Имам мајнд сет кај што дечко за љубовен однос (врска/брак) треба да е постар од мене да има свои пари, работа, своја кола своја куќа/стан/спрат, самостален, со манири у спротивно не ме занима. - Излегував со помал, без манири, без возачка камо ли кола, јас го возев секогаш секаде на мој трошок, за роденден ме праша што сакам кажав ништо се си имам и не добив ништо нормално а јас го носев у ресторан да го почестам. Окааау. (never again but don't judge)
Имам високо мислење и симпатија за луѓе што студираат и завршиле чисти „непрактични“ дисциплини кои бараат многу умствен и физички напор: математика, физика, метеорологија, компаративна книжевност, филозофија, антропологија, историја на уметност, музичка академија...
3. Центарци ми се имаат покажано како карактерно најгадни скопјани. И со нови од таму не сакам да се зближувам брзо.
Многу ми се одвратни девојчиња што со дечковци нивни зборуваат со цмилкав глас "дисице цо павис каци" а оваму без него кога ќе пушти глас 100 децибели. Кога гледам дека некој колега греши чекам да заврши и да не му излезе резултат за да му кажам. Имам директор глуп како ку*. Многу прост човек. Па и како се облекува па па кловн. Како стар дедо, па и дедовците се помодерни од него. Имам способност надвор од работно време да не мислам на работни обврски пошо к не ме боле за работа, одам само за пари. Одбивни ми се жени што носат голема бројка обувки. Најпресуперодбивни ми се пушачи. Па тоа жолти заби и прсти и нокти и смрдење 24/7. Врвот ми е смрдеа од цигара попримана на облека и ќе си стави парфем демек се е ок кул.
Имам ниско мислење за луѓето што немаат завршено високо образование. Некои денови ме мрзи дури од кревет да станам, а не пак заби да измијам. Не можам да живеам со куче во стан многу ми е гадно и језиво. Не можам да се дружам со луѓе што не читаат книги или поедноставно кажано последна прочитана книга Зоки Поки им е. Не можам да се дружам со луѓе што имаат ниска емоционална интелигенција.
Често, многу често ги исправам, коригирам, им правам забелешки на луѓето ВО МОЈАТА ГЛАВА додека зборуваат и размислуваат, резонираат, поврзуваат аргументи. И јазично и рационално...Но, не го правам тоа ВО РЕАЛНОСТА (онлајн/офлајн) додека комуницираме. Речиси никогаш не се каам поради тоа, отпосле. Се обидувам да сфатам дека секој има свој начин, може да дојде и до правилен заклучок или сака да каже и знае што би кажал, ама не знае како или пак не е доволно артикулиран (има свој јазик, дијалект, сленг, идиолект, и во буквална и во преносна смисла ) , прифаќам дека тоа е неговиот начин... Но, мрзливи луѓе во размислувањето, кои не ги интересираат деталите (и немаат поинаква психолошка, културна матрица од мојата), кои не мислат дека треба да работат на тоа, кои не се интересираат како А е поврзано со В, и кои сѐ посредни механизми се наоѓаат меѓу нив. кои не сакаат да научат како да се изразат (не само лингвистички, било нека е и визуелно и логико-математички, на начинот што ним им одговара и им е близок, т.е. не се стремат на некој начин да бидат подобра верзија од себеси за себе и во однос на другите) едноставно не можам да толерирам, иако често се ставам во нивната глава и се обидувам да ги „почувствувам“ нивните чувства. Но, колку и ова да не ми е тешко за разбирање и толерирање НЕ МОЖАМ ДА СМИСЛАМ злобни луѓе кои мислат дека нивната ЗЛОБА некако ја оправдува нивната самопретпоставена и самоубедена „супериорност“ (и ја следи логиката: „затоа што јас сум јас, а другите се други и светот мене ми е должен, а jaс никогаш нему“.)
Ко ќе ми ѕвони непознат број, дури ѕвони го проверувам на Viber, ако нема или не го познавам не се јавувам .
кога се договараат другаркиве да се прави собир со мажи многу често ги одбивам дека не можам или ми идат гости и сл (мојот работи во странство)
Сталкам познаници на социјални мрежи, им ги ловам моментите на себепромовирање за мајка, татко, дечко, сопруг на годината и потајно си ги осудувам на база на постираното. Пример: ако има ставено тангица или груда, чак и на плажа ми дава вајб на персона со сомнително потекло. Ако става готови цитати на англиски, појма нема од анг, туку само ги копира. Долга е листата на ваквите категории. Ступидно, ама то е.
Не ја гледам поентата на рекреативното пешачење и им се чудам на луѓето што искачаат и само одат без потреба да стигнат негде (во оваа категорија не ги ставам луѓето со хронични болести на кои им е назначено од лекар). Пешачам само ако треба негде да стигнам, од точка А до точка Б. Ако веќе треба да се раздвижам, одам на шопинг, пример .
..не сфаќам зошто многу од жените не користат уште едно огледало (за фризурата) пред да излезат од дома. Не е тешко воопшто, а се гледа дали темето е убаво исчешлано. Ова дека ме нервира кога гледам некоја тип-топ средена, со пеглана коса и..од позади крива линија. Ај на виткана не се познава некако, иако пак штрчи (ама барем помалку ми пречи). Не сакам куп фискални сметки во пекара, раштркани насекаде. Едвај чекам да излезам надвор од што не можам да ги гледам. Ме асоцираат на хаос.
Пијам вода од рака, онака од чешма директно и тоа од купатило, не ми се потребни чаши. Навика ми стана ова, не знам само како и од кај. Ама ко повкусно да е така. *** За скоро сите трендови што ни ги наметнуваат имам мислење дека се тешки глупости, и не сакам ни да ги погледнам, а не пак шанса да им дадам. Уште од старт ги хејтам. *** Имам предрасуди кон одредени националности, ама се трудам да не го потенцирам тоа толку.
Не сакам готвење во посебни простории за да не мирисало на храна. Напротив мене мирисот на зготвена храна ме потсетува на топол дом. Ме потсетува кога си доаѓав дома во детството,отворам врата ,чувствувам топлина,мирис на зготвена храна и мојата мама во престилка.
Го слушам Десингерица... + на јутуб ставам на брзина 1.25 и тоа чешка некој маничен дел од мојот мозок.
Вчера додека усисував со правосмукалката несакајќи го турнав кафематот а на брат ми му кажав дека пукнала електрониката.
Негативноста ми.е слична на болест, па свесно избегавам негативни личности пошо не сакам да ме "префати" оти не знам колку пати у животот имам осетено дека стварно влијае и енергијата се пренесува. Вистина е она, со кој си, таков си. Имам разбирање, сослушувам, давам совет, ама кога можам, избегавам.