Гинеколог, депилаторка, фризер ,забар...не менувам за жива глава Ако нема термин , чекам додека се ослободи кај "моите" Не пуштам секој во тој круг...не можам...
Кога и да те направев љубоморна до бескрај и заминев ко ич да не ми е гајле... Секогаш под око следев дали има фајде, дали си љубоморна и дали сеуште ме сакаш само за тебе... Guilty as a toxic bf?
Не сум патриот и цела таа идеологија со идентификување со нација ми е моронска и имам мислење дека патриотите се ограничени во мозокот а можда и се плашат дека не би успеале надвор од границите па кај своите најсигурно се чувствуваат.
Морам да реплицирам. Зависи што сметаме за патриотизам. За Македонија многу мои предци умреле, и за мене апсолутно е важно прашањето на патриотизам, затоа што еве со историскиве комисии, едниот дедо преку ноќ бугарин ми го направија. А ние фамилијарно сме македонци. За мене апсолутно е важно како оваа држава функционира и е перцепирана затоа што многу од моите предци си ги посветиле целите свои животи на тоа. Нема сега јас да си ја свиткам капата на страна и да оставам некој торковци недоносени да ми ја разбацаат државата.
Тврдам дека сите од темана introverts united би се согласиле со мислењево така да воопшто не си луда ниту пак нешто ти фали.
Сфатив дека неќам да имам деца. Отсекогаш сум се двоумела на тоа прашање, но вчера јасно и свесно почувствував дека би згрешила ако некогаш сум родител. И ми олесна.
Имам слика во глава дека другите поголеми градови во МК се "заостанати". На момент ми доаѓа "чудно" кога ќе видам дека имаат на пр. Coffee to go или нешто што е најнормално во 21ви век.
У последно време сакам дечко да си фатам за да иам со кој да шетам и да идам по ресторани. И да намалам на кирија, јбг. Друга причина неам.
Интересите ми преживуваат во циклуси од 2 недели. Шо преживува над 2 недели има потенцијал да "залепи" до 1 година. Па шо ќе преживеј година има поголем праг на интерес итн. Ова не е лимитирано само са хоби пример, туку е општо за се. Вклучително луѓе. Имаше еден момент во детството ко сфатив дека ако "играм" како да сум глупа многу поќе добивам. Не го применвам то секогаш ама ако знам дека имам близу 0 шанси за нешто ја играм картата на cute dumb blonde bitch и добивам. Вчера ова го ќенкав, ми треба дечко за да не биди дека сама ојдов на викенд во *insert place*. Па другар ми вика - кучето ти има пасош, шетај го. Та дечко, та куче, ако ми требало да влечкам нешто по мене might as well be a dog.
Не знам да рендам зелка и цвекло за салата ниту па пробувам да научам, едноставно ми е многу работа и неред. Никогаш не сум купила зелка и цвекло свежи. Ако ми треба купувам готови рендани за салата во пластично од супермаркет.