Па незнам буџетот, небитно ама да не се оние од 9 иљади. За дома, слушање музика, повици. ЈВL ги меркам
Нема да згрешиш со JBL. Исти такви имам јас од Америка купени кога бев. Јас ги купив оригинал 200 долари и презадоволен сум.
Се сложувам со Компирот што да гледаш. Исто ако сакаш да ги користиш за повици, тие што немаат микрофон пред тебе и не се баш најдобра солуција.
Јас со JBL сум преродена. Ги земав околу 5-6к, бежични без подесвање на средински звук со деној не паѓа батеријата. Моите мислам дека 72 часа имаат во нив. Имат fast charging 5-10 минути = 2 сати слушање, плус можи и да се користи опционално кабле. Јас не ги земав со микрофон од страна, туку со вграден и земам повици на нив и сите ме слушат јасно. Околу €100 ги земав, за истите пари видов Анхоч имаш и со микрофонче од страна ако веќе со та намера ти се за користење.
Ми требаат ear buds што имаат микрофон и noise cancelling, но да не бидат скапи, до 1200 денари негде. Најдов некои, но гледав рецензии и испадна дека иако ги пишува овие работи, не функционираат во реалноста. Инаку имам Samsung S23 тел.
Поглупи од тие новите clip on не постојат. Мислам ни до брендот не е, туку дизајнот е тотално ужасен. За шо служат жити све, за украс, ко накит нешо? Функционалност 0.
Мене JBL ми се најпогодени до сега. Презадоволна, и од јачина и од издржливост на батерија, 10 дена ко ништо ми тераат. И плус, брзо се полнат. Топ инвестиција.
Јас користам само жичани слушалки оти ми е посигурно дека нема да ги изгубам или нема да ми паднат. Ако некогаш си купам безжични, тие ќе ми бидат само за дома. Најзадоволна сум од едни оригинални Самсунг кои ги користам од 2021ва наваму. А, од оние преевтините доста ми траат и оние на I-JMB.