Во аптека работиш? Ако да ти не си крива, криви се многу поголеми од тебе. Не се пали. Денес ова за слабеење, утре некој Ц витамин што не е Ц витамин ќе протнат.. Ама на декларација пишува де. И нормално платиш и фураш продажба и дистрибуција.
Не работам и не мора да работам за да знам. И точно, не се тие криви, туку некои над нив што дозволиле да излезе во продажба тоа што не треба, фала Богу се разбравме
Па тоа ми беше муабетот. Што да каже апотекарката? Донеле, ставила на продажба тоа е. Ама кој дозволил отровов да се дистрибуира воопшто е проблем. Тука е кривицата. Ај јас онлајн го нарачав, моја одговорност, ама деца бе тинејџерки за слабеење ќе го купат од аптека ќе стават отров во нив.. Ужас.
Добро, со кој мозок прават вакви работи? Дали ја сум наивна, дали сум уште дете, не сфаќам, ама мене ова не ми е нормално.Зашо да вадам ќар така шо ќе наштетам на некој??
И моја блиска ги пиеше пред десетина години. Изгуби скроз апетит, буквално до 6 попладне ништо освен кафе не ставаше во уста. Имаше константни нагони за повраќање, тахикардија и вртоглавица. Не знаеме дали поради ова или едноставно имунитетот и беше многу нарушен, ама и се појави осип на цело тело, што двајца дерматолози не можеа да утврдат што е. Едвај си ја среди крвната слика, а ги пиеше неколку недели само.
Како што пишаа погоре, мора едукација за правилна исхрана. Ваквите суплементи никогаш не се океј, без разлика какви состојки има, а не па забранета состојка. Жалната реалност е дека сите летаат кон побрзиот начин на слабеење, самиот форум врие од жени кои си го ставаат здравјето во ризик за да видат некојаси бројка на вагата и еве секој ден некој прави пари од тоа, дали ќе е штетен суплемент или нутриционист што ќе ве изгладнува. Diet culture.
Добро али мило ми е што си ги средила работите. Срамота за нов што требало да се доведе до адвокат. Боже..
Абе не си играјте играчки.Ја од кога знам за вакви работи сум строго против нив, од чаеви, апови, Хербалајфи и слични гоВнарии.Не ви требаат.Сѐ е вештачки.Глеате и у ,,100% органскиве” не е баш така. Боље тие пари дајте ги на луѓе шо се занимаваат со праење режим на исхрана и вежбање него вака да се заебавате.Еве и за тоа да не ви се даваат пари, имате триста видеа на јутуб, триста искуства и овде, и на интернет како се слабее со вежбање и исхрана.Гулгајте малце потрудете се, за ваше здравје се работи.Ја сѐ сама си наоѓам и се учам, и овде прашувам по потреба.Не богатете луѓе шо се богатат од луѓе кои сакаат брзо и одма да ослабат.Не е ни здраво, а и може да ја повратите килажата и ништо не сте напраиле. Значи у 2022ра бар, на интернет сѐ ќе најдете, од план за исхрана, до вежби, до апликации шо ви кажуваат колку калории да внесувате и кое колку калории има, овде имате цел подфорум за вежбање и исхрана.Шо повеќе сакате? И јас очајно сакам да сум подебела, ама ете таков ми е метаболизмот, кај други па слабеењето оди потешко.Нити ја се прејадувам за да се здебелам, нити треба да гладувате за да ослабете.
Оф лелее, не можам да поверувам што читам. Во аптека се продавале :О Јас па кога купувам од аптека се осеќам како безбедни суплементи да купувам ,а купувам често... Ме фати страв сега за куркуминов од натура терапи што го пијам. Се убија од рекламирање тие и земав од аптека ама очигледно никој не контролира што има во тоа што пиеме....