Ако подолго време не сум во контакт со некој го заборавам. Имам луѓе шо не знам зошто ги имам(имав) на социјални мрежи и немам идеја од кај се. Имам луѓе со кои покасно сме се здружиле пак и ми кажале дека at one point ми биле и во close friends или да ме прашат зошто претходно сум ги откачила (еден шо дејтав еднаш го одбив, заборајв, јас напрајв чекор па дејтавме и ме праша ова).
Ако низ муабет сосема случајно ми кажеш нешто што сугерира дека имаш целосно погрешна перцепција за мене никогаш нема да го заборавам тоа и ќе останам на дистанца со тебе. Истото важи и ако за секунда ме направиш да се осеќам ко да те замарам буквално одма ќе се оладам и никогаш веќе нема да иницирам повеќе од површен муабет.
Сфатив дека со колеги со кои сум работела со години,луѓе со кои исто професонално сум соработувала со години,не само што не ми недостигаат туку во рок од една година не сум помислила на нив , и сум ги заборавила. Доказ дека колегите не ти се пријатели.
Кога ролната од тоалетната хартија е на самиот крај, го кинам остатокот (иако не сакам да фрлам залудно хартија!), ставам нова, за да биде подготвена и да биде на дофат кога некој друг ќе влече ( а знам дека тој некој не може да го направи тоа како мене), знаејќи каде сака да ја најде, за да нема трошки од хартија на подот на бањата од кинење... Тоа повеќе ме нервира отколку трудот на ставањето на нова ролна, признавам!
Не памтам фаци. Може да се случи некој да ме изгушка и муабет да ми изнаправи, а јас да не знам од кај ме знае. А глумам дека го знам
Се правам дека одам накај маркет и менувам правец ако во исто време со комшија се движиме накај влез. Ако веќе влезам и начекам како некој стои кај лифт, продолжувам пешки по скали. Умирам до 7-ми спрат ама подобро без нозе отколку 20 секунди енглеска љубазност во лифт.
Се смеам до солзи на црн хумор базиран на раса или општо припадност на некоја група и инвалидитет, несовршеност, маана. Немам никакви предрасуди против такви луѓе, се смеам и на хумор за белци и луѓе со вишок килограми (како јас). Едноставно посилно е од мене. -- Не можам да поднесам пречувствителни луѓе, да мораш на јајца да газиш за да не се навредат од нешто случајно. Исто така негативни и вечито незадоволни од нешто намќори, кои на сѐ позитивно кажано мора да ти се исерат, со песимистички поглед на животот цело време без желба да работат на себе и да сменат нешто на подобро. Не си мудар, токсик си. Heal pls.
Понекогаш имам лоши мисли за луѓе душовадници. Генерално ги осеќам кога сакаат да му се закачат некому и воедно сакаат бескрајно да малтретираат. Па оваа е некоја превентивна форма на спречување, која засега се покажала корисна.
Се правам заинтересирана за муабети од типот на коли, бандажи, неговите другари шо напраиле и слични машки муабети пред дечко ми, чисто да не го навредам, а ми се здоооодевни. Скоро никогаш не го слушам, само кимам и делувам заинтересирано со по некој рандом, аха да да, одговор...
Не ми е срам да шетам со пижами по улица кога го шетам кучето или да влезам во маркет/бензинска по пижами. Баш напротив, многу убаво и лесно се чувствувам.
Убаво ми е кога ќе земам плата да одам и нешто да си купам за себе, макар и ситница и тоа ми е практика, едноставно среќна ме прави.
Се рашетувам по собите дома со кондури, и пред да искочам, а и после враќање, без ни малку да не подразмислам за штетните последици. И тоа со изговорот: тие коишто внимаваат на се, највеќе се разболуваат Слично на ова, на кучето му дозволувам да ме лиже/бацува 11 години. Честопати знам да игнорирам луѓе, демек во брзање сум, работа иам, само за да не ме замара никој, и за ова воопшто не осеќам грижа на совест. Така ми се сака, така правам.