Смешно е малку, но бидејќи тиндер не функционира најдобро да се обидеме вака, а и монотонија ќе разбиеме Дали има слободни девојки на форумов? Јас сум момче, 26 години.
Форумите не се сајтови за запознавање,туку места за дискусија.Ако бараш девојка на интернет,тогаш си го погрешил сајтот.Има други сајтови за запознавање,не е само тиндер,исто и социјални мрежи.Така што мислам дека темата нема смисла.
Неможеш така да збориш. Од каде знаеш каде ќе го сретнеш човекот на твојот живот? Нема правила по однос на тоа.
Во ред,знам што сакаш да кажеш,но мислам дека не си ме разбрала бидејќи сакав да му кажам на дечкото дека за запознавање на девојки преку интернет си има посебни сајтови за запознавање и социјални мрежи.А,форумите не ја нудат таа опција за партнерско запознавање на интернет,само може евентуално другари нови да се запознаат,но,сепак,таквите случаи не се многу чести поради анонимноста на форумите и поради тоа и форумџиите не сакаат реално да се запознаваат со другите форумџии дури ни во другарска смисла бидејќи анонимноста на форумите им нуди можности за слободно искажување на сопственото мислење,башка и што на форумите има многу расправии и недоразбирања поради анонимноста и меѓусебното непознавање помеѓу форумџиите.
Искрено кажано, познатствата преку мрежи, се чист ризик. Тастатурата трпи се. Ќе ти се претстави ваков, таков, а всушност нема ништо врска од сето тоа, така да најдобро е да си останеш само на чат.
Да,но,сепак,во денешно време не е мал бројот на оние што се запознале преку сајтови за запознавање и социјални мрежи затоа што тоа е еден од начините за запознавање на нови луѓе и нема врска дека тие таквите биле очајни или дека им фалело нешто.И постои и опција ,,Блокирај го корисникот,, и ,,Жали се на корисникот,,.Е сега,не знам на Скајп дали можат да се блокираат и да се бришат корисниците или,пак,да се жалиме на корисниците,немам Скајп.Јас немам ништо против овој вид на запознавање,како што и ти кажа погоре не се знае што носи животот,а на тие сајтови има многу луѓе,па ако еднаш не се погодило,може другпат ќе се погоди,а за екстремните случаи постои полиција и суд.Само сум против членовите коишто на ваков начин ги злоупотребуваат форумите,но таквите можат да се пријават на администраторите и подоцна да бидат банирани.
Дечки све супер, но ова не е злоупотреба. Можеби јас не сум единствен овде, тоа сакам да кажам @Vesna24 благодарам за поддршката
@tmpboy во ред,сме се разбрале.Ако сакаш можеш да останеш да продолжиш да дискутираш и на другите теми на форумот!Новите членови се секогаш добредојдени!