Јас го користев пред околу 10тина години. Добив хормонски дисбаланс од нивни капсули со кактус, зелени беа се сеќавам. Се пиеја по 4 на ден, две сабајле две навечер. Се лечев 3 години додека се средам целосно..
Мене ова ништо не ми е ново. Уште пред 15- 20 години додека сите експерименти правеа со вакви и слични препарати и таблети и чаеви за слабеење јас фатив да читам нутриционистички книги и се информирав за здрава исхрана. Низ годините дури одев и на "консултација" т.е убедување по разни "центри за слабеење" каде ми нуделе секакви свои производи. Сите се 100 % природни секогаш, или 100% растителни. Демек тогаш е здраво.. Никој не ме убеди. Ништо никогаш не пробав. Мојата лекција беше дека за да се ослабне нема брзо решение без мака. Нема слабеење додека спиеш како што нудеа некои реклами. Се изнакупуваа хеланки и гелови жените.. Нема резултати без труд. Нема здраво слабеење без да се спортува и да се испотиш здраво. Нема ни со јадење глупости, без разлика колку напорно вежбаш. Треба цел животен стил да смениш и да напуштиш лоши навики. Чекајте само за некоја година ќе читате вака за штетните последици по здравјето и за режимот на исхрана на некои наши популарни и добро платени нутриционисти. Кога слушам како на сите исти ненормални диети даваат и како си расипуваат желудник од нив луѓето по некој месец, јасно ми е се..Јојо ефектот е најмал проблем после држењето диета од овие експерти што никнаа како печурки по дожд. Се сами специјалисти..
Особено овој дел! До сега 3ца нутриционисти имам консултирано, и сите како калап! Не сакам никого да навредам ама врска немаат, шлапаат дури и апови и суплементи без претходно испитување на крв или тест за алерегени и нетолеранција. Катастрофа. Се согласувам и со делот на слабееење, иако нрмам искуство на темата, ништо нема да направи поголем баланс на телото од физичка активност и правилна исхана. Нажалост мора сами да истражуваме, кога нема асален нутриционист да те насочи.
Само за пари се некои... Подобри совети за исхрана сум добила од матичната или од некој специјалист, и тоа бесплатно секако. Бар кај нив знам дека медицински се образовани..
Обавезно од сабајле овошје.. Јас и викам не можам да седам до 4 гладна на работа само со 2 јаболка она вика Мораш!! Аха важи. Нутриционист или диететичар ти прави режим кој е индивидуалрн а не гоогле диета.
Кисели* јаболки за доручек Инаку точно, подобри совет од рандом луѓе ќе добиеш, отколку од нашите нутриционисти. Може затоа луѓето се лажат со чаеви. Еден пример. Ме убедува едко баце на семинар дека месото е канцерогемо, го крати животот и ни под разно не треба да се конзумира. Не дека мене ми значи, ја сим си и онака веге цел живот. Но, одиме после во кафана, бацево кога грабна едно ребро на маса, па го врти низ уста, па глода па се лигави. Работава е, не ме глеј што правам, слушај што ти зборам. Колку што она може да издржи на овошје цел ден, толку ќе издржиш и ти...
Oва буквално ми беше убиство кога бев тинејџерка пред повеќе од 15 години. Се напна нутриционисткава дека треба да бидам на овошје до 3 поручек, со една кутра шака суво грозјенце и бадемчиња. Ко, не знам како тоа може да биде здрав и долгорочен план за доручек? На крај ми скурчи, и на мајка ми кутрата ѝ скурчи, која беше обрвзана да ми сецка секој ден. Јагоди со очи неќев да видам две години, од толку што ми се згади од присилно јадење на истите. После нормално кг ги вратив ко попче, па земав ослабев сама, со свој режим, следејќи ги потребите на телото, наместо на нашите квази нутриционисти. Нели за доручек немаш ден за јајца, ден за овошје, ден за авокадо или мусли на мени, боље бегај и мочај се во таа нутриционистичка диплома што ја имаат.
@Acronia дека кај нас авокадото расте, дека бабите наши авокадо јаделе а не пипер, домат, јаболко, круша.. а бре мрш..
A, како тоа до 4 саат на јаболка или банана кога доручокот е најбитен оброк кој ти дава енергија за поголем дел од денот. Народов веќе заборави и рационално да размислува
Јок, не беше авокадото толку популарно и застапено на продажба пред 15 и кусур години, но затоа сега го има и е вртоглаво скапо. Ама па знаеш што, подобро авокадо ќе јадам еднаш/два пати неделно отколку секое сабајле да се товам со кило овошје и литро ипол вода. Тоа беше тотално бесмислено мачење, налет и диета и се.
Дечки нема потреба од изгладнување. Јадење само две јаболки до 3-4 попладне кога си станал во 6-7 наутро е изгладнување. Тоа не е доручек само со овошје. Доручек само со овошје е кога ќе станеш наспан сам од себе и ќе каснеш прво јаболка, па бананче па мандаринче. Еве и цела овошна салата нека е со малку јаткасти плодови и суво грозје или семки некои. Тоа не е лош оброк има во него многу витамини, минерали и што е најважно ензими. Не е само шеќер во тој оброк па да го отфрли човек. И шеќерот од овошје не е ист како шеќерот од благи и слатки од пакетче и од фабрика. Ама после ваква салата треба после два саати да јадеш повторно. И тој оброк треба да е смислен и различен од претходниот. И треба да имаш време да ги изедеш. А не јас работам тешка физичка работа, трошам над 3000 калории на ден ама ќе се изгладнување со две јаболки до ручек. И не се исти потребите на дете во раст, на доилка, на жена во менопауза, на спортистка или на некоја што цел ден не се движи и седи..нема шанси еден аршин да важи за сите. Еве јас не јадам јајца, зошто сум интолерантна. Не ми ни фалат. Со кроното значи напнаа како секта со нив и со авокадото. Не ми лежи ниту обемен доручек, немам желудник и желба за него. Наутро и навечер касно не јадам..после дознав дека ова е интермитент фастинг. Ок како сакаш наречи го. Мене ми е природен дневен циклус и нормална логична работа... Јас стварно верувам дека треба да се јаде храната од твоето поднебје. Доволно е. Бар за секој ден. Некогаш ајде ок ќе пробам и алга од јужно кинеско море ама немора да е секој ден или ако не е секој ден дека тогаш е тешко на нас...Ние во мк во таа смисла сме во предност...имаме доста зеленчук и овошје што е локален. И не верувам во отфрлање на цела група состојки или храна (пр овошје, јаглехидрати и сл) од менито. Лоши искуства и примери сум се изнагледала од таквите рестрикции за цел живот... А особено ми е алармантно да треба да заменам еден оброк или два со некаква си таблета или шејк од соја. Тоа никако не е здрава исхрана.
има и состојка флуоксетин пронајдено во тие препарати кој е антидепресив и слабее, а ефедринот ти го има и во капките за нос и во тајлол хотот..
Гледам на фб почнаја да пишуваат лоши искуства за слим лајн али сеуште се продаваат во мк. Незнам шо држава сме да не превземат мерки. Снаами го користеше пред 7 месеци ми вели такихардиа ми се јавуваше и цело време и потење во спиењето. Кизне уште шо други состојки имат начукано внатре.
Иронија на годината. Гасете интернет. Во тема каде што се зборува за штетноста на таблети за слабеење, се прашува за искуство со други.