Не е “демек” туку ги користат луѓето. Една познаничка ми вика “шо има врска, малку ми се суши устата ама барем слабеам”. Дал да плачеш или да се смееш. И нормално, секое чудо за три дена. Сѐ се заборави.
Судијката Славица Андреевска ја ослободи од вина компанијата „Слимлајн“ која што повеќе од една деценија дистрибуираше штетни и опасни суплементи за убавина и здравје. Главен таргет им беа тинејџерки, млади девојки и жени од регионот кои без да знаат конзумираа суплементи со антидепресиви и екстази. Иако во 2018 истата група на Слимлајн беше кривично правосилно осудена поради дистрибуција на опасни суплементи, судијката Андреевска сметаше дека обвинетите ненамерно го извршиле кривичното дело и ги ослободи од секаква вина и одговрност. Ова не е само пресуда против една компанија. Судот денеска ги легитимираше сите измамници од криминалната индустрија за убавина и здравје.
Овде само криминалците живеат. Овие и документи за увоз немаа, буквално без никаква проверка и дозвола продаваа. Срамота за судијкава, се надевам за лекови ќе ѝ се најдат парите.