„случајност“ може да биде случај само во наводници, затоа што симулацијата на случајот се темели врз неизбежна внатрешна антиномија.“ „Случајноста“ и планирањето се меѓусебно ексклузивни, исклучувачки категории. Феноменот „случајност“ е парадокс на миметичко организираната приказна, а консеквентно на историографијата. „Испреплетувањето на телото, страста и случајноста го поврзуваат историскиот дискурс со општеството, секојдневната наша егзистенција“ Што филозоф сум ти била
Јас мислам дека ништо во мојов живот не било случајно. Некако се е поврзано, има барем една жичка што поврзува едно со друго. За се има некоја причина, некои прични ги имам одгатнато, некои работи уште не можам да разберам зошто се случиле, но знам дека има нешто и дека еден ден ќе ми стане јасно.
„What`s for you will not pass you by“ моја омилена реченица. Нема случајности, се е поврзано, само врските одпосле се гледаат.
Се се случува со некоја си одредена причина,некогаш ја разбираме поентата,а некогаш не,некогаш се водиме по судбина,по карма,а всушност не сме доволно моќни да утврдиме што е што
Ние не можеме да знаеме одредени работи дали се случуваат случајно или не. Осознаваме онолку, колку ни е дадено од Бога.
Не верувам во случајност колку и да звучи клише. Случувањата имаат причинско-последична поврзаност. Се создаваат, развиваат и резултираат низ временската хронологија во единствена животна приказна.
Се согласувам со @poenta. Може да мислиме дека нешто е случајно, ама ако се навратиме малку назад, можеме да ја пронајдеме причината за тоа случување. Не верувам во судбина. Секоја наша постапка или акција носи и последица, која може да не е веднаш видлива, туку години подоцна.