Не сум многу по сликањето, ретко кога ќе отидам некаде фотографирам. После ми е криво за тоа ама убавите глетки и моменти остануваат врежани во меморијата во глава.
Има едни рилсови на Инстаграм што толку ги обожавам ама не смеам да бидам видена како ги лајкувам (they're kinda hot but still).. па затоа само тивко си ги сејвнувам.
Spicy, hot.. ништо отворено експлицитно, но базирано на фантазија for someone. Срам ми е повеќе да откријам, толку.
Кога се запознавам со некој и ми го кажува името, буквално во истиот момент го заборавам. Не е дека не ме интересира или нешто такво, едноставно мозокот не го задржува веднаш. После неколку секунди сум чекај… како се викаше И најглупо ми е што ако после пак треба да имам интеракција со истата особа, ми е срам да прашам повторно како се вика, па испаѓа уште понепријатно.
На иста мака сум ама јас вртам на шала ко ќе препрашам. Им викам секогаш ко ќе се запознавам го памтам само сопственото име. Не е толку непријатно најчесто сите се смеат ко ќе им кажам така. Обожавам милиброд и секогаш го јадам со Јогурт и со сирење.
Мислам дека на овие години ќе си останам сама без ниедна другарка, што секако веќе ја немам, пријателки и без нив затоа што ми е с*ур*ено да се оговара некоја мајка, жена зошто сама излегла, па дали била разведена, па зошто некој бил разведен. Значи од кожа се вадам, мислам дека депресија ќе ме фати што нема нормален млад човек да се разговара нормално. Се одалечив толку многу и тие малку што ги имав, ми ја цицаат енергијата. Ако не сум со семејството најчесто сама сум. Сама пешачам, сама друштво си правам за секаде, сама со мислите си разговарам. Дури и кога ми речат викни ме и мене реално си премолчувам затоа што се гушам . Може и до мене е, чудак сум ама освен од оговарања, партии, друго ништо нема муабет.А јас на ова само гледам како теле во шарена врата Ми се гади, аман
Ова за хоризонтално и вертикално секогаш се асоцирам по хоризонт. Линија што ги дели небото и морето/земјата. Мене така ми е полесно. Понекогаш кога гледам едит од селебрити со интересна фонк музика, се замислувам дека јас сум во едитот.
Понекогаш кога ќе видам некои познати луѓе некаде, одма ги заобиколувам. Се правам како да не сум ги забележала. Не можам да си губам време со нив на празни муабети
Не си чудна, напротив, мислам дека е супер тоа. Нема ништо лошо сам да шеташ, тоа само кај нас на Балканов може да биде чудно. Јас имам другарки и сакам да излезам и со нив, далеку од тоа дека не сакам ама за некои работи ми е најубаво сама. За пешачење и за шопинг преферирам да не викнам никој со мене, сакам на раат да си шетам и да се задржам ја колку сакам, без некој да ме брза. Па и кафе многу сакам некогаш да испијам сама, тоа ми е на некој начин време за себе и многу ми е битно да си посветам дел од денот кога сум си само јас битна и никој друг, без да слушам муабети што не ме интересираат. Баш од таа причина ти што ја наведе, прекинав и социјални мрежи да пратам, сведени ми се на минимум. Не сакам да слушам и да читам за црна хроника, а за политика па ич, не ме интересира ништо, ми ја црпи енергијата безвезе. А и не секогаш ќе се погодите сите слободни и не секогаш сакате исти работи со друштвото или фамилијата, и тоа е океј. Пример ако мене ми се гледа некој филм во кино или некоја претстава во театар, ако ми се иде на концерт а друштвото не може или не сака, ич немам проблем да отидам сама и ич не ми е гајле кој што ќе помисли. Па и ако ми се патува негде надвор на викенд а другите не можат, не сум чекала никого, сум отишла кај што ми се одело. И не мислам дека има нешто чудно во сето тоа. Човек ако знае да ужива сам со себе, ќе знае и во друштво. Така да, те поддржувам. Гледај тебе да ти е убаво и не се замарај кој што ќе збори. И тебе те поддржувам.
Не сакам кучиња и се плашам од нив. Имаат предаторски анцесторски ген и не можам да ги сакам. Ок освен златен ретривер од нив не се плашам.
Не си чудна ,ти си жена која си се почитува сама себеси,сака мир без трачеви. Јас бев човек кој беше пријател на сите ,ги сакав луѓето,сакав да се дружам, имав разни типови на луѓе за пријатели.Помагав секогаш,јас кога сум била на дното на животот,кога сум била во пеколот секогаш сум мислела на другите, секогаш сум ги ставала другите пред мене,и секогаш сум жалела некој,тоа е карактер, одеднаш Некој нерв во главата ми се откачи се изменив. Последните години немам желба да слушам муабети од типот рекла кажала,немам желба ниту некој да ми доага дома да ме замара со трач муабети Се грижам само за оние кои ме сакаат и јас ги сакам, останатите не ги регистрирам но не ги мразам. Кога гледам како некој на порталите на ФБ дискутираат се докажуваат тоа многу ми се глупо,кога сите се прават јаки на ФБ со коментарите. Животот те менува, колку околината и да ме мрази,да ме гази јас не ги забележувам одам понатаму без да мразам некој зошто знам која сум и се почитувам самата себеси и се сакам многу . Не сакам да коментирам ниту да се смеам некому,да испоценувам некој. Мислам дека типот на луѓето слични на мене сакаат себеси да се заштитат од околината и од се што доаѓа затоа што во животот имаат поминато различни ситуации позитивни и негативни. Секогаш стојам отстрана и само гледам.Лугето ги читам како буквар. Сакам само да бидам со моите дома, немам желба да докажувам нешто на некој си,да импресионирам некој. Јас сум само човек кој си го сака својот мир.
Секој ден по минимум 3 часа слушам музика и си правам филмчиња во глава. И уште отприлика 3 часа го правам тоа без музика додека само така лежам. Па уште 2 часа скролам реелс/тикток. Животот ми е сведен на минимална продуктивност надвор од работни саати..мислам дека ако не сум опкружена со некој на кафе/на гости - како да не живеам во реалноста туку во имагинарни сценарија во мојата глава (секако свесна сум и правам јасна разлика меѓу фантазија и реалност).
Никогаш не сакав да работам но некогаш морав во животов имам работено само три години и никако не можев да се помирам со тоа дека треба да работам дека треба аларм да ме буди. Не сум мрзлива воопшто не ми поминува денот во лежење завршив и медицински факултет. Но толку се осеќав како да ме гуши тоа што морам да работам… На работа не ми беше воопшто тешко имав и прилично голема плата и многу добро се снаоѓав со се но не можев да издржам да работам пред 10 дена дадов конечно отказ секако со голема подршка од мм и сега конечно се осеќам слободна како да ми падна товарот од душава.. Ова лето планирам да одам по разни одмори за да се опраам психички