Барав ваква тема ама не успеав да најдам, ако случајно е дупла слободно избришете ја Неодамна почнав сложувалки да редам. Наредив две по 500 ,првата ја наредив за два дена ,а втората за еден ден иначе на Ravensburger се ама немаат некој голем избор. Сега планирам да купам со 1000. Од кои сте најзадоволни и има најмногу избор? Ама да не се многу скапи.
Сакам да земам сложувалки со уметнички мотиви кои после ќе се урамат и закачат во домот. И мене ме интересира кај може да се најде и како им одат цените ? Изгледа во мк нема многу избор, па затоа се скапи. Може и онлајн доколку имате нарачувано од некаде? Инаку овде имам спојувано онлајн http://www.jigzone.com/
Онлајн не сум порачувала, иако има избор. Од кај нас најдобар избор ми се Џамбо. Не се ептен скапи и се наоѓаат интересни сложувалки.
Кој е најдобар начин да се зачува веќе направена сложувалка? У смисла, ја завршуваш, ама сакаш некако да ти стои направена таква во фиока да речеме. Што е најдобро решение, да ја залепиш на картон, хамер, а да не е рамка? Некое најефтино решение.
Најубав начин за зачувување. Околу 2000ден се рамката и стаклото. Ако ти е скапо залепи ги на картон од пакет па кога ке можеш урами си ја.
Дали може некој да предложи фирма во Македонија што изработува сложувалки по нарачка, односно печати сложувалка од испратена слика? Јас најдов фирма во Кина и си нарачав персонализирана сложувалка од таму; задоволен сум од квалитетот, но платив 3200 ден. за царина и шпедиција, многу повеќе отколку самата сложувалка, и се надевам дека има и локални фирми за да избегнам толкави трошоци.
Зависи каква сакаш, ако сакаш на ниво на Равенсбургер од по 1000 парчиња+ се сомневам дека постои таква фирма, ако сакаш мала сложувалка од околу 100 парчиња тогаш еве една: https://laserskograviranje.mk/product/a4-puzzle-slagalitsi-so-vasha-fotografija/
Не барам квалитет на ниво на Равенсбургер - и оваа што ја нарачав од Кина не е на тоа ниво (не се вклопуваат убаво парчињата, и пасуваат едно во друго и парчиња што не припаѓаат заедно) - но сакав со барем 500 парчиња. Фала во секој случај.