Премногу ми е за жал за сета вегетација и фауна која страда од пожарите насекаде па и во овој пожат во Калифорнија, жал ми е што пожариве се резултат на тоа колку планетата е оштетена и колку сме стигнати до точка од која тешко е да се вратиме, жал ми е за тоа што толку прекрасно место како Малибу е изгорено. Воопшто не ме е жал за билионерите кои изгубиле куќи во пожарите, или глумците или било кој во тој дел од Америка. Па кога ќе пишат тој и тој(славна фаца) изгубил се што имал во пожарот, не не изгубил се што имал, оти има милиони на сметката да си купи се што изгубил, патем и уште 3-4 куќи некаде на други локации. Се што имаат изгубија децата од Палестина во војна финансирана од власт избрана од народот кој живее таму. И жива сила нема да ме натера да верувам дека Америка не е виновна за сето зло во светот. И знам дека има и невини луѓе кои страдале во пожарите и жал ми е за тоа, ама кога цел свет мижи пред горење на живи бебиња секојдневно, тотално небитно е чива куќа изгорела до темел, карма е тоа. Можеби е злобно од мене, нечовечки, ама кога таа нација е во најголем дел виновна за оштетувањето на планетава, можат слободно само да се ожалуваат.
Не ми пречи брутално искрен човек, дури и кога зборовите му се преостри. Вистината, макар и груба, е подобра од лагата. Кој има проблем со вистината, ми дава знак на незрелост.
Ова моето не знам дали е за осудување или за стручна помош... Понекогаш отворам во темата љубовни проблеми и сакам да прочитам мислење кое ќе знам дека е наменето за бившиот. Не дека сакам друга да се мачи или дека ми е важен, туку:
Од такт ме вадат и мразам комарџии, а работам таква бранша. Се трудам само да сум професионален во работава и добро ми оди со фацијалните експресии.
Луѓе што дозволуваат миленикот да им се шета врз кујната и слободно допира храна што ја јадат тие и ја дават на гости се грозни и нечисти.
Не сакам луѓе. Кога имаме гости се правам дека спијам во мојата соба за да не се поздравувам и да не седам со нив. Кога сум испадната и ќе видам некој познат се правам како да не сум го видела.
Не можам да поднесам лошо однесување и некултура, одма сум чекор назад од такви луѓе. Не сакам да зборам на моб. Некогаш намерно спуштам, некогаш не кревам. Пред да одам негде, се дома мора да ми е средено, за кога ќе се вратам да ми е убаво. Многу мразам кога ми поместуваат работи, и не ми ги враќаат на место! Избегнувам мн луѓе и скршнувам од местото, зошто не сакам да се поздравувам со нив.
Леле ова бев јас со моите, ,,спиев" плус неколку саати кога ќе ни дојдеа гости (роднини и пријатели) на моите, мајка ми пиздеше оти не станувам за да се поздравам. Заминуваат и мене ме имаш како леш од мојата соба, се распаѓам, одам до фрижидерот за да јадам или одам до wc пошто умирав тие неколку саати.
Имам специфичен вкус за кафе, ретко кој може да ми го направи онака како што го сакам, па затоа најчесто инсистирам сама да си го подготвам. Но, не можам секогаш така, посебно па ако сум на гости кај некои постари роднини и приморана сум да им оставам на нив. Резултатот без исклучок е лош, стварно не можам да пијам било какво кафе, важен ми е соодносот на млеко/вода/кафе. Ама од тоа што ми е незгодно да им кажам дека не ми се допаѓа кафето, сосила ќе се напијам бар два-три пати колку да се намали количината и да не се гледа дека во наредните 15тина минути ќе имам фантом голтки. Потоа станувам под изговор дека ми се пие вода, одам да ја наполнам истата чаша и некако скришум со звукот од течењето на водата се обидувам да го прикријам звукот на кафето кое завршува во мијалник. Исто вака сум комплицирана кога сум приморана да земам храна со нечисти раце, нема шанси да изедам нешто без да ги измијам темелно. Ќе ми донесе некој неочекувано бонбони без паковка за частење скоро до фаца и некултурно ми е да не земам. Не можам да му речам ајде почекај да измијам раце па донеси пак, па како и кафето, така и бонбоните завршуваат во канта. Жал ми е да фрлам храна, макар биле и бонбони, но посилно е од мене
Повеќе ме има погодено смрт на луѓе со кои немам никаква крвна врска а кои биле прекрасни личности отколку смртта на родената баба на пример. Едноставно со постапките и себичниот карактер направила никогаш да не почувствувам емотивна поврзаност иако носам дел од нејзе во мене. Ниту една капка солза немам пуштено за неа кога умре.
ме исцрпуваат муабети со луѓе(освен домашниве)....мака ми е со колеги другарки комшии да вртам безврзе муабет.прашувам што ми треба и толку
Фокусот ми е толку низок последниве 2-3 недели шо прам зборовна салата. Или грешам редослед на буквите во збор или дур пишам си го кажвам зборот в гла ама го изоставувам целосно во реченицата. And I know I'm judged for if, така да... соодветна тема.
Повеќе сакам да зборувам со луѓе отколку што сакам да си признам. Повеќе сакам непредвидливи нешта отколку што генерално мислам. Треба да се турнам самиот себе за нешто да завршам до крај. И ова клише ме нервира пемногу, зашто го мислев спротивното и зашто мразам да брзам, особено во последните моменти пред крајните рокови. Сакам да си противречам самиот на себе, зошто така учам за себеси, иако сум убеден дека сум совршено доследен. Мразам парадокси, а сепак ме фасцинираат.