Дали мислите дека некој работи во нашите животи се случајност или се предодредени и всушност се со некој причина или пак преставуваат некој знак? Значи кога ви се случува нешто мислите дека е со причина или дека тоа е чиста случајност што ви се случило на вас?
Често бидејќи не ја знаеме причината поради која се случило нештото , сметаме дека е случајност. Но што кога се случуваат премногу "случајности"? Многупати ми се има случено да лутам по одговорот на прашањето дали навистина нештата се предодредени или не.. еве да речиме на пример што беше нештото кое те натера да ја отвориш оваа тема? Дали ти се случи нешто конкретно или чисто онака, ако е онака тогаш зошто баш сега? зошто не утре? зошто работите изгледаат како да се случуваат по некој редослед а сепак сме постојано во нетрпение шо ке се случи следно.. Морам да признаам навистина добра тема!
Дали денес кафето ми се истури врз блузата оти не бев внимателна или оти така требало да биде? Јас сум за првата опција, пореалната. Дали другарка ми почина од леукемија оти не беше внимателна или така требало да биде. Овојпат верувам во втората опција.Иако не заслужи,не најдов ни една причина зоѓто тоа се случи,сепак се случи. Дали животот има некој свој редослед на нештата,дали има причини да се случуваат нештата онака како што се случуваат-не знам,најверојатно не сум компетентна да одговорам,ама знам дека секој е предодреден да си го живее својот живот онака како што знае и умее,од почеток до крај.
Сепак мислам дека во животот ништо не е случајно, се се случува со одредена цел. И секогаш кога ќе ми се случи нешто велам-ништо не е случајно, некако таа мисла ме води во животот
Дека било знак, дека дедо Боже сака да ми каже нешто - не. Дека е проста случајност - да. Види вака. На ерепублик си имам направено карактер и додека ми беше интересно си го играв. Му имав опнато некое рандом име и презиме. Пред некој ден ми се јавува еден другар и ми вика, уклучи го ликот да си го реанимираш, зашто ти умрел (од запоставеност, без храна). После 5 минути, ми се јавува другарка, исто и неа што ја заразив со тоа чудото и ми вика, нема да веруваш, ама пред некој ден во весник видов некроклог, од жена со име и презиме како твојот лик на ерепублик. И? Знак е некој? Со причина жената умрела како што умрел мојот лик истоимен? Не. Проста случајност. И двете се викаат исто, и двете истовремено умираат. Една глупава игра не може да претпоставува некој знак небесен. Тоа е мое тврдење. Чиста коинциденција.
понекогаш кога ќе се случи нешто викам ок така требало да биде. И со ваквото размислување ми е полесно, за ништо нежалам, тоа што сум растена со тато ми дава да се фалам дека сум културно и патријахално воспитана така да, ете така требало да биде за тоа сум денес она што сум јас. Е не размислувам што би било кога би било и дали би била ова што сум денес кога би било поинаку. и не само за тоа за се во животот ете така требало да биде да сум јас сега со љубовта на мојот живот а не со друга особа. Животот ни дава одреден пат наше е само кој ќе го избереме ништо не е случајно (бар според мене)
Обично кога немаме некој логичен одговор за нешто велиме ,, така требало да биде,,. Понекогаш и имаме некои знаци ама не им обрнуваме внимание - на пр. подолго време не боли заб ама ни е страв да одиме на заболекар и кога ќе отидеме веќе е доцна, и лекарот го вади забот (чисто хипотетички, дека забот ни давал некој си сигнал да го лечиме...). А чисто случајност е на пр. сигурно и на вас некогаш ви се случило, вртите поглед на страна кон некој човек и тој се сопнува. Не дека вие сте го сопнале со поглед, туку случајно сте погледнале и сте го виделе тој чин. Зависи кога и како перцепираме околу нас.
Јас сметам дека се што правиме во животот сами го правиме не е ништо случајно која патека ќе одбереме во животот таа ќе ја газиме. Многу често го слушам тој збор случајно направив вака случајно напаравив така или случајно згрешив. Ако свесно го правиш тоа вака или онака или грешиш не е слушајно свесен си за своите постапки, но може во некои случаеви да биде случајно на пример случајно се сретнав денес со пријателката што не сум ја видела со години.
Чиста случајност. Не верувам дека дедо Боже има книга и таму е запишано се што треба да му се случи на секој од нас. Барем вака ме лажеа како мала. Имам кажано неколку пати низ темиве, ќе кажам пак. За мене животот е мрежа од споени патишта на сите нас и нашите одлуки се повеќе и повеќе ја комплицираат истата, па доведуваат до вакви ситуации.
Everything is happen for the reason Сега ептен некои безвезални работи ги ставам во првата корпа на случајност,ама поважните ситуации во наш живот и те како се за причина...
Во случајности не верувам. Не знам веќе колку пати сум го повторила тоа тука. И ова не гатам од памет, туку често ми се случуваат такви работи кои да сум ги планирала, нема да испаднеле така. Не би да откривам што и како ми се случило (посебно едно нешто кое ми се случува во последно време), ама се‘ повеќе и повеќе откривам работи кои ми се случуваат сега, а корените си ги поставиле уште од пред две години. Некој можеби и ќе се смее, тоа е затоа што не верува. И во ред е. Не може сите да веруваме во исти работи. Јас сепак се решавам да верувам дека некои работи се така магично исплеткани и скроени, да бидат поврзани и да бидат дел од нашата убава животна приказна.
Нели има изрека, се се случува со причина? Да, се се случува со причина. Мислам дека дури има и причина зошто ќе се лупнеш у некој човек на аеродром и ќе ти го истури кафето (или еве нема да го истури). Сите случувања се причинско-последични. Имаме причина за случување и последица. As simple as that. Не верувам многу многу во случајности, ако нешто требало да биде, кога-тогаш ќе бидне. Едит: Не знам колку пати напишав па избришав, обидувајќи се да се натерам дека верувам во случајности, ама ете по се изгледа дека не верувам.
Во животот ништо не е случајно, се што се случува се случува заради нешто, можеби во моментот нема да го најдиш соодветното прашање на одговорот што си го добил, но запомни го, не знаеш кога животот ќ ти го постави прашањето
Според мене, случајноста е еден многу мал дел.Но некако ние очигледно премногу веруваме и и даваме значајност, па во се наоѓаме поврзаност т.е. нешто наречено СЛУЧАЈНОСТ, па затоа и сметаме дека таа е голема и доста застапена во нашите животи.
Аднан Ќатиќ и Златан Хаџиќ, некогашни ученици во сараевското основно училиште „Силвија Страхимир Крањчевиќ“ трагично настрадаа во саботата во период од само неколку часа. Родени се на ист ден, во иста година во ист град. Првите неколку часа лежеле еден до друг во болничките креветчиња. Биле во исто одделение, седеле во иста клупа, заедно ја делеле училишната радост и во смртта отишле во ист ден. 26 мај со црни букви ќе остане запишан во историјата на сараевското училиште. Аднан бил еден од најдобрите алпинисти во регионот, додека Златан бил наставник по англиски јазник во основно училиште. Првиот се удавил во реката Миљацка, додека вториот само неколку часа подоцна во саботата загинал во тешка сообраќајна несреќа. -Голема загуба е ова и за државата, посебно затоа што Аднан имаше одлични спортски резултати, а Златан беше активен во полето на науката. Беше пред полагање на магистерскиот завршен испит, многу ги сакаше децата, а ги подготвуваше и за натпреварување пренесувајќи им го знаењето и вештините со кои тој се стекнал. Секој од нив придонел во своето поле. Беа пример, и едниот и другиот, изјавува за босанските медиуми директорката на основното училиште во кое Аднан и Златан учеле. Спојлер Изворно ......е ај сеа, и ова ли е случајно?