Гледам нема некоја тема за радиава, а јас по цело време и додека сум дома, и во кола, и додека пешачам слушам радио. Нема некое кое го слушам цело време, но еве насабајле слушам СИТИ, ми се допаѓа водителката Елена како ја води емисијата инаку кога има некоја песна што не ми се допаѓа знам да сменам
Не слушам радио, има премногу реклами и ми одат на живци. Изминатата недела на работа бев приморана да слушам Антенна 5 и слободно можам да кажам да одат сите од таму на една групна терапија. Ем попуст, ем може ќе се излечат. Од 9 сабајле до 17h секој ден, истите песни дрнкаат. Тоа хитчето идиотско на Џејмс Блант на секој саат време, ми е врежано во меморија засекогаш. Грди песни, рекламите бетер, а кога зборуваат со некој амерички нагласок, како се само залетани во филм, да земеш вратче да им скинеш на сите до еден. Единствено Петар за појадок и пауза има пристојна програма, ама таа со него, душа му вади со својата некомпетентност, а богами и на слушателите. Сè на сè, радијата во Македонија, исто како и телевизиите се катастрофа. own:
Не го менувам Antenna5, ми се допаѓа програмата, особено Love Songs, Antenna Hit Parade и MTV Adria Top 20. Знаат да ја погодат музиката - од најновите и највртени хитови, до класици од 80те и 90те. Единствени се со тоа што даваат директни преноси од светските музички настани . Дефинитивно најдоброто радио во Македонија :up: P.S. Тоа хитчето идиотско на Џејмс Блант е Power-play, иако некогаш знаат да претераат со него
И мене ми се допаѓа Антенна5, ми се допаѓа програмата, и ми се допаѓа тоа што вестите се само 1 мин.за разлика од некои други радија. Исто така Антенна5 се тие кои пренесуваат музички настани кај нас како на пример MTV music awards и сл.да не ги набројувам сите. Е сега, слушам музика на секаква радио станица, зависи која песна оди, иако во последно време правам download mp3 free, play in windows media player па така слушам песни, малку го подзаборавам радиото
Слушам радио многу често...Ми се допаѓа музиката на Метрополис..но не ми се допаѓаат водители..Немаат никаква професионалност..Тоа нивното не личи на емисија туку на кафе муабет..Безвезе... Антена 5 ми се најдобри од сите ...И добра музика,а и емисиите и водителите ми се допаѓаат... Од локалните си ја слушам 106ка..За локално радио е доста добро...
Често слушам радио,најчесто Антена5,Сити и Метрополис,секогаш различна музика даваат,единствено што не ми се допаѓа е тоа што знаат и за време на некоја песна да почнат да зборуваат,тоа ми е забелешка,само не обрнувам толку внимание на тоа
Антена ми е толку искомерцијализирно радио, што ми се лоши да го слушам. Кога ќе почнат да форсираат некои песни,стварно претеруваат, по 300 пати дневно ги пуштаат. Многу ретко да слушнам на Антена стара музика, онаква квалитетна рок, поп, панк па и било што друго од претходните децении. Баш е хитовско радио. Слушам метрополис, сити најчесто, а понекогаш и другите ако ми се погоди музиката. Во рпинцип поретко слушам радио, порано повеќе ...
24/7 365 дена хехехехе да баш така радио слушам нон стоп и единствено нешто што не се гаси кај мене во соба е радиото дали сум дома или не не е важно и пред се мана ми е што заспивам и се будам со музика. а слушам антена, метрополис али најмногу фортуна ненад имаше емисија понеделнички љубовна и си ја обожавав. значи било што да е пуштено само радио да е
И кај мене Карак радиото е вклучено 24/7 само коа си влегувам во соба си попуштам кога излегувам го намалувам и исто така највише ја сакам таа емисијата со Ненад можно е пак да е почната Иначе од радијава си ги слушам Фортуна и Антенна5
Слушам радио само во кола и тоа Лајф радио или Метрополис. Не слушам Антена и Сити од причина што ептен дрдорат и една те иста песна по сто пати ја пуштаат. Дома не слушам радио, ама па затоа телевизорот кај мене во соба ми е секогаш на VH1.
Во моментов, а и најчесто слушам Антена 5 (си имам спуштено на комп директно онлајн приклучување). Исто многу го сакам и Метрополос, а ми недостасува и тоа старото на истата фреквенција, Радио Рос.
Најчесто Сити радио и евентуално Антенна5 ама ретко...а кога ќе ми здосади си пуштам некое рендом радио на Винамп од билокоја земја на планетава, колку за промена
Секојдневно пред спиење го пуштам радиото. Обично ми е на радио Равел, многу релаксирачки песни даваат, освен во понеделник кога стандард слушам Антена фајв лав сонгс. Кога седиме со другарки обавезно системот е пуштен на Антена фајв.