Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слободни активности за деца над 2 години

Дискусија во 'Дете' започната од danichap, 24 октомври 2017.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе никој шо го знам не одел по курсеви, па повеќето и факултети завршија и работат за големи плати.

    Ново е.
    Барем по мое гледање на времето.

    Ќерка ми сама се научи да плива, од одење по викенди и одмори.
    Не треба школо за то, само трпение и да му помагаш ако сака.
    И јас и маж ми и брат ми и брат му... сите така научивме.

    А колку пати сум гледала како родители ги форсираат децата да одат на се' и сешто
    Па не сакаат да одат, па квичат, па плачат, па некои и ќотек јадат, оти родителите 'толку инвестирале во нив' (facepalm)

    Цел ден им е ангажиран во затворен простор.
    Кога беа основно, скоро цел клас беа со престој и после тоа уште некој курс.
    Излезени од 7 сабајле, се враќаат во 7 навечер.
    Мене то ми е исто ко да си го бркаш детето од дома.

    Ќе го изнесиш навечер, ќе се изнатрча.
    Не мора да биди кореографирано трчање и скокање.
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    31.428
    Пол:
    Женски
    Во наше време курсевите и се останато почнуваше многу покасно од сега. Јас одев на курс по англиски и на музичко. Музичко и курс почнав во второ одделение. Тогаш на 6 и пол до 7 се тргнуваше на училиште значи курсеви, активности итн почнуваат од 8 години нагоре.
    Сега отидов да прашам во Луј за запишуцвање на прваче во Август и будала ме направија што не сум го запишала во Април/Мај тогаш биле уписи,па требало подготвен да оди на приемен испит па не знам што. После разбрав дека родителите од 3/4 години ги спремаат децата за упис во основно музичко. Комлетно лудо и непотребно. Дете на 3/4 години треба да трча и да игра не да се спрема за музика зашто мама и тато или баба и дедо така сакаат. Ако е мнгоу музикално ќе се примети од активностите што ги прави самостојно. Ама ако не е тогаш дефинитивно не е избор на детето туку на родителот. А вака тренирани мајмуни да извиниш нема да донесат ништо позитивно за никого. На 8 години веќе знаев дека сакам да научам да свирам на инструмент. На 6 години ако некој не е ептен талентиран за нешто малку потешко дека знае што сака. Девојчиња обично сакаат да бидат балерини (заради фустани и сличност со принцези), а машки сеуште сакаат да бидат или градежници, полицајци или супер-херои или палеонтолози. Има разлика меѓу дете од 8 години да реши што ќе посетува или еве дете од 6 години и дете од 3/4.

    Насочувањето на детето сепак треба да биде според афинитетите. Еве јас никогаш не сум била по спортот. Едноставно не ме бива за спорт. Сознанија за здрав живот, истрајност, упорност, трпеливост тразвив и покрај тоа. Во средно одев на фитнес со другарки, потоа сама вежбав дома, па одев на јога и сега пак сама вежбам дома. Зашто знам дека така треба и дека физичката активност е битна. А знам зашто секој викенд одев со моите или да работиме во лозје или да шетаме по планини. Сите заедно како семејство. И така се учи дете на важност од физичка активност не само од платени активности.

    Инаку сега имам прваче. Оди само на курс по англиски два пати неделно веднаш после часови од 3 до 4 зашто секако мора да остане во школо до 4, а наставата завршува во 3 па да се занимава со нешто во тој саат време. Има опција да оди и на кошарка во тој период ама сам вели дека не сака да оди. Исто како мене не е спортски тип (најспор е во маало, претпазлив е да не се повреди и е едниствен што уште има помошни на точакот). Ако не сака ОК нека не оди. Затоа сме секој викенд сме некаде излезени во природа по планини и слично, знае дека откако ќе заспие дома јас сама вежбам. Знае од дома што треба да јаде што не е баш здраво (дури на третата недела во школо зфатил дека на лебот има зденка, а не путер со мноооогу сол како што мислеше зашто зденка дома не чуваме). Сега за сега најбитно му е во животот да излезе надвор на игралиште и да се изнаигра со другарите. И знам дека таквата слободна игра е незаменлива за развој на дете па нема да му ја кратам барем во прво одделение. Од второ понатаму ќе видиме. Ќе се прилагоди на школо, ќе види што му лежи па ќе можеме заедно да решиме што ќе прави. В

    Инаку како што кажав мене никој не ме форсираше дека морам да одам. Музичко ептен сакав па одев до крај (на крај ме молеа да продолжам во средно ама не сакав), а од курсот англиски се откажав после третата година кога сфатив дека и на школо ќе имаме англиски и така ќе учам. Научив и повеќе од доволно до 8 одделение и сама патував до САД на 15 години. Подоцна напишав и докторат на англиски змеја од англиско говорно подрачје. Курсот помогна донекаде, ама побитно е кој што сака да прави и колку е упорен и истраен, односно колку тие особини ги развил со тек на време, кој примери дома ги гледал и колку родителите биле „строги“ (односно какви критериуми за тоа што е прифатлив исход од некаква активност поставиле), а не дали некој посетувал милион курсеви или организирани спортски активности за да не дреме на компјутер/телевизор/таблет/телефон.

    Организиран спорт во мојот живот немаше. И пак сум ОК со животот. Отсекогаш бев повеќе мислител.
     
    На 24.07, mariz, Benanew и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    во првата реченица викаш не знаеш никој таков што одел на курс, а подоле цел клас седеле по курсеви.
    Ај реши се пред да ја тролаш темава колку да си интересна
     
    На Leo_29 и mariz им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не знам луѓе од моја генерација кои оделе на курсеви.
    Тоа подолу, е за денешните деца.
     
    На My litle pony му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.226
    Допаѓања:
    76.221
    Пол:
    Женски
    Според мене убаво е да се оди на некој спорт за правилен развој на телото. Секако дека ако не сака, нема да се форсира... Син ми сам сакаше пливање и оди од 5г. Малата сеуште не пројавила желба за ништо, не ја форсирам. Не сакала ништо да вежба, ниту да плива, сакала да седи дома со мене :D (4г во Ноември ќе прави). Многу сака да игра хип хоп, ама не сакала да оди со други деца да игра, само дома сама :lol: Може понатаму ќе се премисли, па ако пројави желба да ја запишам, ќе ја запишам.

    Леле ова морам :rofl: Не сакала да вежба зошто мнооогу било тешко да се вежба, уморна ќе била :rofl:

    За курсеви како англиски, математика и такви работи мислам дека би ги запишала доколку има потреба за тоа. Син ми прваче е, гледам дека супер совладува се до сега.
     
    Последна измена: 4 октомври 2021
    На 24.07, Coco31, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Од која возраст е дозволено на пливање да се носи? Мал е мојов ама гледам од најрана возраст каде можам да го запишам за да троши енергија :) ми спомнаа за гимнастика можело и од 3 години ама повеќе сум за пливањето. :)
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Па најмали што гледам се 4 години зашто во принцип на таа возраст веќе убаво разбираат команди, иако мене ми дозволија и малата да ја носам која е три години. Е сега, за нејзе мора да има секогаш по 2 инструктора на час, за да ѝ се обрне внимание и едниот да влезе во базен.
    Значи сепак после 4 год е идеално.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    31.428
    Пол:
    Женски
    Мало дете троши енергија со играње надвор или играње по дома. Организирани активности каде што треба да прати команди се за поголеми деца.
    За мало дете, топла облека, добри чизми (за дожд гумени, за снег убаво поставени и водоопторни) и игралиште. Секој ден по два пати. Или ако оди во градинка обавезно попладне. Скокање во вирчиња, качување, копање во кал се начини да го осознае светот и да потроши енергија.
    Дома вртење во круг, одење по права линија, одење преку пречки, препирување јаже (на под прво па да се мрда потоа).
     
    На Brpbrp и Jana06 им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Китен, каде ги носиш на пливање?
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Во школото Димитар Миладинов во центар. Клубот е ПК Младост.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.742
    Пол:
    Женски
    Јас сум генерација на Вајлд,одев цело основно и средно на спорт, на одбојка ,англиски не знам дали имаше тогаш.
    Сметам дека има разлика од одење на разноразни курсеви со одење на спорт.
    На спорт е многу убаво да се насочат да одат од најмала возраст.
    Кај мене двете се антиспортисти,големата малку одеше на одбојка,малата за жива глава на ништо не сакаше.
    Свиреше на клавир на 4 год. баба и ја научи,страшен слухист е,но и музичко не сакаше, па не отиде,талентот и пропадна.
    На спорт секогаш би терала дете да оди.
    Од тоа само корист има,штета никаква.
    Англиски одеа од 3 одд.малата многу кратко (и тоа не сакаше) а стана државен вицешампион во 7 одд по англиски.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    Потполно си во право. И тука читав немало потреба си трчкале децава. Трчкање и движење на сите мускули при спорт ии танц не е исто. Развивање моторика, зацврстување, концентрација итн не се добива со трчкање во паркче или по дома
     
    На danichap, mariz и Cosmi им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Англиски научи паралелно со македонски.
    Затоа што дома зборуваме англиско-македонски и гледаме исклучиво странски канали на телевизија.
    За шо ќе и' е курс?

    И ко ќе трчкаат надвор им треба координација, оти ако ја немаат ќе паѓаат и ќе се удираат.

    Мо-да.
    Ништо друго.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.226
    Допаѓања:
    76.221
    Пол:
    Женски
    Според наставник по англиски јазик, нема потреба да одат на курсеви пред да научат латиница. Инаку за зборување и син ми на 6г супер зборува англиски и дури преведува цели реченици од мак на анг. Е сега незнам како ќе му биде кога ќе учи и граматика, ако има потреба тогаш ќе го запишам. Он од 2г веќе беше многу заинтересиран за англискиот јазик и паралелно многу зборови на македонски ги знаеше и на англиски, како и боите и броевите. Малава па не е толку заинтересирана и за англиски, но за други работи па е подобра од него. Секое дете различно :)

    Е за пливање сакам да оди и она, па мислам од пролет ќе се согласи ама ќе видиме. Сепак нема сеуште 4, брат и почна од 5. Па и до 5 да не сака, нема да ја терам...
     
    На minne992 и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Не мора да биде англиски, може да биде било кој друг јазик. Еден јазик, еден човек.
    А за спорт не сакам ни да коментирам какви бенефити може да има.
     
    На AlicaInWonderland и Brpbrp им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Имам проблем со компетитивни спортови.

    *Додуша, кој како си мисли, така нека прави.
    Тоа што е за мене waste of time and money, не мора да е и за вас
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Каков проблем?
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Спортување е убаво, кога е заради физичко здравје, натпреварувачките спортови ми се рамни на глајдијаторски борби.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.226
    Допаѓања:
    76.221
    Пол:
    Женски
    Па баш ќе се труди да е подобар и подобар, а со тоа и за него ќе е поубаво. Убава мотивација се натпреварите. Не гледам ништо лошо јас во нив :?:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Пристисок.
    За мене е само непотребен притисок.
    Со акцент на 'за мене'