Благ, луто не јадеме дома. На гости ми дојде особата, непоканета. Со рицинус тешко дека ќе ми излезеше од тоалет, што би било дополнителна работа за мене (чистење). Инаку ова беше во средно, денес ми е сосема ок ликов. Одмазда со зачин у кафе, боуже.
Често повеќе знам да се снајдам во организиран хаос, отколку кога сѐ е прибрано на место во секое време. Повеќе памтам каде нешто сум оставила кога имам расфрлано работи наоколу, а кога е сѐ прибрано заборавам каде сум прибрала. Да е само до мене, нема да оставам сѐ да е скоцкано стално, но не сакам да ме осудуваат дека сум неуредна (НЕ кога е во прашање хигиена!).
Не средувам по дома со деенови пошто ме мрзи али тоа го сметам за духовни скилс пошто успешно го игнорирам хаосот и не ми влијае на расположение
За мене се исти геј и стрејт мажи. Исто ги третирам. Не ги доживувам геј мажи како помала опасност или поблиски или подоверливи.
Кога ќе чујам некој самоуверено да зборува како јас не треба да имам/одгледувам деца, му го посакам истото - доживотен стерилитет.
Во газирани пијалоци некогаш додавам вода малку зашто го сакам вкусот ама не сакам премногу газирано да ми е. Или намерно оставам да изветреат и после пијам
Јас секогаш^ и во водите со вкус пола од чешма пола од шише. Е изветреано никад не би пиела Често ми се случува да гледам дека некој ми пишува ама не одговарам веднаш
Понекогаш ми оди на нерви брзото враќање на пораки. Ми ствара притисок дека и јас морам да вратам брзо инаку ќе делувам ладна и незаинтересирана. Исто така ми се ствара впечаток дека другата личност нема ништо интересно во животот и се досадува, па го тепа времето со мене. Знам дека обично тоа значи дека на личноста ѝ е интересно да разговара со мене, но ајде нека се нормализира барем мааалку време да поминува. Секако не мислам со саати или денови да не се враќа намерно, но на пример ако сакам да гледам филм или да играм игра да е ок да враќам еднаш на еден саат на пример. За работа веќе треба да се подразбира. Или сепак ова е во мојата глава само најмногу, што се ставам на туѓо место постојано?
Мислам на личност од минатото и никако да го заборавам и очекувам и тој да мисли на мене иако тоа не е добро со оглед на околностите
Не следам инфлуенсери ама ниту еден профил, ни за возрасни ни за деца, не е дека за некои попознати не сум слушнала во секојдневие или тука на форум, ама едноставно не сум таков тип и многу ми е чудно кога доаѓам во контакт со луѓе кои се баш внесени во тие профили и ги знаат сите можни информации
Тотално се согласувам, но мене на пример ме нервираат повеќе тие на коишто им треба цел ден или два да ти одговорат на обична порака, а рака на срце сите дремеме на телефон пола ден и ни се појавуваат нотификации ако ништо друго. Ај да е еднаш или двапати ќе разберам , има ситуации кога не можеш да одговориш брзо секако, но кога е постојано, јасно е за каква особа станува збор. Значи да бараме некој баланс Со што се замараме побогу