Да, се сложувам, една од најубавите романтични комедии, прекрасна содржина. Го препорачувам на сите да го гледаат, онака за опуштање. http://www.youtube.com/watch?v=CsjR5P3TuWY
Еден од моите омилени филмови..Колку пати да го гледам јас пак ќе извикам ( у стил на Миле Паника ) - Добро ма ти,зашо нечеш да се фатиш со него? еееееее заради неа цел филм се влечка за на крај само да се бубнат.Интересна приказна во секој случај,али на моменти немав нерви
Мене ми беше интересен филмов и добро што ме потсетивте, го симнувам и го гледам, обавезително Во последно време некако само старите вакви излитени романитики од филмови ги гледам.. има нешто во воздухов по дома. Интересна ми е приказната, мада претеризам, али фино е да си мечтае човек бре. И јас би така некој за мене ццц. Ај ејнт гона крај , промис . Еј, со тоа книгата, парата . Сепак интересен, дури сум ги подзаборавиле сцените, сега има да се освежам, токму ајм ин муд фор литл лов филинг од телевизорот, пошто уз настинка нај иде некако тоа.
Овој филм мислам дека можам да го гледам стопати и пак да ми биде интересен. Се сеќавам дека некаде прочитав критика дека немало доволно хемија меѓу актери......и ми падна баш смешно кога ќе размислиш тие поминуваат многу малку време заедно
Ова романтичниве комедии како штанцани една по друга ми се сите. Има и добри и лоши, ќе го вбројам филмов во подобрите. Ми остави добар впечаток и како мала мнооогу го сакав. Како само се возбудував.
Го имам гледано филмот, постар е има добра содржина и интересна приказна, малку е нереален, ама добар е Некако овие постарите романтични филмови се далеку подобри од новиве што излегуваат, кој се повеќе се бледа копија на нешто веќе видено Го препорачувам филмот на сите љубители на роматични филмчиња
Веќе ми е традиција да го гледам секоја зима и ми е еден од поомилените филмови кои си ги пуштам кога сакам да се опуштам. Не знам како досега не ми досади, им ги знам сите фрази на памет. И после секое гледање, ме држи барем неколку часа едно чувство на мечтаење
Меѓу подобрите лесни романични филмчиња. Добра е замислата, но и глумците, добра глума, го обожавам Кјузак, what a man Филм кој ме потсеќа на зима, на прегратки и ме враќа во детството кога дефинитвно сите сме мечтале за ваква љубов
Меѓу омилени филмови за релаксирање кои никогаш нема да ми стане досаден. Во секое време, а поготово за време на Божиќниот период.