Не поднесувам кога некој зборува и ми вметнува англсиски. Не англицизми туку баш англиски. Не можам и готово од кожа ме вади.. И постови на форумов скокам заради тоа.
Ме нервира особено најблиски, ко ќе ми речат, лесно ти е. Работа психички тешка работа ја, и му кажувам тешко ми е на моменти. Шо е битно ми велат, битно убај пари земаш.... Кај нас пола и поќе од пола психички се лечат, муабетиве демек ако битно 40.000 земаш. Знаеш што значи тоа? Некој зема 30.000. Зато за плата не дискутирам.
Не значи ако не сме мажени, не знаеме да готвиме, да чистеме и да вклучеме машина за перење алишта. Не значи дека уживаме и ништо не работиме.. Ги жалам луѓето што мислат така. Не знам кој ги натерал да се мажат и си лечат комплекси на немажени.
Не обожавам да готвам секој ден, едноставно не обожавам, напорно ми е да мислам што да јадам, што да купам за тоа. Се возбудувам само кога одвреме навреме пробувам некој нов рецепт, толку. Би сакала да имам маж што сака да готви и ќе е задолжен за сето готвење дома и за купување намирници.
Пак се забегува со оф топик постови. Прочитајте го надополнетиот вовед, ако овој тренд не ви е познат.
Си поспивам(до 8:30 јухууу)сабајле а маж ја носи ќере на школо и оди на работа. Јас станувам пазарам, готвам, работам од дома,ја зимам... Мрза сум бе па шо...
Тука така сум и јас. Претпоставувам деца немаш. Е со деца е малце папа. Ментално се борам некогаш да прифатам дека не може да е средено како што сакам. За средување пред излегување, иста сум како тебе. Баш во тие минути она што се вели ме чека маж ми на врата, јас дотресувам, фаќам влакна и сл. Редот и подреденоста ми даваат контрола во животот. Чувствувам дека не сум јас ако не ми е средено. Имам наклонетост да ги тресам алиштата кога ќе се вратам од надвор, сметајќи дека сум ја исчистила прашината. Сакам да чистам на недофатливи места, над кујна, во клучалки, на первазите од вратите, и ако подолг период не сум исчистила, ме фаќа јанѕа, како да пропуштам нешто. Кога доаѓаат гости дома, чистам повеќе, сакам да оддадам впечаток на многу педантна личност, и тоа ме прави горда на себеси. Како што читате, многу работи ми се врзани со чистотата. За викенд кога можам, си поспивам, а маж ми се справува со двете деца. Виктор, сигурно не си со OCD?
Најчесто не слушам луѓе, кои сами си се прашуваат, седиме пример на работа и сам колегата си поставува прашање сам и сам си одговара. Знаете центар на внимание? И само провоцира со прашања, леле оти не ми го вклучи компјутерот и ќутам јас, исто ко него ко ќе го прашам него.
Си сврстувам жени во различни категории според тоа како мирисаат (парфемот), општиот изглед и музиката што ја слушаат. Си добивам впечаток за одредена личност само од слика.
Ако ставам шминка, макар најминимална, каква што ставам, сѐ си мислам кожата ќе ја упропастам, ќе се нафрлам, лом ќе ми стане, па затоа брзам што е можно побрзо да се избришам. Дури како параноично се понашам.. Слично е и со препаратите за скинкер. Не можам ништо да ставам на лице освен детски крем. Не сум спокојна, си мислам ја малтретирам кожата. Коа сме кај скинкер, лице сѐ уште само со вода мијам, и не планирам во скоро да го сменам тоа.
Многу сакам кога носам многу темни наочари за сонце и само зјапам во луѓе и ги "осудувам" на основ физички изглед и им превртувам очи
На роднините им имам кажано дека не сум у земјава да не смараат за сега се неаме случајно сретнато низ град, ќе видиме до кога