Додека возам ако има полиција не им блендирам со светлата на колите што идат од спротива. Возете си ко што треба, нема никој да ве казни. Ми се одмилува да возам општо од толку простаци што не почитуваат ништо. Spoiler Прееска возам и од спротива ко почнаа сите еден по еден да блендираат, и коли и камиони и сѐ, јас си реков се има слупано некој на пат се има остаено, то имало полициска кола што стои покрај пат и полицајците си седат внатре. Ни радар не беше.
Браво, и јас сум за тоа. Упорно се карам со мм дека не треба да блендира на други кога има полиција. Нека има казни да се свести овој народ. Од толку лошо возење имам уплав и развив анксиозност дури и на совозачко седиште. Ама не можам кога гледам како лудо се вози.
Јас знаев дека немаме сообраќајна култура, ама ко почнав да возам искусив колку е лошо всушност. За овој народ само контроли на секој чекор секаде и големи казни, инаку нема да се свести.
Не купувам електроника веќе 10 години. Секогаш користам стари уреди кои ми ги дале блиските кога ќе купат нови. Иако основни работни алатки ми се. Порадо плаќам ВИ од хардвер. ВИ ми заштедува повеќе часови работа од хардвер. Не купувам облека, секогаш добивам на поклон за прослави или земам стара од блиски.
На сите оние што ниту еднаш не им текна на мене во текот на бременоста, особено на поблиските. Или пак на оние со кои сум живеела а што не одвоија ни 5 мин да ми се јават или барем еднаш да ми пишат како сум, вратата ќе им биде затворена и кога ќе се роди бебето, и не, нема да можат да дојдат на гости за да го видат ниту пак ќе бидат поканети на некој евент поврзан со тоа.
Не слушам музика, не гледам филмови и серии, не играм видео игри, немам социјални мрежи поради тоа имам време и сум одморен.
Си го мијам образот кога ќе ме бацат луѓе со лош здив или онака сочно ќе те заглодаат и излигават. Осеќам како образот да ми гори, како да имам кисел печат. Затоа практикувам само топла прегратка без лигави цмокови у образ. Ова е практика кај повозрасни особи (баби, тетки).
Многу сакам сочно да бакнувам во образ кога се поздравувам со моите пријатели, ме нервира фејк допирање образи. Премногу ги сакам.
За мене не само од постари. Нејќам никој да ме бакнува во образи. Не, фала, не ми требаат туѓи бактерии и зарази. Се исфрлам и ми иде да си го искорнам лицето. Целото лице го мијам одма. Најдобро е само со прегратка.
Не сакам да ми купуваат поклони или работи што веќе ги имам, затоа што никогаш нема да ги облечам или пробам.
Ги проценувам луѓето колку се интелигентни по жанрот на музика што го слушаат и по однесувањето на социјалните мрежи.
Премногу сум гадлива особа.. Не сакам да пијам од иста чаша или шише од кое веќе пиел некој или да користам иста вилушка/ лажица без разлика дали е мајка, татко, брат, сестра, партнер... Одеме на пијачка и секој нарача различен коктел, и побара да го проба твојот од твојата чаша... Молам... Не