Низ муабет се претставувам како најлиберална могуќа личност со цел најмрачните тајни да ми бидат доверени и врз основа на кажаното одлучувам дали ќе продолжам комуникација
Смешни ми се оние кои ги исмејуваат оние кои не читаат книги. Очигледно мислат дека се Ајнштајн. Реагирам кога ќе ми дојдат невоспитани деца. Дома ако сакаш пушти го на таван да се качи. Такво нешто кај мене не дозволувам. Не одам кај луѓе кои чуваат домашни миленици. Два пати имав непријатна случка. Не ги жалам оние кои свесно имаат односи без заштита и после паничат кога ќе останат бремени. Што ќе си надробиш, тоа ќе си сркаш. Кога не ми се разговара на телефон, не кревам. Демек не сум го слушнала телефонот. Давам подароци на деца чии родители даваат на моите деца. Не донирам пари на недомаќини. Исто како другар ми @Stark се правам будала. Ако ме прашаат за нешто кажувам Не знам. пс. Морав да го преправам постот затоа што бевме критикувани дека не треба да пишуваме што не сакаме кај луѓето. Ако треба нека бришат.
Ако ме тераш да направам нешто,а не сакам, но сепак го правам против своја волја, знај дека имам задна намера
Славам кога ќе слушнам дека се случило нешто лошо на тие што ми згрешиле или во ситуација да ми паднат у раце одма им го враќам.
Сакам да цркне некој а после ми е мака така што сум помислила ама пак за себе си,се осеќам злобна а не сум.
Кога одам на гости не јадам ако друг јаде од иста чинија. Фино лепо нека си стават салата со лажицата која е за таа намена. А не сите ги пикаат вилушките во салатата. Тоа ми е одвратно
Кога ми објаснуваш некоја ситуација до најситен детал,во делот кога почнуваш да ме замараш почнувам да не те слушам
Кога не сакам да се поздравам со некој телефонот го вадам и као глеам нешо. Многу очигледно игнорирам некој што е дрзок и се правам индиферентен кога збори, го оставам да заврши па го прашувам, изв моеш да повториш не те слушнав, автоматски му го сјебувам аргументот, ја губи почетната силина што ја имаше Не отворам врата на нејавени па макар била апокалипса надвор и животи се доведени у прашање Како заредив со исповедиве очекувам полиција на врата, кај и да е ќе откријам и колку тела под кревет кријам
При првата прилика да видам некој да се однесува со така малку поголема непочит кон мене, прекинувам контакт и игнорирам сè што е поврзано со таа личност. И не, не ми е гајле дали е член од фамилија, другарка, роднина, познаник или остало. Не ми чуе ама баш ич и ме заболе ептен шо си мисли личноста која ме повредила. Без разлика колку и да сум била блиска со некој до вчера, ако ми направи зло со намера, си разидувам патишта и тоа е тоа. Можам многу да сакам, но кога ќе дојде време да расчистам, емоцииве не ги шишам ни 2%, со ладна глава мислам и безмилосно тргам луѓе од својот живот.
Кога правам нешто се трудам да испадне совршено, и најмала ситница што нема да испадне совршено ме нервира, мора се да е под конец.
Ги класифицирам луѓето според музиката која ја слушаат. И немам добро мислење за лица кои од љубов слушаат лоша музика.
Игнорирам повици и пораки на Viber што не се од некои значајни личности. Тоа што го имам не значи дека сакам да ме бомбардираат со глупости што може да се кажат во живо или во мејл.
Не сакам да разговарам многу многу со луѓе чија последна прочитана книга им е е Зоки Поки. Као, немам што да разговарам....