Лелеле тоа докажува дека во оваа држава е све надвор од контрола, познавам мн жени што тогаш си го упропастија здравјето со тахикардии заради некоја супстанција недозволена(и го заборавив името одамна беше) што ја има во таблетите
Па, не беа баш забранети искрено. Во 2016 повторно се 'даваа' нивни производи по центрите како 'Green Life' 'Slim Move' и ним сличните. За во аптека не знам, но знам дека другари во околина ми пиеја. Така да ова ќе му дојде трет пат, плус со јавно промовирање.
Во 2011 година беа забранети, и на тв на вести го имаше ова бидејќи мн имаа нус појави од овие, нз како се нашле повторно во продажба
Исто како што се најдоа сега. Инфлуенсерите да не ги изрекламираа немаше ниту да знаеме дека се во продажба.
Сестра ми на времето ги конзумираше, и тоа испи неколку кутии. Ослабе периодот многу, ама имаше и тахикардии и други здравствени проблеми кои тогаш не ги поврзувавме со апчињава. Сега кога видовме што содржеле сфативме дека од слимлајн биле тие side effects. Да микродозираш ти некого со антидепресиви е искрено страшно, зошто се создава зависност на организмот. А овие инфлуенсеркиве буквално и, извинете вака, гомно во свилена опаковка би рекламирале. И да не беа штетни апчињава, damaging е промоција на вакви квази продукти за слабеење, посебно затоа што тие инфлуенсерки ги следат млади девојчиња.
Кое е решението да се провери состојката внатре и да се ограничи промоција на "непроверени" продукти преку инфлуенсери?
Се чудев кога гледав инфлуенсерки уште пораки кога споделуваа од задоволни купувачи. Секогаш си мислев кој будала верува на такви и купува глупости за слабеење. Се дур има овци, ќе стрижат. Да се слабееше така со чаеви и триста глупости во боја немаше толку гојазни луѓе да има.
Ништо не очекував друго од неа. Си се трга од одговорност. Вели дека другите производи се штетни и илегални ама ЧАЈОТ што го она рекламирала, не бил. Прегадна особа, пре гад на.
Еве поверувавме дека никој не се пожалил на нус ефекти. Мислам...не е будала да рече Да една ми кажа вака и вака ѝ било ради чајот.
Да се само Слимлајн, колку вакви таблети и чаеви има. Па едни вести на ТВ да изгледаш 3 реклами ќе ти се појават од некакви непознати фармацевски куќи. Сите оние лекови што се рекламиираат како топ шоп, натура терапи, хербаплус, биоклиника, медосан, протекал диети со прашоци, којзнае што содржат. Неможе човек ни да ги наброи од што ги има многу. Ништо не се регулира кај нас. Дојдовме до тоа ако никој не ги пријави тие така фино ќе се продаваат и никој ништо нема да направи.