Багминтон. Поубав спорт амин, понатака на училиште може да се надоградува, да оди на натпревари и слично.
За друг јазик сметам дека сè уште е мала. Штом само 7 години има, доволно и е убаво да го научи на училиште мајчиниот македонски јазик и еден странски јазик - англиски. Штом и покрај наставата, ја учиш и дома англиски уште подобро за нејзе, за полесно да го совлада и научи. Но, на 7 години тоа е сосема доволно кога станува збор за јазици. Доколку изразува желба за музички инструмент или за играорна, ти го препорачувам Детскиот културен центар Карпош (поранешен Пионерски дом Карпош). Имаат и други секции: Еве ти и линк повеќе да си прочиташ: https://www.dkckarpos.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=49&Itemid=37
А што има врска ако се научи да плива со спортот пливање? Ако научи не би ја носела на пливање? Син ми научи минатата година на 5г да плива во домашниот базен и во Охрид, а оди на пливање во Борис Трајковски од годинава. Супер спорт е пливањето, можеш да ја запишеш и да знае да плива Синчето ми е 6г сега, оди само на пливање.. Го запишав на пливање затоа што многу брзо расте и многу е висок за возраста и ми е страв за рбетот. Понатаму би сакала да го запишам на кошарка, затоа што има предиспозиција да биде 2+метра и тој спорт најдобро би му одговарал Но секако зависи и од желбата негова.
Може и одбојка Мене повеќе ме влече кошарка, па тоа прво на ум. Мене како помала ме молеше татко ми, не сакав (демек машки спорт, нешто во глава којзнае што имав), а како пораснав многу ми беше криво што не сум го послушала...
Според мене, спортот е најубаво нешто. Подобро уште од мали да почнат со некој спорт, ќе се истрчаат, ќе имаат повеќе енергија и многу поинтересно ќе им биде кога после училиште можат да се релаксираат со она што го сакаат. Напоменувам, она што го сакаат, мислам дека прво децата треба да изразат желба за такво нешто и да не бидат присилувани на ништо, притоа воопшто да не гледате машки или женски спорт било, ако го привлекува детето нека си тренира слободно. Ќе се сложам со некој погоре што пиша дека е малку рано зза повеќе од 2 јазика на таа возраст.
И јас мислам дека е рано за некој јазик да учат. Мојот син е 6 год, има многу интерес за англиски јазик. Го интересира да гледа цртани на англиски и ги разбира буквално ми ги преведува. Сопругот работи со странци па често зборува по дома англиски и така и синчето почна да зборува. Кога го запишав на училиште на прашањата од комисијата одговараше и на македонски и на англиски тие ми рекоа да не го скратува и бранам да го учи. Имам и помал син 4 год и тој сака да учи англиски ги знае боите да брои некогаш изговара и реченици тоа што слуша од братчето. Искрено сум против сеуште се мали но неможам да им ја скратам желбата да го научат
За активности на улица е прва и последна, на сите е другар, трчаат нон стоп, кога шетаме не оди со нозе или е на ролери или со велосипед. Секаде кај што можи било дрва, било играчки во паркот се качува се врти секакви акробации, самоука. До сега не ја убедивме да го насочи вниманието на една активност. По стручно. Не ја форсирам само пробав неколку пати со разговор да ја убедам. Досега неуспешно. Англиски одеше ама се откажа. Дома работи со мене и е многу добра. Се надевам од есен ќе се смени, зошто може да биде добра ако се одлучи на некој спорт. Всушност не знам дали е време веќе да се насочи на нешто или да ја оставам да лудува на улица.
Јас сум за што помала возраст. Време за играње секако има, голем е ден. Наместо да седи пред компјутер, поарно нека прави нешто.
@irena.1 И јас сум заинтересирана за малац генијалац. Какво е твоето искуство, дали си задоволна од програмата?
ЗдравоДали ке може да ми кажете дали има детски фестивал каде што можеш да танцуваш или пеење во хор?
И мало дете може само да одбере што сака да прави, не мора да чекаме до тинејџ возраст. Ќерката на 6г изрази желба за балет. Сака, носам.
Детето треба да се насочи, сметам дека стекнувањето навика од мали нозе за спорт и вежбање е многу важна! И да не побара, треба да му се понуди да проба нешто. Мојата од 5 год плива, сега е 7. Почнувам и малата (3 год) повремено да ја носам, кога имаат услови со 2ца тренери на час, зашто мора некој со неа да влезе во базен. Кога веќе нема да сакаат ќе ги насочам на друг спорт. За јазици сметам дека има време, не е зорт. Наместо после училиште пак да седи во клупа на курс, нека оди да спортува. Според мене преважно! Детето психофизички се развива и стекнува навики за здрав живот и самодисциплина.
Е како да не. Ние оти трчавме по улици по цели деној, 'ненасочени' останавме. Ова со курсевиве е 'нова мода'.
Дете кое од 8 до 16 часот е во училиште, мислам дека е напорно за него да го носиш на дополнителна активност. Единствено што во вакви услови за дете до 10 години сметам дека е добро е секојдневна прошетка на отворено, возење велосипед , тротинет, ролери, па и обично пешачење. На 8 часа задолжително носење маска, да го однесам на германски, англиски, математика....стварно е малку претерано. Ова зборам за СЕГА, За понатака, кога ќе ја снема короната, ќе видиме...
Не е нова мода. Во мое време тие родители што можеа да си дозволат ги запишуваат децата на спортови и курсеви по јазици. Разликата е што сега има секакви курсеви, и битни и небитни, колку да се земат парите на родителите. Зошто некој што може да си дозволи да го остави детето да си криви 'рбет во клупа и пред компјутер, и да расипува вид. Подобро да му се пополни времето со некој спорт, еднаш-два пати неделно. И не ти го разбирам тоа дека си останала "ненасочена". Ако сметаш дека не е важно, задоволна ли си од сопствениот психофизички живот?