Океј, не користам тик ток па можеби затоа и не сум ја сфатила сосема суштината, повеќе како наши ставови или непопуларни мислења. Мај бед
Уууу, ова ме потсети, сакам да се надоврзам само. Ко ќе фатам нешто валкано и ако немам можност да се измијам одма, ја осеќам раката како "сечена" и "не можам" да ја користам. Ако помини сат, ќе заборам зошто, ама чувството дека раката ми е како "сечена" и "out of use" ми седи и постојано барам најблиско место за да се измијам.
Кога некој ќе се доближи до мене на повеќе од метар правам чекор наназад. Честитам Нова година, родендени, празници некако ради реда и на тие што "мора"
1. При сечење/мачкање и слично, користам различен нож за секоја посебна состојка: да не се валка сирењето со ајвар или путер, на пример. 2. Пред миење, валканите чинии никогаш не ги редам една врз друга, секогаш една до друга и така ги мијам една по една. 3. При миење чинии и прибор, мијам и плакнам едно по едно, со плакнење на валканата површина на сунѓерчето по секоја чинија/прибор. 4. Лубеница јадам со виљушка и нож, при што ги чистам семките пред секој залак. 5. Се чувствувам непријатно кога некој ми зема од храната (дури и грицки) без прво да праша. 6. Спијам со чорапи во зима и кога е поладно. 7. Тешко ми е да го перцепирам човек како некој со знаење, или како сериозна личност, ако стилот на пишување цело време му е со правописни грешки - споено или раздвоено пишување на зборови каде што не треба, некористење интерпункциски знаци или неоставање празни места после нив, оставање празни места пред нив. 8. Тешко ми е да ги прифатам луѓето такви какви што се; затоа и се држам на дистанца и многу тешко се зближувам.
Не сакам одење на кафе со комшики, барем во мое маало се оди за да се оговара, еднаш ми дојде на кафе кога се вселив и повеќе не сакав затоа што 2 часа ја слушав како оговара цело маало. После не можев да си дојдам при себе. Држам дистанца со лугето и не сакам зближување освен со културни луге, на кои главен муабет не им е оговарање. Сакам луге со кои кога разговарам да си муабетам за нас а не трети лица кои не се на наша маса. Вешто избегнувам злобни и подмукли луге. Мразам кавги. Нова година не ми е ништо посебно за спремање, ми ствара вознемиреност не знам зошто, паника и се чувствувам никако додека помине. Најубаво од неа ми е изненадувањето за дете кога му спремам поклони од нас и Дедо Мраз, се друго ми е пренамегање. Не честитам празници на луге кои ми се онака само на Добар ден и Здраво. Едноставно не ми е приоритет да се замарам со некој кој после два чекора ќе ме оговара. Во лутина знам да кажам пцовки кои не знам ни дека постојат до тој момент, но после кога ми помине лутината никогаш не враќам со лошо само ја бришам личноста од мојот живот, без лутина, нервоза и стрес. Секогаш ме фаќа некоја паника, вознемиреност и за убави и за лоши работи. До толку не се замарам за други што не знам кој живее 3 куќи подолу од мене. Ме сметаат за дива и некултурна а вистината е дека од вратата надвор никој не ме занима освен моето семејство и фамилијата.
Не простувам на тие што ме повредиле мене или мои блиски. Не верувам во каење и извинување, секој знае и е свесен што прави. Одвратни ми се црнци, педери, лезбејки. Немам добро мислење за луѓе што не сакаат животни. Не враќам на пораки на фб со препратени слики за честитање празник. Не сум секогаш расположена за разговор и знам да не кренам слушалка иако гледам дека некој ѕвони.
Многу ретко кревам телефон, и уште поретко се прејавувам на пропуштен повик. Се израдував кога колегата даде отказ, иако е многу лошо за фирмата. Не го поднесував органски. Играчките на ќерка ми кои се мали/ глупи/ несоодветни, завршуваат во канта со изговор дека боцкаат Активности поврзани со градинка ми се психички замор и ги одбегнувам.
Ау, има материјал кај мене. Ќе почнам со она што ми текнува во моментов: -Имам (лоша) навика да не кревам на телефон, од причина што цело време ми е на сајлент. Од 1999 година-до денес, мене телефоните ми се на сајлент во 90% од времето. Ова е поврзано со анксиозноста што ја имам и прокрастинацијата, но луѓето не можат тоа да го знаат и често ми замеруваат, правејќи ме арогантен и не знам што. -Не можам да сварам луѓе кои тврдат дека е нормално човек да се менува и, ако ти бил близок, одеднаш може да исчезне, без повод. -Многу оупен-мајндед сум но проблем е што изгледам на арогантен лик, сѐ додека не ме запознаеш. Не можам да разберам зошто никогаш не успеав да се вклопам во некое друштво. -Не поддржувам талент-шоуа, од било каков карактер. -Мразам кога во маркет, на каса, ми се бутаат од позади и ми дишат во врат. Приватност? -Зимно време по дома одам бос и спијам бос. -Автоматски мразам ликови кои паркираат на тротоар или на било какво несоодветно место. -Не можам да го прифатам светот ваков каков што е. Мислам дека сѐ оди во погрешен правец и дека се изгуби основната човекова вредност.
Некогаш сум толку преморена кога треба да го успијам детево кое е ужасен неспијач, што се откажувам, пуштам цртан и легнувам и читам и чекам да дојде само до мене кога ќе одлучи да спие, некогаш тоа е и полноќ. Ретко се случува и имам огромна грижа на совест ама денови и денови константна борба за успивање скоро две години ме попушти ментално. Ништо друго од мајчинството не ми е тешко, освен моментот на успивање. Некогаш купувам овошје и зеленчук се и сешто за детето, ама 90% од времето го јадам јас оти оно не сака, ама на мм му велам остави тоа е за детето. Секаде одам боса, кај блиски соблекувам чорапи, многу сум саклетчија, зима одам боса во папучи иако сум свесна дека е одвртно, ама секогаш се туширам на крај на ден пред да легнам во постела, нема шанси со немиени нозе да легнам.Папучи перам секоја недела како и постелини и такви работи, гадлива сум ама сепак ги носам на боса нога.
Колку и да ми судат, не осеќам потреба да се истакнам колку сум најдомаќинка и што сè знам да направам, ниту да прикажувам домашна работа како некаква жртва. Баш затоа за сè што можам сум роботизирана, не гледам фајде во тоа да сум предомаќинка и кичма да ми паѓа од работа. На ова ме поттикна прашањето од блиска една, дали роботот смукал прашина и меѓу паркет. Искрено не знам ни дали обичната правосмукалка го правела тоа, пошто реално, не ми е гајле, не се умира од прашина меѓу прачките од паркетот Слично прашање добив од познаник, со оглед дека турбо работам периодов, кога наоѓам време за домашни обврски. Не наоѓам, сè e наместено и чека ефтина струја само да се пушти, не перам на раце, не џогирам со крпа на под па истово да ми е некаков сериозен фактор во денот. Чистам, перам, готвам, сè правам, само за сè се трудам што помалку труд да вложам затоа што ми е залудно потрошен труд, има работи на кои сметам дека можам времето подобро да го потрошам. Е веројатно не ми е најчист и најуреден станот, ама не ми е ни гајле, најискрено.
Секогаш кога излегувам од дома средувам, за кога ќе се вратам да биде токму така . Излегувањето надвор ми ја влече енергијата, колку и да е пријатно, а кога ќе се вратам и гледам уредени простори, тоа ме успокојува. Имам наклоност (иако се воздржувам секако) да сакам да го тргнам паднато влакно на нечиј капут кога случајно минувам покрај луѓе или стојам до нив. Некогаш ментално правам комбинации на нивната облека (додека чекам некаде, или се возам во јавен превоз), во смисла на тоа како би изгледало да ги комбинираат тековните пантолони со некој друг џемпер, или што ако купеле друг тип фармерки, или комбинирам облека на тековната личност, со други луѓе, во истиот простор. Секогаш кога работам голем проект претходно ги средувам просторите за да можам да се фокусирам. Мислам дека целиот простор ми тежи на глава, ако е уреден е невидлив и единствено тогаш е во позадина. Кога ги спуштам ролетните на прозорците, треба да бидат на иста висина и двата, ако се еден до друг. Мора да ми е наместено пред да легнам, особено барам симетрии. Завесата треба да порамнета, чаршавот изедначен, сите нешта треба да се на место, алиштата здиплени и закопчани/или патентот да биде кренат (иако знам дека тоа ќе трае само преку ноќта), за кога ќе станам и отворам очи, да знам дека сѐ е како што треба во новиот ден. Инаку, ми се чини дека денот тргнал наопаку. Се борам со односот на уредност и практичност, постојано. Не, немам OCD, со сигурност.
Кога сме кај "налудничави" интимни партнери (и било кој што би живеел со мене де) - живеам ноќе. Значи ноќе чистам, на пример, ноќе готвам, ноќе правам сè што луѓето "рано, со време" фаќаат да направат. Јас не сум продуктивна сабајлечки ама за баш ништо, додека ми запали моторот 2 кафиња ми требаат. Помага тоа што купив точак па и на ладново сабајле до работа се размрдувам, ама па таму морам да одам, дома ништо не морам. Сега во дадениов момент чекам машини, и правам супа со кнедли (која ќе ја јадам ноќва) и ориз со пилешко за утре. Оти преку ден ако готвам, највеќе макарони ќе зготвам.
Мачки сакам повеќе отколку луѓе. Мачките се убави, слатки, меки, нема злобна мачка и нема глупа мачка. За разлика од луѓето, секоја мачка ми измамува насмевка, секоја мачка ме расположува, на секоја мачка сакам да и' пријдам и притоа и' се обраќам со сонце, душа, срце, најмило, најубаво, а човек рееетко ги слуша тие зборови од мене.
Ужасно мразам кога на мало девојче и купуваат играчка-кујна. Кога не поднесувам некој човек упорно го гледам со гадење. Никогаш не се јавувам на телефон и мразам кога некој упорно ѕвони. Пиши ми што и да е.
Кога некој зборува македонски со странски зборови, го преведувам у глава и бројам колку збора не ги знае на мајчин јазик поради неначитаност.
Имам 2 другарки од кои почнав да кријам објави. Сѐ нешто леле маче баш убаво, блазе си ти, ми е страв дека може да ме урочат. Што блазе си ми, ти си наслонила грб на маж ти за сите проблеми и процедури, јас цел пат сама, ископав со свои раце. Да, друга заедничка карактеристика им е spouse visa, едната е од мене 9г по стара, другата 5 години помала, едната и детенце има.
Телефон секогаш ми е на сајлент, ако не кренам што и да се дешава е помеѓу тебе и господ. (со оглед на мн блиски.) Ги мразам овие патриотиве што се маваат по гради како во Македонија е најубаво а они избегале пред 5 год во Австралија. Мразам луѓе што нормализираат се бидејќи е тренд, и не прифаќаат друго мислење и се е хејт и дискриминација. Луѓе што се ставаат на интернет и очекуваат само позитивни коментари да ги красат, 21ви век е кога веќе се постираш научи да прифаќаш критики или игнорираш никој не е должен да те сака ни пак мрази, тоа е сопствен избор на секој човек. Луѓе што плукаат по религија и мислат дека се најпаметни оти се атеисти, биди си атеист и остани си, не ги исмевај тие што веруваат во бог, никој не те тера со сила да веруваш во бог ако тоа чувство не ти доаѓа одвнатре. Мразам дупли стандарди, не може ја тебе цела рака а ти мене нокт. Луѓе што ме прашуваат "како си" само кога им треба помош или да се пожалат, од 2025 ќе почнам да им наплаќам, ако сакаш рамо за плачење 50 евриќа од саат.