Уште постојат луѓе кои веруваат дека од чај се слабее? Јас никогаш инфлуенсер шо рекламира не би купила. Едно го рекламира за пари се знае, а не дека е убав, друго со сила форсирање на работи. Добро е шо се откри, се надевам ќе се забрани за продажба, оти Македонија и се е можно.
Браво за тимот на ИРЛ, уште еднаш покажаа што значи истражувачко новинарство и колку е важно за едно општество истото. Не знам каде им се напикани главите на обвинителите и другите институции, ама од нивниот портал имаат само работа доволна за едно 1000 апсења и случаи поткрепени со докази. Околу случајов со "фирмава", многу работи ми се нејасни. Прво производите се забранети од АХВ од 2019 година, очигледно си ја завршиле работата, а МВР во меѓувреме се тегнат околу веб-страната и иако се знае дека се опасни по здравјето за конзумација, не разбравме за тоа до вчера?! Толку на некој не му текнало да извести до јавноста, еве гледам овде и членки со лоши искуства како преплашени да зборуваат за тоа. А сопственициве имаат име и презиме: Ѓоре и Марија Костовски, кој к*р фактор се криминалциве, сигурно некој ги знае, да ги направиме уште попознати, велам. Друго, во статијата пишува дека Царина им потврдила дека не постои ваков увоз и воопшто увоз од Кина веќе две години, а потврдено е дека се кинески. Па како влегуваат вакви ѓубриња во државава? Нас обичните смртници душа ни вадат ако порачаме нешто од странство, од ддв, царини до процедури шпедитерски, ама за отров за народот нема проблем! Ова е само за овие производи, кој знае уште што нѝ се продава без наведен комплетен состав на декларација. Уште една потврда дека сме кантата на Европа, а нашите институции се ѓубраџиите.
^ Нема увоз направен од тие фирми, секако дека може преку друга фирма да ги увезе, легално, да не зборувам за нелегален увоз колку начини има. Да беше ова нормална држава немаше да може да се продава производ што не се совпаѓа со декларацијата, ама да беше…
Јас искрено не знам како може некој да е до толку залажан за на социјални мрежи да купува N/N производи што потоа ги внесува во телото.
Ништо не ме чуди веќе, по стоти пат ќе речам кај нас се продава најголемото ѓубре од Европа што таму не проаѓа. Буквално не трујат и со храна и со воздух..
Нена, дали паралелно дур го конзумираше производот ти искрсна проблемот со хипотироидната или пак тоа се случи подоцна со тек на годините?
Update: До сите кои не знаете а веќе сте го купиле или сте со намера да го купите...Вие со овие таблети не губите реални килограми, туку губите вода од организмот. Вода, која често пати е опасна за губење бидејќи го дехидрира телото и може попатно да предизвика хормонален дисбаланс, тахикардии, тремор, неконтролирани физиолошки празнења и иритабилност.
За 2000+ денари може да се најде супер нутриционист со кој ќе изгубите од она лошо сало или непотребен вишок. Ем поубава храна, ем билдање имунитет, ем поздрави. Сега да, храната е поскапа. Ама не знам кој е тој мајндсет дека ќе јадеш се и една чаша чај ќе ви помогне да изгубите доста кг.
Е тоа не знам.. Ама не би исклучила да има влијание. Вервај после нив многу ми ослабе имунитетот, немаше вироза да не ме фати.. Ма хорор.
имат и капсули и чај и кафе и свашта отров истите апчиња ги има на алиекспрес се продаваат од кина ги пакуваат за нив и ги увезуваат а како незнам не сум им веке дистрибутер инаку и мене ми се заеба тироидната после нив а изгубив 16 кг за 40 дена спиев по два саати и имав многу енергија
Па еве на пример на форумов само темата за слимлајн е отворена пред 12 години и има 54 страници. Тука плус да ги додадеме и другите теми за чаеви, таблети, хербалајф и слично. Што значи дека набројаниве инфлуенсерки, колку и да не ми се омилени, не се баш криви. Мене не ме изненадува случајов, отсекогаш сум била против овие методи, ама тоа е, добар маркетинг и сѐ е можно, луѓето врска немаат што конзумираат.
Можда едно петсто пати ми се нафрлале дека ширам паника за слим лајн не биле такви па како се продавале во аптека биле сигурно оф божеее како да не знаете оти сме бетер од Тунгузија мило ми е шо ке му се отворат очита на лугето е сеа од како прогледавме одите проверете тироидна притисок срце и бубрези
Затоа вас две ве читам во тема за хипотироидна. Баш вакви таблети/чаеви/суплементи како што може да ти заебат организам никој не може. Јас никогаш не би ги пиела, па макар стасала и до 130 кг. (не дај боже).