1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слободните активности на вашиот ученик!

Дискусија во 'Дете' започната од mina, 22 септември 2011.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Како го минува слободното време вашиот ученик! Дома пред компјутер и ТВ, во двор со другарчињата, цел ден учи, посетува некој курс, спортува или има неорганизирано слободно време?

    Која е идеалната возраст за едно дете да започене со свои слобдни активности (курс, спорт...) и кои би биле тие активости (јазик, часови за танцување, музичка школа, спорт, информатика...)

    Дали изборот за активноста треба да ја направи самото дете или родителот кој знае што е најдобро за своето дете? Што ако се судрат интересите на детето и желбите на родителот?

    Дали е подобро детето да посетува колку е можно повеќе курсеви, тренизи и сл. или е попаметно да се насочи кон активноста која најмногу му ,,лежи,,!

    Која е користа од слободните активности за децата во школска возраст? Дали е подобро да си го живеат детството па кога ќе потпораснат (пр. на 10 години) да се насочат кон активност за која покажуваа дарба, или е попаметно од помала возраст да имаат повеќе активности и обврски за да имаат организирано и правилно искористено време!

    Ајде мамички, кажето го вашето искуство и мислење во врска со темата! Сигурно сите го посакуваат најдобриот развој на своето дете, а слободните активности влијаат доста врз изградувањето на личноста на детето, и воопшто врз развојот на детето! Би било од корист ако и другите феминки изнесат мислење во врска со темата!
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.213
    За жал кај нас нема многу активности кои можат да ги практикуваат децата од предучилишна возраст, па слободните активности почнуваат најчесто со почетокот на училиштето, или евентуално една година пред тоа.

    Мислам дека убаво е децата да одат на повеќе различни активности, барем на моите тоа им го посакувам. Со секој спорт се развиваат одредена група мускули повеќе од другите, а и така ќе научат повеќе спортови. Сепак не мислам многу да им се мешам, мое е да им дадам предлози, а нивно е да одлучат.

    Сега ги запишав на пливање. Идејата беше моја, затоа што јас многу сакам да пливам, а и затоа што сакав и јас да пливам во истиот термин за да можам да го искористам времето додека ги чекам за нешто попаметно од пиење кафе. Тие ја прифатија идејата, но ако во одреден момент решат да престанат - ќе ја почитувам нивната одлука.

    Сега децата поинаку растат од времето кога ние растевме - по улици, сите посетуваат некакви активности, и таму се дружат. Јас сум за активности со движење - спорт или танцување. Всушност ќерката ја запишав во прво одделение на играорна, ама многу се разболуваше, па престана да оди. За јазици и слично не сум, барем не на оваа возраст бидејќи во целодневна цел ден се во училница, и им треба движење. Кога ќе почнат сами да шетаат можеби би ги запишата на некој јазик, или друга слична активност.

    Една активност дневно е повеќе од доволно, дури и многу е да имаат активности секој ден. Јас не би започнала со повеќе од една активност во едно полугодие, па и една годишно е доволно, затоа што нема потреба. Има време кога да научат се што треба и се што сакаат.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Иако не сум родител ќе се изјаснам(ми тргна со темиве)
    Која е идеалната возраст за едно дете да започене со свои слобдни активности (курс, спорт...) и кои би биле тие активости (јазик, часови за танцување :dance: , музичка школа :music: , спорт, информатика...)
    -Зависи од самото дете и колку е тоа склоно кон нештото, дали е темпераментно, на пример ако од мало е доближено со музика, спорт самото ќе пројави интерес ама над 6 години е најидеално според мене за започнување што било од слободна активност. Значи тука не ги вбројуваме активности од типот друштевни игри(одење во градинка), игри со коцки итн.

    Дали изборот за активноста треба да ја направи самото дете или родителот кој знае што е најдобро за своето дете? Што ако се судрат интересите на детето и желбите на родителот?
    -Најдобро е самото дете да го направи изборот зошто тоа ќе се занимава со тоа, а не родителот, така да ако е такаречено присислно запишано ќе му се одмили и нема да го прави со желба, ако се судрат(што е многу можно) пак нека биде на волјата на детето или нека оди и на двете, сепак секој родител потајно го гледа неговото дете некако, ама активностите најдобро да си ги одберат самите деца со дозвола од родителите.
    Дали е подобро детето да посетува колку е можно повеќе курсеви, тренизи и сл. или е попаметно да се насочи кон активноста која најмногу му ,,лежи,,!
    -Секако дека треба да се насочи најмногу кон таа што му лежи најмногу, ама ако тоа има афинитети(секако кога ќе е на поголема возраст) кон повеќе работи, зошто да не посетува повеќе, ама тоа да не му пречи во останатите обврски, да има време и за одмор и за дружба и за школо.
    Со посетување на курсеви што му лежат помалку се надоградува во повеќе области плус спортските тренинзи се важни за развојот и се на некој начин рекреативни и ќе му овозможат да ја истроши енергијата, а и ако се е усогласно со време и денови нема да му представува никаков проблем и 3 курсеви да посетува, ама со самата поголема посетеност на курсевите неговите обврски се зголемуваат па може и да му биде напорно. :tmi:
    Која е користа од слободните активности за децата во школска возраст? Дали е подобро да си го живеат детството па кога ќе потпораснат (пр. на 10 години) да се насочат кон активност за која покажуваа дарба, или е попаметно од помала возраст да имаат повеќе активности и обврски за да имаат организирано и правилно искористено време!
    -Убаво е да имаат обврски и активности од мали, ама до 10 годишна возраст на пример повеќе да бидат насочени кон слободни активности, друштевни игри, логички игри, прошетки во природа, играње во природа, па после постепено да се запише некаде, имам некаде читано дека идеална возраст за започнување на некоја професија(на пример за еден ден да биде успешен фудбалер или свирач на виолина или каратист) е токму десет годишната.
    Родители ви посакувам успешно воспитување на вашите деца. :up: :)
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Ариел ме интересира каде одите на пливање. Ова со дабл ефект, и за мама и за детето, е многу убаво. Јас истото го планирам, но незнаев дека е остварливо. Ева одеше на пливање од 4 год. и беше повеќеод супер за нејзе, се додека (како и се друго кај нас) непочна да се реновира базенот Карпош, па се префрливме на Олимписки. Таму луѓето водени од желбата за брза заработувачка и користејќи го монополот ( не и условите кои ги нудеа ...работеше само малиот базен), почнаа секојдневно да измислуваат и изнудуваат се поголеми влезници. Најпрвин беше 800 ден. за клубот и секој влез по 50 ден., за да денес таа цена изнесува 900 ден. за клубот и влезница од 120 ден. :o
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.213
    ^ Убаво е, ама скапо :)

    Во Карпош одиме, сега нели под управа на Борис Трајовски дооел.
    Месечно чини 2000 ден по лице, а може да се оди секој ден освен недела, само во одередено време, а термините почнуваат на секој час, од 17-20 часот. Во некои од термините има повеќе гужва, особено во 19.00, а во другите е полабаво.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    значи нај добро е да се следи интересот и желбата на детето,да не се форсира во нешто што не го интересира.јас лично сакам за малата моја да оди на пливање или атлетика или гимнастика,ама ја гледам многу ја интересира танцување,само да слушни музика и одма почнува да игра :D а исто мислам дека ќе сака да оди на некои боречки спорт оти само тоа сака да гледа на TV.па сега здравје само,нека наполни 4 години одма ја запишуваме на модерен танц (ballroom and latin dance) и на карате или џудо(јас сум EX-џудистка) :$ или несто слично.и јас се распрашав кои се идеални години за децата да почнат да се занимаваат со активности,и ми кажаа дека нај добро е од 4 годинки
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.213
    Јас мислам дека малку претерав со активности оваа година, особено ова полугодие, ама ќерка ми има желба за активности, ништо не е со сила. Сега не оси уште на се, ама од први март распоредот ќе и биде:

    - два пати неделно вежби на физикална - задолжително оди на вежби, не е прашање на избор туку нешто што ќе го прави додека порасне, ама навикната е зошто од мала оди, и сака да оди.

    - два пати неделно балет - многу сакаше да оди, јас малку го одложив одењето за да неи биде напорно, ама сепак сега ја запишав зошто имаше голема желба.

    - два пати неделно базен. Рече дека сака да оди и на балет и на базен. Јас и син ми секако ќе се запишеме, а цената за двајца или за тројца од исто семејство е иста (во двата случаи се плаќа 3000 ден месечно), па решив да ја запишам, а да доаѓа кога сака, без никакво форсирање. Иако сум прилично сигурна дека ќе сака да оди.

    И јас и таа сакаме да оди на уште милион други работи, ама не се постигнува :D
    Здравје, сакам да ја зпаишам и на кошарка - згодно е што имаат во училиште, веднаш после часови, само истите денови со балет е, и не сакам да ја преморам, а и многу се поти, не е за во зима...
    Исто така би ја запишала и на цртање и во драмско студио, многу сака да оди, двете се само по еднаш неделно, драмското е во недела, ама тој е единствениот слободен ден што го имаме, и мислам дека навистина ќе биде премногу.
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.213
    Деновиве многу ме мачи оваа тема, поточно како да се направи правилен избор на дополнителните активности на детето.

    Како родител, никогаш не сум на чисто како да ги насочам децата во изборот на активности. Кога би знаеле што ги интересира, супер би било, но верувам дека има многу деца што не се сигурни што ги привлекува. А како што на детската љубопитност и нема крај,сакаат да одат секаде и да пробаат се.

    Јас сум во дилема дали е поубаво да се насочат на нешто што нвистина им лежи, без разлика што е, или пак на нешто што би им пополнило некоја празнина во дневните активности или пак однесувањето.

    На пример, ако детето има трема од настап, да посетува нешто што од него ќе бара и јавни настапи, па ќе му помогне да ја надмине тремата (танц, глума и слично).

    Или пак дали да одат на некој спорт што не им е силна страна, со цел да го научат, или на некоја мисловна активност, ако повеќе им лежи тоа. Конкретната дилема ми е дали син ми да оди на кошарка (или фудбал), друштвени спортови кои машките доста ги практикуваат, или пак на пример на шах, цртање и слично, како активности кои му лежат.

    Според мене, спортот е многу важен и треба да биде дел од сечие секојдневие, па затоа се трудам да најдам спорт што ќе им биде интересен на децата. Тие не се цел ден на улица како ние кога бевме деца, па мораат некаде да се движат. Од друга страна, се прашувам дали грешам што воопшто им наметнувам спорт, а не нешта кои повеќе им лежат.

    Се надевам дека некој ќе сподели некое искуство или ќе даде совет.
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Ариел јас ќе зборувам од лично мое искуство.
    Како мала имав проблеми со искривување на 'рбетот,па следствено тоа морав да одам на вежби на физикална,два пати неделно.
    Таму одев околу три години.
    Во меѓувреме многу сакав цртање,па ме запишаа,исто и таму одев два пати неделно во период од пет години.
    Се запишав и на курс по англиски,во меѓувреме и на тоа поле бев активна,исто така два пати неделно.
    По извесно време се запишав и на играорна,но не се пронајдов таму,па одев само кратко време.
    Од оваа гледна точка искрено жалам што не сум посетувала групен спорт,како кошарка кој во исто време е многу добра основа за правилен раст и развој на телото кај децата,особено во периодот на раст,но и многу добар начин за групирање со други деца,социјалирзање,развивање на духот,како и исфрлање на негативната енергија.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Денешниве деца не растат како ние што растевме со играње на улица ( што беше одлично вежбање). Затоа треба малку да се потикнат децата на физичка активност. Синко мој оди на играорна 2 пати во неделата. Од другата година ќе го запишам на курс по странски јазик ( по негов избор).
    Инаку една работа што ни ја посочи учителката на родителска , а тоа беше дека голем дел родителите ги форсираат своите деца за вон школски актиности и децата покажуваат послаби резултати во школо. Од што се растрчани по активнсти немаат време за домашни и учење. Мислам дека донекаде е во право. Се треба да биде умерено.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.236
    Ново Лисиче последна 5ка, каде ги носите децата на курс по Англиски?
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.528
    Пол:
    Женски
    Моите ученици играат игри на телефон, фудбал, друштвени игри (Не лути се човече, Монопол, Домино, и др.). Размислувам да ги запишам да тренираат фудбал.
     
  13. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    2.211
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми од дополнителни активности посетува часови по латино танци и курс за изучување англиски јазик.
    Ова е засега нејзиниот избор, има спомнато дека сака да оди и на музичко, но некако не наоѓам време кога да го оствариме и овој момент.
    Курсеви ќе посетува се додека е тоа нејзин избор, на ништо нема да ја присилува, затоа што сметам дека се што се прави со љубов дава поголем фидбек.

    Дали можете да споделите искуство кои книги се подобри за изучување на англиски јазик, секако дека и наставникот игра огромна улога но битна е и материјата која ќе се обработува.
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    фудбал 2пати неделно, музичко и оркестар по 1 неделно...сега за сега и повеќе од доволно:)
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    676
    Пол:
    Женски
    Во Access во пролазот, јас не ја носам ама имам пријателка која е задоволна
     
  16. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.236
    Јас поминав два пати од таму кога беа уписи, затворени беа. Гледав на ФБ дека отвориле во Центар и помислив дека прекинале тука да работат.
    Ќе ги побарам на тел баш.
    Фала ти :hug:
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    На какво музичко мислите поточно? И јас барам нешто околу музиката па се мислам што и каде
     
  18. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    На какви активности ги носите децава, конкретно мојов е 6.5 год, прваче и освен за музика вака за друго не искажал афинитет/желба...не сакам дома да седи и вишокот време на таблет/тв да го користи
    Почна на 5 год со пливање ама ради наставникот се откажавме, малиов не го сакаше ради неговиот пристап, а реално мн убав спорт
     
  19. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Музичко училиште... инструмент каков што сака...Не сме во Мк,ама има музичко во сите градови во Мк,треба да се проба што му лежи на детето
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.737
    Пол:
    Женски
    Државни музички училишта има во скоро секој град. Лошо е што уписите има се некаде во Мај за идната учебна година. Приватни школи за музичко исто има неколку низ Скопје, а во другите градови сигурно има луѓе што даваат приватни часови.
    За прваче не ни мора нешто плус активности. Сеуште имаат интерес за играње и играчки. Само строго ограчничување на време поминато пред екран и мнооооогу строго мониторирање на сорджините што ги гледаат/играат онлајн ако им е допуштено онлајн да бидат.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.