Тоа со агресивноста и незнаењето како да се заигра или занимава себе си нема дасе реши со никаква структурирана активност (односно активности каде на детето некој друг му го организира времето и му кажува што кога да прави). Денот или деновите кога ќе оди на играорна ќе биде поуморен и веројатно помалку ќе беснее по дома.Кога ќе има слободно време пак ќе се врати на неговото оденсување. На помала возраст вниманието се тренира преку игра односно овозмжување на децата сами да најдат начин да им биде забавно. Тука на почеток родителот треба да одигра голема улога односно да најде игри/играчки кои го интересираат детето. Дали тоа ќе бидат коцки, боенки, правење нешто од пластелин, играње со колички/кукли, користење на материјали што се собираат надвор или нешто друго ќе треба сами да видите во согласност со детето. Трчање, скокање,играње криенка по дома, играње на музика и слично се нешто што треба исто секојдневно да се применува зашто развиваат и моторика и когниција (мислење).
Дали има некој искуство со балетското школо Арт балет во Карпош 4? Тоа ми е многу блиску, но сакам да слушнам какви им се професорите, часовите, програмата од родители кои имаат свои деца таму.
Од која возраст почнаа кај вас децата со вакви маски Се мислам да купам за големата, ама страв ми е да не е џабе давање пари. Под вода со очила задржува воздух и гледам интересно и е, па размислувам за вакво, барем на раат да диши под вода, ама немам престава како би се снашла. Има некој искуство?
Темава малку замрела. Има ли некој искуство со малац генијалац. Станува збор за пет и пол години дете кое има афинитети и желба за математика ( знае собирање,одземање и делумно множење) самоук е до сега, се што знае скоро сам или со моја мала помош ако побара. Зимава по секако не оди во градинка.
има тема за деца од 6 до 9 години не знам таму колку совети и идеи ќе најдеш. Може да бараш и во темата изработки на децата има идеи за активности
Мојот беше на демо час го определија за која група е. Он многу сака да оди,уште кога виде абакус, бројки, тефтерчиња светна во очињата. Одлучив да пробаме,па детето ќе си покаже. Мислев да не има некој веќе искуство па да сподели.
Мојата постара ќерка има 7 години и досега во слободно време не ја запишував на ништо бидејќи ми беше страв поради пандемијата. Мислам дека на коронавирусот веќе почнува да му се гледа крајот, па сакам да ја запишам на нешто. Оваа тема е за предлози и разменување на мислења каде даваат квалитетни часови и каде детето може да помине квалитетно слободно време, да му биде забавно, а сепак да научи нешто. На пример знам дека во Хиподром има јавање на коњи за деца, но мене лично не ми одговара, многу ми е далеку. На Англиски не би ја запишувала моментално бидејќи јас ја учам секој ден. Друг јазик доаѓа предвид. Пливање се мислев, но да видам летово можеби на одмор сама ќе научи да плива. Моментално се мислам помеѓу инструмент, јога и глума. За јога дали знаете (од лично искуство) каде се одржуваат часови за деца?
@Elen4e_sonce На таа возраст јас сум секогаш за спорт. Добро е за здравјето, за развојот, ќе троши енергија, ќе се социјализира, ќе научи дисциплина. Зависи детето за што е заинтересирано, да не испадне форсирање. Од јазици дефинитивно германски или некој од скандинавските. Од набројаните сум за глума за да се разбуди креативноста и фантазијата. Ако е музикална, зошто да не и инструмент. Јога ми е мех, и за деца и за возрасни. Да се прашувам јас, Brainobrain.
Мислам дека денешните родители премногу се опседнуват со баш оваа тема, а со тоа ги оптеретуват и децата. Од јавање на коњи, пливање, јога, до јазик, глума, ,, некаков'' инструмент итн. Има деца кои што од мали покажуват талент или голем интерес за нешто, кога го гледаш детето дека навистина го сака, го исполнува тоа нешто тогаш е во ред да го запишеш на дополнителни часови. Еден куп нешта и текнале на мајката,само и само на детето да му е целосно исполнето времето, а детето за што од оваа има изразено желба? На децата и треба физичка активност, спорт, дружба, игра. Ако детето само покажува интерес за некаков инструмент или јазик тогаш во ред, но вакво присилно форсирање на било што само и само да е запишано на нешто, јок. На крај краева не мора да биде запишано на ништо, слободното време минувајте го во природа, во парк, во маало со други деца... Зошто толку форсирања на 7 годишна возраст? Оставете ги децата да бидат деца, да си го поминат детството како деца, цел живот ке се преокупирани со обврски, не ги преоптоварувајте со ваши желби/идеи/замисли, без притоа детето да изрази желба за тоа.
Па ако се поплнува слободното време со активности, тогаш тоа веќе нема да биде слободно време... затоа внимавајте да не го задушите слободното време на детето потребно за игра и одмор со прекумерни воншколски активности. Обрнете внимание кон што покажува детето искрена склоност. Ако сака да се изнарипа, размислете за аеробик или зумба. Таму се вежба со играње и многу музика. Часовите траат околу 50-60 минути со повремени паузи. Што е најубаво, може било кога да се приклучи, доволно е само да ги гледа инструкторите и да ги имитира. Учење на странски јазик, без разлика дали е англиски, германски, руски, јапонски, турски, албански или некој сосема друг е паметна инвестиција но битно е да нема присила и во тоа школо за јазици односно со наставникот кој ќе ги држи часовите на детето (ако доаѓа дома) да му е интересно. Слично важи и за учењето инструмент.
Претпоставувам оди во школо со физичко присуство. Во школо има ли некои активности што се нудат,иако сега е лош период за почнување бидејќи школската година завршува. Ако има однесете ја на по еден час на се што нејзе ја интересира, да види вистински што се работи таму, па сама ке покаже што да ја запишете. Јас многу сакав син ми да оди на играорна, маж ми одел како дете и многу шетале со групата, ама тој одбра спорт. Јас сум задоволна зашто и тој е, сеуште се бави со спорт сега има 10г.
Лично моето дете не оди со физичко присуство бидејќи ми беше страв со пандемијата. Темава не е да навлеземе дали мојата одлука е исправна или не, сепак јас го познавам моето дете и знам колку слободно време има и дали ми е паметна одлуката. Темата е да се споделат искуства, од каде сте задоволни, од кои курсеви, од кои часови? Бреинобреин добри се од искуство? Бидејќи вака на хартија сите се НАСА.
Инаку не знам дали сте запознати со студиите, колку помало едно дете почнува да учи нешто, толку подобро ќе го совлада, до степен да може и како вродено да му стане. Било да е тоа спорт, јазик, шах, итн. Јас англиски сум почнала од најмала возраст и многу сум им благодарна на моите родители за тоа. Сепак, секој со своите одлуки. Јас лично сметам дека боље е да оди на јога и на глума отколку да седи на јутјуб тоа време.
Пријателка беше 'учителка' таму (имаа некој назив за позицијата) пред неколку години и нејзините деца ги носеше. Од тоа што го слушав од неа многу ми се допадна програмата. Немам искуство лично, можеби има некоја мајка на форумот да сподели.
Синот тренира кошарка во салата на Школото Партение Зографски, има и женска екипа,ако сте заинтересирани пишете ми во инбокс за други инфорамции. Бреинобреин се ок, одеше една година мојот во кисела вода. Задоволна сме.
@Elen4e_sonce на крај година ретко ќе најдеш нешто. Сите завршуваат со активности. Нови групи запишуваат во Септември. Можеш да најдеш летни кампови за деца. Тоа не знам каде. За да не дреме на компјутер секој ден надвор. Минимум два саати. Таму најдобро ќе се истрчам, изнакопа земја, направи маџи од кал и слично. Неструктурирани активности се најдобри за таа возраст особено за лето кога нема формални обврски од школо. Од Септември мисли на што ќе ја запишеш.
Јас сметам дека е најдобро детето што го влече и што сака, никогаш не сум за форсирање. Мојот ептен сака фудбал, и да гледа и да игра, а и го бива, и го за пишавме на фудбал. Уште во градинка ми викаа да го запишам на спорт, само што они ми предлагаа ракомет или кошарка, дека бил јак на рака, но ние се одлучивме за фудбал бидејки сепак треба и детето да има желба за да присуствува и да игра со љубов