Мразам сикрет санта. Како замисла ми се допаѓа,ама со тоа мерење ,колку голем подарок јас дадов а што добив ,извинете ама ја растурате магијата. Не може секој да ви погоди што сакате нити секој има пари за скап поклон,затоа кога не ја сфаќате смислата на играта ,купете си сами онлајн и каргото ќе ве изненади со подарок по ваш вкус .
Генерално сите луѓе што ги знам ме сметаат за фина, разбирлива особа. Немам проблем да стекнам пријатели, допадлива сум и ако сакам можам да бидам центар на внимание. Не правам проблеми, праведна сум, помагам на сите кога можам, често слушам дека сум одлично друштво, одличен колега, добар партнер, супер другарка, снаа, сестра, ќерка… Едноставно знам дека луѓето ме сакаат и дека моето присуство и постоење им е битно. Ама мене само најблиските луѓе ми се битни. Апсолутно не ме додирнува ништо што му се случува на некој кој не ми е ептен близок. Тоа се само неколку луѓе, дури и за некои од другарките за кои треба да ми е битно, не ми е. Не се грижам вистински за луѓето кои мислат дека уствари се грижам за нив. И не нема никогаш да им направам ништо лошо, напротив, веројатно ќе им направам многу добрини во животот и ќе бидам тука за нив, ама емотивно ништо нема да ме додирне. Се што правам од ова е за да си го олеснам животот и постоењето. Сакам да кажам дека на прв впечаток можеби изгледам како оние екстремно добри луѓе во душата. Ама реалноста е дека не сум. Не за сите. Пример мм иако изгледа како да не му е битно ништо, е многу поемотивен, попритресен и повеќе грижлив од мене. Пак ќе кажам за луѓето кои ги сакам, што и да направат нема да ги отсакам. Можам да убијам човек за нив. За сите други, вистински не ми е битно.
До ден денес не ја знам разликата меѓу постпејд и припејд. И да ми ја каже некој два дена ќе ја памтам, третиот ќе ја заборавам.
Припејд ставаш пари, постпејд плаќаш сметка и си обврзан со договор. Тоа е разликат, самиот збор е при(пред) пост(после).
Понекогаш кога се присетувам на одредени спомени со одредени луѓе осеќам потреба да им пишам, да бидат работите како порано, но свесна сум дека тоа е невозможно..
Spoiler Убаво си почна темава без цитирање. Не ја расипувајте. Кога станува збор за луѓе од кралска крв и поврзани со нив, поподносливи ми се оние кои не му се омилени на светското мнозинство затоа што не глумат совршенство. На пример, Меган и Хари пред Вилијам и Кејт.
Признавам дека ме плаши староста. Колку и да ми велат дека секоја доба има своја убавина, не се согласувам. Ме фаќа носталгија за времето кое што поминува, и кога ми текне дека се поминати 20 тите години ме фаќа некоја тага. Знам дека физичкиот изгледа не е важен ама сепак младост си е младост за мене. И знам дека за 20 години пак ќе ме фака носталгија за секое минато време.
Не сакам луѓе кои мислат дека се попаметни од оние кои не читаат книги. Не сакам невоспитани деца. Мразам да ми отвараат насекаде по дома, да фрлаат храна на земја, и др. Не ме интересира чие е детето. Одма реагирам. Не се замарам ако родителите се налутат. Не сакам животни во моја близина.
Не разбирам, темава е ги судам луѓето поради нешто, или требаше да бидеме да кажеме нешто лично за себеси за кое другите не би требале да не судат?
Сакам змии, до толку што сакам да си имам милениче змија, поточно ball python, не растат многу големи и преслатки се. Мачките ми се омилени секогаш, но убаво е да имаш и милениче кое не бара постојано внимание од тебе. Spoiler
Не можам да спијам без чорапи ни во лето ни во зима.И најубав филинг ми е кога цел ден на лето шетам по сандали и дома првото нешто што го правам е облекување на чорапи -без разлика колку е топло.
Па она што ние го осудуваме, може да е нешто што е неприфатливо за другите. Осудувам родители што носат деца кај што им е досадно и досаѓаат на сите, не сите уживаме ангелите да ни пискаат и да ни се пикаат под маса. Очигледно ова на голем број луѓе им е нормално, инаку не би се случувало колку што се случува. Да не е на празно постов @Чанта те судам и тоа многу, се наежив од помислата чорапи ни сега не носам, а не спијам, боса по дома строго. Ни папучи не носам, склет ме фаќа од мислата само Денес без јакна шетав т.е. вечерва, по обична блуза. Само да не е магла, засекогаш нека е ладно
Па, мислам не е поентата на темата тоа. Има теми за што нѐ нервира кај други луѓе, или какви избегаваме, или не знам што. Поентава на темава е што ние правиме, а сакаме другите да нѐ слушнат ама да не нѐ осудуваат. Како што прочитав, ова почнало со парови кои си откриваат работи, или нешто што направиле, и не се осудуваат потоа. Така што не е темава за што ние ги осудуваме или што ни смета кај другите луѓе, не ја носете во тој правец.
Кога ќе украдам од слаткишите на децата обвинувам друг (најчесто најмалото или сопругот,зависи што сум џапнала да јадам).