1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Словенска митологија

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од mence91, 6 март 2011.

  1. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Би можеле малку да продискутираме и на оваа тема, нашата митологија е малку заборавена под налетот на холивудските влијанија. Па така не ретко се случува повеќе да се знае за грчките Божества и Митови а скоро ништо за Словенските.
    Ако имате нешто да споделите пишете го на темава

    Севишен - словенски бог,Космички Апсолут кој ги обединува сите богови и целата Вселена во една целина.Името на Севишниот е - ОУМ.Сите останати богови се манифестации (хипостаси) и субличности на Севишниот.

    Што е хипостас?
    Хипостас е - одредена функција (улога) во одреден временски интервал.
    Тоа е најдобро да се објасни со аналогија.Човекот е човек.Но човекот зеде плуг - и постана орач,не престанувајќи да биде човек.Почна да сее - тој е сејач,почна да кова - тој е ковач,свири на гитара - тој е гитарист,чита книга - тој е читач.Орач,сејач,читач - тоа се хипостаси на еден ист човек.

    Така се и сите богови хипостаси на Севишниот.Разликата е во тоа,што човекот не може истовремено да обавува повеќе работи и да биде истовремено и орач и бравар и пекар,додека Севишниот може.

    Што се субличности на Севишниот?
    Севишниот не е Апсолутно добро.Тој обединува се’:и добро и зло,и љубов и омраза,и живот и смрт,и градење и рушење,и се’,целиот Космос,сите богови.Тој е апсолутен.Тој е над поимите добро и зло.Доброто и злото за Него се само субличности,Негови средства за управување.За Севишниот злото е неизбежен елемент без кој не е можен хармоничен развој.Но Тој го следи односот на доброто и злото и циклично ја регулира таа состојба.

    Сите богови - тоа се ’’раце’’ или ’’инструменти’’ на Севишниот,со чија што помош тој управува со светот.Но тие ’’потпори’’ не се пасивни,тие имаат сопствена слободна волја,тие се субличности на Севишниот.Затоа е невозможно да му се поклонува на Севишниот,не укажувајќи пат кон него,бидејќи тоа означува поклонување одеднаш на сите богови,вклучувајќи ја и Сатаната.

    Можно е поклонување на Севишниот само преку конкретни начини,на пример преку светлите Богови:Сварог,Перун,Велес.

    Род (аналогија му е Брахму во хиндуизмот) - во словенската митологија е првобитно изразување на Севишниот Апсолут,творец на целиот свет.До неговата појава целиот Космос се наоѓал во состојба на ’’непостоење’’ (во хиндуизмот таа состојба се нарекува Парабраман),т.е. немало ни богови,ни материја,ни простор,ни време,ни видлив,ни невидлив свет.

    Род е двополов бог,кој има во себе и машки и женски почеток.Род е татко на боговите,Род е и мајка на боговите.Потоа Род го издвоил од себе одвоениот машки почеток - богот Сварог,и женскиот почеток - божицата Лада.

    Од својот лик,Род го створил богот на сонцето,исто така и светата Крава Земун и козата Седун.Од нивното виме се разлеало млекото и така настанала нашата галаксија која до денес се нарекува - Млечен Пат.

    Род ја створил и Светската Патка,која изродила многу богови - демони.
    Основна функција на Род е - раѓање.Тој учествува во сите раѓања,вклучувајќи го и раѓањето на секој човек.

    Оттука води потеклото на зборовите:родители,роднина,родина(татковина),народ,природа(при Род),плодород(плодови на Род),родник(извор),порода(раса),водород,јаглерод,кислород...

    Кога се раѓа човек,неговата намена се запишува во книгата на Род.Таа книга не се наоѓа на едно место,таа е разделена,таа е запишана во самиот човек,во секоја негова станица во вид на генетски код.Кога за новородениот човек Род ја пишува таа книга,половина од генетските информации ги зема од таткото на детето,другата половина од мајката (генетичарите тоа го нарекуваат наследство).А понекогаш Род додава нешто и од себе (генетичарите тоа го нарекуваат променливост).Кога кај човекот се појавуваат позитивни особини,кои не биле ни кај таткото,ни кај мајката,тогаш се вели:тоа е од Бог (а може да биде и од ѓаволот)
     
    На theowndemon и Dabria им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Митологијата е исто интересна работа,меѓутоа ние немаме словенска митологија,имаме македонска,иако доста да речам популарна во литературата е грчката,покрај римската,египетската итн.Иако и е поврзана со историјата,малку е комплицирана за истата да се говори,дебатира.Доколку веќе се мисли на словенска митологија, тоа е сосем друго,меѓутоа незнам за словенската митологија и нејзиното значење, распостранетост итн. :)
     
  3. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Јав - во словенската митологија Јав е реална хипостазија на битијата.Нејзината персонификација е објективен,реален,видлив,материјален свет,т.е. она што е надвор од човечката личност.Оттука потекнуваат зборовите ’’јавно’’,’’јаве’’,’’јавување’’,’’појава’’...

    Нав - претставува нереален,нематеријален,задгробен,невидлив,хипотетички свет.Душата на покојникот после смртта заминува во Нав(Рај).Етимологијата на зборот ’’рај’’ сеуште не е решена,но тој секако им бил познат на Словените,пред да го примат христијанството.Овој рај бил место на праведни и добри души,а местото каде што заминувале злите души се нарекувало П’кл’(Пекол).

    Прав - во словенската митологија Прав е потенцијално правилна хипостазија на битијата.Прав е состав на севкупни закони и правила,кои ги востановил Сварог,по кои што треба да живее правилно секој човек.Да се живее по Прав - тоа значи правилно мислење,правилно говорење и правилно работење.Оттука потекнуваат зборовите ’’правда’’,’’исправен’’,’’правила’’,’’правилен’’,’’праведен’’...
     
  4. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Сварог

    Сварог е едно од највишите божества во словенскиот пантеон.Тој не е моќен како некои други богови,како Перун на пример,но затоа е сметан за господар на боговите.Се сметал за инкарнација на Род.
    Сварог е татко и креатор на боговите.После Род,тој продолжи со создавањето на светот.
    Поставил дванаесет столбови на кои после го потпрел небесниот свод.Ги исковал ѕвездите.Ѕвезденото небо е всушност тркало кое го движи Свароговиот брат Перун,и содржи дванаесер зодијака,кои симболизирааат дванаесет главни божества.Го искова Сонцето и го постави на небото.Према легендата,кога Сварог завршил со создавањето на светот,ја однел својата жена божицата Вида(по некои легенди неговата жена била Лада)на Земјата да и го покаже своето дело.Додека Сварог се восхитувал на своето дело,Вида заспала под гранките на некое стебло.Сонувала како по светот чекорат суштества слични на Сварог и неа.Кога се разбудила,му кажала на Сварог што сонувала.
    Сварог и одговорил дека и тој размислувал управувањето на светот да им го препуштат на земски суштества налик на нив.Сварог отишол до едни две стебла и од нив направил луѓе.Тие луѓе биле неми и без живот.На едниот Сварог му вдахна живот,на другиот Вида.Од дабот на кого Сварог му вдахна живот постана маж,на кого му даде име Дубравко.Од липата на кога Вида и вдахна живот,постана жена,на која и даде име Љубљанка.
    Сварог им намени должност да начинат потомство кое ќе живее на Земјата и кое самото ќе си ја крои својата судбина.Така Сварог заврши со создавањето на светот.Сварог ја искова првата бурма за брачниот пар и со тоа стана заштитник на бракот.Ги научи луѓето како да го обработуваат челикот.
    Сварог се нарекувале уште и Вишен или Севишен.Претставува господар на боговите и управител на вселенскиот поредок.Тој е господар на Сварга.Swarga на санскрит значи небо,рај,ниско небо.Кај словените Сварга претставувала нешто како свет на боговите и мртвите,слично на нордискара Валхала.Исто така се споменува Ириј како дел од Сварга,што претставувал рај,односно градините на Сварга.
    Симбол на Сварог е Коловртот - Словенска свастика со осум краци.
    Ден посветен за Сварог е Вторник,а најзначаен празник посветен нему е 24ти Декември.Постои теза дека празнувањето на Бадник и Божик е избрано баш на овие денови бидејќи било невозможно да се искорени овој празник кај Словените,така што бил заменет со друг,за Христијаните исто толку важен.
    Во Сварог словените често се колнеле и тој збор морал да биде исполнет.Зборот даден на Сварог бил многу поважен од зборовите дадени на некое друго божество.Можеби затоа што Сварог сепак бил чувар на редот,како на небесниот така и на земскиот.
     
  5. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    ПЕРУН

    Перун е бог на молњата и врховниот бог во словенската митологија. Бил асоциран со планините, дабот, орлите, како и со оружјата и војната. Имал секира (или чекан) и ја фрлал по лошите луѓе, и секогаш му се враќала.

    Етимологија

    Името Перун доаѓа од индо-европскиот корен перк, што значи удира (од истиот корен доаѓа и зборот перкусија). Наставката -ун го означува извршителот на дејството, па така Перун би значело оној кој удира.

    Освен Перун, тој е наречен Пјорун (Piorun) во Полска, а сличен бог може да се најде помеѓу Балтичките народи како Перкунас, а кај Финците богот Уко уште се вика Перкеле.

    Името на Перун останало и во голем број топоними како Перуновац, Перуни Врх, Перуничка Глава и други. Најголем дел од овие претставуваат планини (Перун бил асоциран со планините), но во средниот век одредени дабови, шуми и села биле наречени Перун. Перуниката исто така го добива името по Перун.

    Извори

    Од сите словенски богови, најмногу историски извори има за Перун. Првпат се спомнува во De Bellum Gothicum на Прокопиј, каде што пишува дека јужните словени веруваат дека има еден бог, создавачот на громовите, кој владее над сите други богови. Неговото име не е изнесено во текстот, но самиот факт дека во некои словенски јазици самото име Перун еволуирало во збор за молњата е доволен доказ дека се мисли на овој бог.

    За првпат името на Перун се спомнува во Хрониката на Нестор. Во неа, Русите даваат заклетва пред Перун и Велес. Имено, ако ја прекршат заклетвата, тие веруваат дека ќе бидат казнети од овие богови. Велес казнува со смрт од болест, а Перун ја претпочита војната како начин на казнување.

    Перун бил меѓу другото громовник и бог на небото. Тој бил бог на таканареченото „ниско небо“, додека со „високото небо“ владеел Сварог. Во неговиот домен биле облаците, громовите и дождот.

    Перун исто така имал двојна улога како бог на војната. Според Велесовата книга, оние кои умираат во битка живеат засекогаш во неговата војска. Инаку, речиси сите учени ја сметаат Велесовата книга за фалсификат од поново време и нејзе не и се обрнува никакво сериозно внимание.
    Перун како громовник

    Најважна улога Перун играл како громовник. Се верувало дека неговите громови биле всушност камења или стрели кои тој ги користел како оружја[1]. Некои камења биле сметани за остатоци од нив и биле нарекувани Перунови стрели. Се верувало дека биле заштита од непогоди, несреќа, клетви и (доста природно) од громови. Слично на нордискиот Тор, Перун јавал во битка на својата кочија, а вртењата на нејзините тркала предизвикувала грмотевици.

    Обожување

    Четвртокот бил ден посветен на Перун. Ова е тренд кој се појавува и кај другите индо-европски народи. Четвртокот секогаш бил денот на громовникот. Доказ за ова претставуваат и имињата за четвртокот во некои јазици:

    * Donnerstag (германски) - доаѓа од германскиот Донар (Donar)
    * Thursday (англиски) - доаѓа од нордискиот Тор (Þórr)
    * Jeudi (латински) - доаѓа од латинскиот Јупитер (Jupiter)

    Бидејќи бил асоциран со дабот, храмовите и светилиштата на Перун често биле градени под стари дабови. Во овие храмови се принесувале и жртви. Се жртвувале бикови, говеда, овни и други нешта. Според некои извори, на Перун жртвувале и воени затвореници, најверојатно еднаш годишно, за време на неговата слава. Храмовите на Перун секогаш се граделе на ридови, планини и други високи места. Исто така, храмовите на Велес секогаш биле градени на ниски места. Симболиката на ова е многу јасна - Перун како небесен бог бил обожуван на високо, додека неговиот противник Велес како бог на подземјето бил обожуван на ниски места. Исто така било обичај идолите на овие два бога никогаш да не се ставаат на исто место. Така, кога рускиот владетел Владимир I изградил монументални статуи на словенските богови во Киев, статуата на Велес била подалеку (и подолу) од другите, помеѓу кои стоела статуата на Перун.

    Во словенската митологија (како и во нордиската), светот е претставен како џиновски даб, чии гранки се небото, стеблото - земјата, а корењата се подземниот свет. Перун седел на врвот, често претставен како орел. Во корењата живеел Велес, кој владеел со подземниот свет. Велес бил непријател на Перун и често доаѓал во горниот свет во форма на змија за да краде од него. Кога ќе дознаел, Перун го стрелал Велес со молњи во обид да го убие. Овој бегал на човечкиот свет и се криел зад дрвја, куќи или луѓе. Каде што ќе удрел гром, таму Велес се криел. На крајот Перун го убивал Велес, т.е. го враќал во подземниот свет, и овој таму бил прероден.

    Треба да се забележи дека борбата помеѓу Перун и Велес не е борба помеѓу доброто и злото карактеристична за христијанскиот Бог и ѓаволот, туку борба на спротиставени принципи, т.е. небо-земја и оган-вода. Словените не го претставувале Велес како зол лик. Напротив, тој бил исто толку важен и популарен колку и Перун.

    Христијанизација

    Со процесот на христијанизација на словените, црквата успешно го заменила Перун со светецот Илија. Според Библијата, тој јавал на огнена кочија низ небото. Ова било доволно добра компарација со богот на молњата, па така бил создаден Илија громовникот. На запад, Римската католичка црква го заменила Перун со св. Михаил. На локално ниво, некои карактеристики на Перун биле пренесени на самиот христијански Бог.
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    абе дзверови биле словениве верувале во вампири и врколаци хахаха
    инаку од божествата на кратко ќе ги пишам
    перун-бог на молљата врховен бог на словените.
    волгос-велес- заштитник на стадата
    црн бог- бог на злото
    бел бог-бог на доброто
    лада божица на убавината
    морена божица на смртта
    имале многу други ме мрзи да ги пишувам.
    инаку верувале во вили и нимфи и во задгробен живот и со мртвите ги закопувале и нивните омилени предмети.
    немале храмови а обредите ги извршувале на посебни места.
    се надевам дека не отидоб многу офтопик
     
  7. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Велес е еден од неколкуте богови за кој има докази дека бил обожуван од страна на сите словенски народи. Тој е спомнат во Несторовата хроника неколку пати под името Волос. Се спомнува во мировен договор од 10 век помеѓу Русите и Византијците заедно со Перун. Тука Велес е спомнат како бог на стадата и селаните, кој ги казнува оние кои ги кршат заклетвите со болести, додека Перун казнува со војна. Статуата на Велес е една од седумте кои Владимир I ги подига во Киев. Но, оваа статуа не стои на ридот заедно со другите, туку долу сред киевскиот пазар. Според ова, Велес е бог и на трговијата, но исто така тој е бог на ниското земјиште, додека ридот е местото на неговиот непријател Перун. Нивните храмови и идоли секогаш стоеле одвоени, перуновиот на високо, а велесовиот на ниско.

    Велес бил важен и за јужните Словени. Градот Велес го добива името по овој бог. Интересен е фактот дека над Велес постои рид кој го носи името на Илија громовникот, кој бил христијанската замена за Перун. Овој тренд може да се забележи и кај хрватскиот град Волоско, кој е изграден под врвот Перун на планината Учка. Кај западните Словени Велес се појавува во чешки списи од 15 век, но неговото име сега означува или змеј или ѓавол.


    Етимологијата на Велес не е сосем јасна, главно бидејќи има две верзии на неговото име. Предлог за неговото потекло го поврзува името со праиндоевропски *wel, што значи волна. Како бог на стадата, ова би било логично.

    Предложени се врски со индискиот бог Вала (противник на громовникот Индра) и со Велинас, демон од балтичката митологија (непријател на громовникот Перкунас).


    Словените во Велес гледале бог кој се грижи за нивната прехрана. Уште од времето на ловечката заедница, Велес бил бог на шумите и дивечот. Тој воедно се грижел и за тоа ловот да биде добар, а и за животните и билките, бранејќи ги од луѓето. По преминот во земјоделско-сточарска заедница, Велес не бил заборавен, туку на него ја препуштиле одговорноста за посевите и стоката. Тој бил задолжен да внимава на жетвата и да ја брани од град и други непогоди, а стоката да се размножува и да ја лиши од болести и глад.

    Бог на подземјето и мртвите

    Словените го гледале светот како огромен даб чии корења се подземниот свет, а крошната - небото и земјата. На врвот стои Перун, претставен како орел. Тој е господар на небото и земјата. Во корењата живее Велес, претставен како змија или змеј. Тој е господар на мртвите и подземјето. Овој свет, за разлика од многу подземја е пријатно, плодно и влажно место каде што е вечна пролет. Тука живеат број фантастични суштества, а мртвите ги чуваат велесовите стада. Според некои извори, овој свет се нарекува Ириј или Виреј, а според други Нав. Јарило, богот на плодноста претстојува тука секоја зима, а напролет се качува на земјата. Се верувало дека тука мигрираат птиците во зима. Според митовите, подземниот свет се наоѓа „зад морето“.

    Велес редовно ги праќа душите на мртвите да шетаат по земјата. Ова се случува за време на неколку тн. навји денови. При крајот на годината е најголемиот од овие празници, наречен Велика ноќ или Коледе. На оваа ноќ коледари и волчари, облечени во волна, крзно и гротескни маски шетале по селата. Овие луѓе ги претставувале мртвите, одејќи од куќа до куќа, пеејќи песни за тоа како „доаѓаат од далеку и се влажни“ (алудирајќи на влажното подземје) и барајќи подароци од домаќините кои ќе ги пречекаат. Се верувало дека подароците кои ќе им бидат дадени ќе ги примат мртвите. Некои од овие обичаи се зачувани до ден-денес. Можно е ова да е пример за словенски шаманизам, поврзувајќи го Велес со магијата.

    Бог на стадата и жетвата

    Најпрактичната улога на Велес би била таа како бог на стадата и жетвата. Често е нарекуван скотји бог, т.е. бог на стадата. Меѓу другото, негови атрибути се роговите и волната. Така, тој е бог на сточарите и овчарите, спротивно од Перун кој како бог на громот и дождот е бог на земјоделците. Сепак, се чини дека Велес исто така бил одговорен за земјоделството, или барем жетвата. Кај некои словенски нации, особено кај русите е обичај првиот (или последниот) клас да биде врзан во вид на амајлија наречен „велесова брада“ (според ова, очигледно Велес е брадест бог) и да се закачи во амбарот за бериќетна година.

    Бог на магијата и музиката

    Словенскиот збор волхов, кој и ден-денес означува волшебник во некои словенски јазици најверојатно доаѓа од Велес. Во српскиот јазик исто така постои израз crnu vunu presti (волната е симбол за Велес) кој е алузија за магија и врачарство. А, бидејќи во старо време магијата често се поврзувала со музиката, Велес бил заштитник и на музичарите. Во Слово за походот игорев, песникот Бојан е наречен „внук на Велес“.

    Во северна Хрватска постои обичај кој преостанал од ова верување. Имено, за време на некои свадби музичарите нема да почнат да свират сѐ додека младоженецот не истури вино во корењата на некое дрво. Така, музиката не започнува сѐ додека не се направи здравица на Велес, богот на музичарите.

    Христијанскиот Велес

    По доаѓањето на христијанството, Велес, рогатиот и змијолик бог на подземјето ја имал несреќата да биде идентификуван како сатаната. Неговите позитивни страни биле префрлени на Свети Василиј. Во градот Јарославл, првата црква која била изградена на местото на храм на Велес била посветена на овој светец, најверојатно поради сличноста во имињата, а и бидејќи некаде св. Василије се смета за заштитник на овчарите.

    Чуден е фактот дека Велес останал бог со толку сложен и широк домен низ целата словенска паганска историја без да биде поделен на повеќе ликови. Во другите индоевропски митологии, ваквите богови биле систематски поделувани. На пример, во грчката митологија има најмалку четири лика кои можат да се идентификуваат со Велес: Пан, Хермес, Плутон и Тифон. Единствено во келтската митологија може да се најде сличен бог - Кернунос, бог на друидите, природата, дивите животни и шаманизмот, претставен со еленски рогови, чиј симбол бил рогата змија.
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Абе јас до тоа само за Перун знам :D:D
     
  9. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ова вака како целина изгледа логично, доброто и злото се неопходни за хармонија, ако имаме нешто добро во нас што не ни било препишано од гените дека е дарба од Бог, дека пологично би било да се молиме на некој ангел, отколку на самиот Бог што е така затоа што ангелите можеме да си ги конкретизираме, Бог е се уште нешто непознато за нас така што кога ќе се молиме на нешто што не можеме да си го претставиме, ние се молиме таа желба да се исполни без оглед на се, исклучувајќи одредени факти како себичност, со што донекаде се молиме и на сатаната...
    Сепак, глупости се ова хах. Од кај знаеле па овие дека тој некој се викал баш Перун, од кај знаеле па кој е Велес, па од другата страна на морето се наоѓало тоа и тоа... Сега со науката се докажало дека тоа не е можно.
    Исто така, се смета дека Исус Христос имал индиго и кристална аура поради што ги имал тие моќи, за малку дури и оваа вера да ја направат паганска.
     
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Опседнат сум со Словенската митологија. Кога живеев во Полска имав можност да присуствувам и учествувам на пагански обреди и тоа во црква. :) Интересно и необјасниво чувство, после тоа бев 3 пати посмирен, незнам дали е до психата или нешто друго. ;)
     
    На Dabria му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Темава би требало да се префрли во подфорумот Религија.
     
  12. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Обожувам словенска митологија, заедно со нордиската ми е омилена. O kurwa @Vitaly кажи нешто, какви беа обредите :D Ептен би сакала да присуствувам на нешто такво.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Старогрчката е далеку поинтересна.
     
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Пази што зборуваш на полски.. :rofl: Се шалам.. Присуствував на обред во црква и во природа.
    Во црква бев на Иванден на Св. Ѓорѓи Победоносец и на Св. Илија. Облечени во бела облека со црвени шари која преубаво изгледа според мене особено кај девојките. :lol: Се кружи околу црквата, се пеат песни соодветни за празникот, потоа се оди во шума но се бира убаво место, се пали оган но без кибрит или запалка, со триење на дрвца или со камења, се танцува околу огнот, одкако ќе изгори се зема по едно парче јаглен и се става под перница и се црта крст на челото со цел да се избркаат злите духови и сили.. Одтаму и доаѓа денешното палење на Бадникарски оган. На местото каде што горел огнот се поставува дрвена статуа од Перун, Сварог или Велес. :) Освен родноверци и христијани не е дозволено верници од други религии да учествуваат во обредите...
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Dabria му/ѝ се допаѓа ова.