а е зачленета во Slim Line Club ако може преку нејзе да порачам од тие таблети. Нека ми пише во инбоx.
     
    На slimline7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    8.879
    Јас се залетав да ги купам таблетиве СлимЛајн (полничка сум си :D ) ама таткоми ми рече ај прво пробај со оние капсули од зелка и ги купив 1000 денари и да ви кажам нема никаков ефект навечер неможам да спијам неможам да дишам ми иде да ги фрлам а и не ни се конслутирав со лекар :^) ... Што викате да ги земам овие СлимЛајн или да не лупам пари за џабе ? ( ма да видов дека и тие не помагале ) :^)
     
  16. natalijja

    natalijja Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    13
    Искрено да ти кажам многу мои другарки ослабнаа баш од овие Slim Line Acai Berry. Па затоа сакам и јас да ги пробам. а имам слушнато и за овие http://www.swanson.com.mk/јаболков-оцет-200-мг-120-таблети па се двоумам сега . иако повеќе сум за Слим Лајн.
     
    На lovemme, slimline7 и Marijana93 им се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Да ја средите исхраната,па се друго...
     
  18. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    јас ги пиев слим лајн....првото пакетче ко го пиев ми беше намален апетитот скроз....второто ко го пиев си јадев нормално не ми беше намален ап. ама од ко го допив второто пакетче имав ПРЕГОЛЕМ апетит....значи премногу ми се јадеше се чудев зошто почнав да јадам и повеќе од колку што јадев пред да ги почнам....и си ја вратив килажата дупло....се здебелив премногу....и сега решив да намалам со јадење пошо ја претерав....ЈАС ЌЕ ВИ РЕЧАМ ЕДНО ГОЛЕМО НЕ!! дури и жената што ми ги набавуваше и таа пиеше ослабе во исто време ги пиевме и сега и таа е премногу здебелена.....
     
  19. maculencence

    maculencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Јас ги пијам Slim line веќе еден месец. уште од првиот ден си ја средив исхраната, нешто во стилот на Обединети нации режимот на исхрана, не ја мешам храната. почнав одма со пешачење,вежбање(дома, не сум тип за да одам по теретани,на аеробик,зумба). имам вишок на килограми(многу). уште првата недела симнав 5 кила, намалив во обем. немам никаков проблем ни со притисокот ни со срцето. имам многу енергија и да точно е дека тера на пиење вода-што е и корисно. сепак секој организам е различен. а без регулирана исхрана и физичка активност -ништо. јас бев најголем скептик за апчињава а сега ги користам веќе еден месец,многу сум задоволна. како и да е, секој организам различно делува, и доколку имате некои здравствени проблеми, консултирајте се со лекар. немојте сами на своја рака, јас прво зборев со матичната, и кога убаво ми објасни и ми даде зелено светло почнав да ги пијам.
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ikss

    ikss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Zdravo,ne me sfakajte greska,pred dve godini gi pijah slim line i oslabeh 10 kg za pomalko od mesec, a od ka prestanah nakacih okolu15,nogo ne se zamaraah ama pred tri meseci videh pocetoci na celulit na nozete i panika me fati oti nikojpat nemaah a sum 24 god,odma pocnah da odam sekoj den na aerobik i pilates,smenih si ishranata od koren i na den pijan po 4,5 litri caevi so med,luge veruvale ili ne za 3 meseci nemam gramce celulit,osvezih se u liceto,pocnah muskuli da vrzuvam,puna sam so energija i oslabeh 16 kila i plus se stegnah..presrekna sam..zatva vi kazuvam,ne si davajte parite,zdravjeto za takvi go**a..pozdrav sicko ubavo
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.