Ова го мисли мнозинството али се расфрла со некакви бејзик флоскули како „Јас никого не мразам“ или ,,простувам али не заборавам". Не, не си простил(а), злопамтило си и тоа е океј, не ми глуми зрелост кога внатре во себе си полн(а) со горчина. Демек се над сето тоа, а внатре вријат. Неуспешен обид да се биде „подобар човек“ за пред другите. Денот ми го разубави веста дека лице кои ми вршеше булинг у средно, заврши у затвор, на портали прочитав, боужеее, се надевам ќе скапе таму.Дали мразењето на лица кои ми сјебале психа или тенденциозно повредиле мои блиски ме прави лоша (зла) особа? Ме заболе искрено.
Со саати или цел ден невраќање е ту мач кога цел ден сме со телефоните, игнорирање е. Да сме искрени, тој што ни е битен ќе добие одговор побрзо од тоа. Мене ми беше повеќето за тие на кои им пишуваш во 9:30 а ти враќаат во 9:29. И осеќам некој притисок дека делувам незаинтересирано ако не враќам и јас толку брзо. Инаку секако дека ќе вратам во разумно време, не глумам лудило, но ете некогаш сакаме да се опуштиме и едноставно не ни се враќа во истата секунда. За другиот муабет, ако некој што ми згрешил го снајди нешто лошо, ќе си речам имало карма. Активно не посакувам лошо и не се опседнувам со тоа зошто така ми направиле (освен на почетокот можда, кога е уште свежо). Ама и те како посакувам нивните дела да им се вратат и да осетат на своја кожа она што тие го прават од некој за нив многу битен. Let karma bite their ass.
Негде читав дека чувството на задоволена правда или одмазда лачело многу допамин така да i cant help it Шала на страна некогаш ми е мило некогаш ми е сеедно. Секако знам дека ќе им се врати.
Колку мразам миење на садови од 0 до ги фрлам после една употреба. guess. Не се пластични бтв Ко да ми растат пари на дрво
Не се сметам за злобна личност, но слушајќи како се жалат некои персони за неуспехот во нивниот живот или животот на најблиските, а истовремено повредуваат и озборуваат други личности си размислувам колку само им е и тоа малку и треба да ги снајде дупло полошо. Sorry not sorry.
Ги затворам очите и ги бакнувам туѓите усни,морам.Туѓи ми се несаканите усни на мојата кожа и туѓа рака на моето тело.Веќе не сум гневна ,не се плашам ,утеха ми е тоа што ќе помине .Силна сум и се издржувам во животот . На врели усни и раце ми мириса споменот за тебе,на крај само ти доаѓаш ,како љубов, спасение ,награда.Тоа што вреди ќе се сочува ,ќе го донесе времето .Времето се става на свое место ,а такви странци кои се осмелуваат да допрат некој против негова волја,ќе добијат казна од животот.Еден ден,сигурно ќе бидам како нова,или старата јас .А тие што ми наштетија,ќе се покајат што се осмелиле да допрат нечија душа ,срце, емоции .Телото не е само тело,тоа има душа ,има личност, во себе содржи еден цел куп органи . Срцето е најважно,кога го погодувате со зборови и постапки,боли ,сече ,реже на делови .
Имам многу лошо мислење за луге што се занимаваат со политика. На пример за некој доктор имам позитивно мислење со години, и штом влезе во политика го ставам на скалило под нула. Сите што се вмешани во политика и 2ам најдолно и најлошо мислење. Посебно за жените што ми дремат по штабови. Па кога слават унија на жени на една па на друга партија
Не планирам да се мажам ниту пак да имам деца. Ниту пак имам намера да исполнувам туѓи желби и општествени/социјални очекувања.
Добив покана за свадба од една личност со која што бевме блиски пред неколку години. Иницијално се израдував многу, не очекував да ме покани затоа што скоро па и да не комуницираме повеќе. Ја прифатив поканата првично, и по неколку дена и пишав дека нема да можам да дојдам. Кој кани само 1 на свадба бе? Што сум јас? Што ќе правам таму сама? Како да играм? Кај да го оставам телефонот и ташната? Јас може немам дечко во моментов ама не значи дека нема +1 да најдам. Ако каниш кани како човек, секој што оди сега си ја плаќа порцијата и остава да има плус од тоа за подарок. Ме каниш колку да се рече, повеќе излегува како да ме омаловажуваш... И јас кога ќе правам свадба еден ден, ќе ти пуштам покана ама само за 1, маж ти дома нека си седи Па да видиш како ќе се чувствуваш тогаш.
Не е осудување, ама ако знае дека немаш дечко со кој би те поканила? Сакам да кажам не е глупаво да те поканат сама, јас колку пати одам сама, сигурно нема да те седнат со некои што не ги знаеш јас пример ако воопшто правам свадба би поканила многу мал круг на луѓе, и дефинитивно тие кои ми се блиски а немаат +1 би ги поканила сами.
Мене повеќе ме навреди тоа што си претпостави дека јас немам никој отколку што ме покани сама. Не ме ни праша... Јас не објавувам ништо за мојот љубовен живот по социјалните мрежи, она не знае дали јас сум слодбодна или не. Можеби сум се омажила.. Можеше да праша. Не е баш културно така.. Реално јас не ни очекував да ме покани, ако свадбата и е со мал круг на луѓе ок, слободно нека си ги покани тие што и се блиски сега. Како што кажав ние не сме блиски како претходно, така што јас не би и замерила воопшто и да не ме поканеше. Вака испадна како кога некој те кани на гости а уствари не сака да му дојдеш. Патем, не е дека не сум била некаде сама на свадба. Пример минатата година бев на свадба кај колега од работа. Ама тоа беше различно. Сите колеги бевме на маса и само ние бевме канети, без партнери.
Што има врска и сама да отидеш на свадба? Ќе оставиш ташна и телефон на маса, не верувам дека некој ќе ти ги земе или на некој друг што си на масата, обично ги седнуваат на иста маса тие што се познаваат. Не е воопшто глупо сам да те поканат.. Може имаат ограничен број на гости..
Проблемот не е во тоа што ме покани сама туку начинот на кој ме покани. Сум била јас на свадби сама и тоа е сосема во ред. Нормално дека никој нема да ми ја украде ташната или телефонот, не е тоа поентата. Како што кажав, ние бевме блиски порано - сега веќе не, така што ако имала ограничен број воопшто немало потреба да ме кани. Искрено не ни очекував да добијам покана. Се радувам што се сетила на мене и не сакам сега да бидам драма Queen, ама се почувствував на некој начин омаловажена. Можеше да праша барем дали имам или дали сакам да дојдам со некој. Обично кај нас кога се кани на свадба ќе ти кажат, поканата е за цело семејство ако е за сите, или поканата е за двајца. Ако сакаш да дојдеш сама, ќе потврдиш дека сама ќе одиш и никому ништо.. Плус тоа од тој круг на пријатели, само јас и уште една друга другарка е поканета. Таа е мажена и ќе оди со сопругот и детето. Јас никој друг не познавам таму. Што би правела цела вечер, 3rd wheel ли ќе изигравам? Непријатно е некако..
Те разбирам скроз, особено ако не познаваш никој таму или не доволно за да си правиш муабет или играте, глупо е да те кани сама на свадба. Еве најдобрата другарка правеше свадба годинава, на сите ни рече од старото друштво да ѝ кажиме дали ќе идиме сами или со +1, не ѝ беше воопшто проблем и дали ќе ја познава доволно другата личност. Тука не гледам ништо чудно, макар да имаш некој тип што само си го запознала, во краен случај нема да одиш сама таму. Мислев дека норма е кога те канат вака да ти речат дека можиш со +1 да дојдиш ако не си во брак.
Не можам да правам муабет со секого. Не знам да глумам. А со луѓе што не ги познаваш многу, треба да зборуваш некои општи муабети. За мене тоа се празни муабети. Некогаш кога пробувам, ми делува како да не сум тоа јас. Можам да си муабетам само со блиски личности и тоа на секаква тема. И сама кога сум не ми е досадно. Добро ми е. Може делувам чудна, не знам. На улица ако видам некој познаник/познаничка што не ми се многу блиски чекам први да ми речат здраво, ако не ме зазборат ни јас не ги зазборувам.(некогаш има исклучоци) Не сакам многу одење по куќи и по гости. Не сакам туѓо ама не давам ни мое. Не позајмувам и не барам пари од други...
Ми се случило, многу блиска другарка, ме покани сама, во друг град. Верена бев, мажените другарки беа канети со се мажи, јас се увредив од поканата. Требаше со автобуси да се малтретирам сама. Фино лепо кажав дека нема да можам сама, таа ми објасни дека ако го канела мојот, ќе требало и дечко од трета другарка, а маж је не го мирисал. И така, изиграваше бесни глисти отпосле, увредена, лута, што да ти кажам. Кани ако каниш, ако не, не се лути к тоа е.
Буквално од бебиња заедно, г'з и гаќи што се вели, и стварно очекуваше разбирање со оглед на блискоста. Мене ми беше увредливо што помалку блиски канети како парови, а мојата врска ја спореди со ништо, ќе се увредела некоја друга другарка, што мене не ми беше блиска и уопште не ми беше ни гајле. Ме фати лутина и реков е нема да ме газиш, и така бидна.