Не давам пари и не сакам просјаци и луѓе што ги тераат децата да им простат. Работоспособни се и нека работат за живот.
Обично не носам посебна капа ако не е дел од јакната, ама ако треба да носам сакам да нема никаков натпис на неа. Ако има натпис ќе ми одземе долго време додека ја наместам, затоа што се нервирам ако не е точно на средина.
На работа кога сите си работат своја задача и мене ми станува досадно да работам сам, намерно вклучам или исклучам од софтверот неколку работи за да почне да не работи како што треба или лажам како нешто не разбирам за да дојде некој од искусните колеги да ми средува и така си прајме муабет. Еднаш земав ги сменив мерните единици за да се добијат нереални бројки и мене ми беше забавно да ги гледам како половина час се мачат да разберат што има проблем со моделот и се чудеа како е можно, не им текна тоа да погледнат. Забавно ми е што мислат дека учам допрва и се радуваат кога ќе ми покажат нешто ново, а јас дома го имам прочепкано секаде и изгледано мал милион видеа за да можам да направам нешто и да лажам.
Сите 3 или 2 во 1 кафиња, се жива катастрофа, и ниту едно нема добар и убав вкус на вистинско кафе. Благ ужас.
Не знам дали од страв или што и да било, како мала кога ќе направев некоја белја одма плачејќи кажував, демек да не ме тепаат Подоцна веќе не плачев туку криев дека јас сум го сторила тоа. Сега веќе признавам, не кријам, ама страшно се нервирам кога не сум го сторила тоа а упорно мене ме обвинуваат
Понекогаш, кога ќе ме праша некој небитен за лично, приватно прашање за кое не сакам да објаснувам, лажам.
Страшно ме иритира кога за со деца се користи Ние "Ние сме Х месеци" , "Ние какавме???" Вие кој? Ти си 36 години, бебето е 2 месеци. Не сте вие 2 месеци. И после година ко ќе направи ко ќе прочитам 27 месеци се претварам во математичкото меме. Колку уствари е големо детево? Кажи 2 години и 3 месеци за да знам за шо праиме муабет
За првото да, во право си, множината и мене ме нервира. А за второто, возраста на детето се кажува во месеци до 3 полни години (36 месеци) заради rapid development milestones во развојот што ги имаат месец за месец, оти не е ист развојот за дете што има една година, поточно 15 месеци и дете што исто има една годинка, поточно 20 месеци. Не е тоа важно толку во секојдневниот говор, ама медицински, од педијатриска гледна точка е важно за да се следи дали развојот одговара на возраста. Не е за џабе направено тоа. Затоа и бременоста се следи во недели. Е сега тоа што ги нервира луѓето, е друга приказна.
За педијатрите знам, имам прашано ми има кажано. Ама уз мене и тебе разговорно муабет месеците не значат толку многу, мислам. Сепак ме нервира
Не ми се готви, не знам да готвам, немам желба, интерес, не ме бива!!!! И ме мрзи, да, признавам. Појма немам како ќе живеам вака ја... Смрт ми е оваа работа
Псујам како кочијаш некогаш, не нечија мајка туку сијасет од "fuck...." дис, "fuck..." дет, "shit" "shit-fuck" итн идр. Углавном во себе, ретко ако сум сама полугласно, и гласно или директно насочено само на два-тројца во живот. За се ова ми е единствено срам од маж ми, тој е едно polished, cultured створче, и ако се наоѓа во близина се сецнувам за полугласното, зашо можам дури и да осетам на растојание како превртува очи и се ужаснува. Ама ипак ме сака Утешение грешним
После две години без алкохол, пак имав релапс. Се чувствувам засрамено, виновно, неспособно, се каам многу. Ама еве сега пак ќе пробам. Жива пропаст. Ми се плачеше прееска ради то. Ама се воздржав оти со умот си велам ти си крива сама, што кукаш сега џабе ти е, касно е сега за се.