Буквално исто. Ги прифаќам луѓето такви какви што се, ама се вртам околу нив и нивните карактери како мене ми одговара. Не ги мењам, ги остаам да бидат. Почитувам, ама најмногу себе. Правам тоа што сакам, не праам тоа што не сакам. Не форсирам, само ги прифаќам работите како што се одвиваат. Иам цели, желби и замисли за иднината, ама живеам од ден за ден. Праам сега тоа што сега треба да праам. Нишо не докажувам, кажувам шо мислам, но не форсирам убедување, кој сака нека разбере, кој не сака, не мора, нека мисли шо сака, ако луѓето се глупи и прости, ги оставам да бидат, никого не менувам, баш ме заболе, нивен проблем, неам ни енергија, ни воља да се замарам. Битен ми е само спокојот, а спокојот е гледање на својата работа и здравје.
Те сфаќам сосема и иако сум во 24тата година од мојот живот, се чувствувам дека си го одбрав кругот на пријатели што ги сакам и си ја штитам енергијата. Понекогаш сум со мислењето, абе дали излегувам доволно, дали се дружам доволно а од друга страна си велам пак, работам, студирам, имам дом, родители на коишто се посветувам максимално и сето тоа е доволно. Кога ќе излезам со другарките, сакам да ми биде релаксирачко, не сакам да биде напнато, да се замарам со рекла-казала муабети туку да збориме за нормални работи, да се смееме и просто да заборавам на секојдневните маки од работа, дом итн. Немам проблем ни сама да си седнам на кафе, клупа, доручек, ручек и да си читам, напротив дури тоа ми е толку релаксирачко што не се ни чувствувам виновна. Имам една најблиска другарка, и ги имам мајка ми и сестра ми, многу повеќе од доволно ми е тоа.
За секоја несреќа ми е жал, освен кога некој ќе загине поради брзо возење. Самиот, да нема други жртви. Што барате да возите над 100 или 120? Всушност, не треба ни да постои можност за толкава брзина. За што, за летање? Сообраќајот треба да биде безбеден и сите безбедно да учествуваме во него.
Воопшто не ми се допагаат свадби Јас сум една на милион со ова размислување Нешто скромно одбележување од 20,30 луѓе да ама се што е повеќе воопшто не! Никогаш не би рекла на некој дека не му е била убава свадбата, тоа е само мое мислење општо за сите свадби.
После короната најголем дел лекарите ги гледам само како дилери на фарма мафијата чијашто единствена цел е финансиска добивка а здравјето на пациентите најмал приоритет. Уште не ми се верува дека испаднаа толку лесна за манипулирање маса а народот толку многу им веруваше...
Случајно дознавам за познаник се разведел, три деца, бившата жена со друг.. Небитно тој ли, таа ли е виновникот. Може така сакале и двајцата.. Ама мене така тешко ми пага кога видам дека некој се развел, како за некој близок, и не ми е прв пат вака да се почувствувам кога некој се разведува, раскинува долга врска, ама за познаник, или некој од видување, мајко милаа Понекогаш ми доага сама да си влепам шамар оттагувам туги љубови може лугето и среќни се така а јас ги тажам како којзнае да е што
Што да те осудуваме, јас имам исто, само живи. Двајца Дур не се гушнеме со постариот да си дишеме нос во нос и да ме пипка по лице нежно со шепулето, нема спиење
Животните се невини суштества сите до едно, човекот е свесно зло нормално дека помалку емпатија ќе имам за некој што знам дека е злобен.
Така е. Еве пример жената што го прегазила кучето во Црна Гора. Дури и кучето да го задавило нејзиното, дури и да ги нападнало нејзините деца, на крај на денот тоа е само животно со примални инстинкти, така е научено. Од друга страна, таа е хомо сапиенс, човечко суштество со интелигенција,можела само да се качи во автомобилот, да замине и да го пријави случајот.Животните убиваат за да јадат и да преживеат, луѓето убиваат од одмазда, љубомора и за нивните себични потреби.