Ништо не е случајно и ништо не ни се случува случајно. Има тајни мистериозни сили кои ни ја одредуваат судбината. Секако понекогаш ако се потрудиме може да и избегнеме на судбината или да ја промениме.
Дури човек е помлад мисли дека има безброј случајности, ама како оди времето сфаќа дека тие воопшто и не постојат.
Ја отворив темата мислејќи дека ќе наидам на повеќе мислења.. никогаш не сум размислувала на оваа тема претходно се додека денес една колешка не го почна муабетов и цел ден ми се врти во глава. Да ме прашал некој порано можеби ќе сум рекла дека има случајности, но сега од кога се вратив назад на моите случки во последните 5 години би рекла дека се е поврзано и се случува со причина. Иднината ни е секако поврзана со минатото и одовде доаѓаат и последиците, добри или лоши. Затоа се што ни се случува носи некоја порака, е кој ни ја праќа пораката дали универзумот, Господ или некои ѕвезди не би истражувала понатаму. Секој во што си верува