Целосно те разбирам. Лутината ти е оправдана. Ако била вистинска другарка немало така да те омаловажува на некој начин. Плус тоа што имаш па ти врска со некоја си трета таму ... Убаво си постапила.
Не секој постар човек заслужува почит само затоа што е постар. Сеуште ми е конфузно хоризонтално и вертикално. Ми требат некои 5 секунди да се сетам како беше.
Ми треба долго време да се сетам што е десно што лево. Особено кога сум сконцентриран на друга работа. Пример ако возам и некој не ми каже доволно пред време после треба лево/десно, туку пред самото место кај што треба да свртам ме фаќа паника кое на каде беше па си вртам било каде.
Не сум сама. Проблем е што ко ќе ми речат лево ја десно фаќам и обратно. Маж ми често кога треба да свртам десно на пример, ми вика сврти лево и така ја десно одам и го потрефувам. Некогаш ми се чини дека ми фали нешто в мозок.
Мразам кога че некој не ми го почитува времето, па и ме етикетира политички. Време е да го сменам берберот.
Не се гнасам од улични мачки и кучиња, напротив. Посебно од мачки, бидејќи поголем љубител сум на нив. Многумина ми рекле Не го чепкај, остави го, валкано е. Каде што работам се врткаат мачки и ги земам, ги галам, баш се мили. После мијам раце, нормално. Ако имаат некоја болест нема да ги допирам, логично, но нормално животно да го сметам за валкано, не го сметам. Плус, мачките си се педантни и се чистат сами.
Како дете, ме носеа на село, обожавав да си играм со петлите и кокошките. Тоа уствари и ми беше единствената забава таму. Имав омилена кокошка, зебреста, баш во турбофолкерски стил. Еден петел постојано ја бркаше, ја колваше по глава и се качуваше на неа. Кога ѝ фрлав храна, тој идеше, ја бркаше и си ја јадеше храната. Со тогашниот памет мислев дека ми ја малтретира омилената кокошка, а уствари можда флертувале, имале предигра, поима немам. Сеа иде злобниот мој момент. Во момент на бес, земав камен и го треснав петелот по глава. Неговата глава обвисна, како да се скрши, тој изгуби контрола и се повлече зад сеното. Многу врискаше. Леле, која језа ми дојде! Од гнев почувствував каење и страв. Петелот го немав видено ден/два, ми беше страв да го барам зад сеното (како еден амбар имаше). Паметот константно во петелот, ден денес го мислам ова. После неколку дена, го видов читав и здрав, како си трчка со кокошките. Почнав да се грижам за него посебно, цела храна на него ја фрлав, да си ја исперам совеста. Овој настан всушност е типична проекција, мене ме булингуваа во детството, па преку нападот на петелот се обидував да се одмаздам, бранејќи ја кокошката. Уствари мојата реакција беше повеќе одраз на мојата болка, отколку вистинска желба за насилство. Така тоа денес си го дефинирам у глава. Битно петелот преживеа, кокошката беше безбедна, јас си заминав после недела/две, а овие двајца биле у фазон, конечно замина давежов, дај да се плескаме на раат. Spoiler Како изгледаше мојата зебра - кокошка.
Можам најладно заувек да откачам некарактерни личности без око да ми трепне и без да имам тронка грижа на совест. Може x години да те познавам а да те избришам од живите и да продужам како никогаш да не сум те познавала.
Попрво би живеела во куќа/стан што има советски или југословенски ентериер (или било каков од порано) отколку овие денес што се сметаат модерни со строго бели/беж/црни нијанси кои делуваат многу ладно, празно и досадно и потсетуваат на болници во најмала рака. Јас не знам што убавина гледаат во нив луѓето, прегрди се.
Секогаш сум бил против партер да се бира исклучиво на физички изглед, ама кога и да видам пар каде што девојката е мала и преслаба а дечкото висок и доста крупен многу ми е смешно, затоа што ми делува како дечкото да сака да ја изеде девојката.
Кога бев мала не сакав да имам дебелки другарки Кога пораснав, молев Бог, да не ми врати со тоа што ќе имам дебелки деца.
Мене па обратното ми е смешно и несфатливо, кога женската е повисока од мажот, ама тоа е секој си има различен вкус, ако нив им е океј супер.