Кога слушам најчесто тоа е Life radio (89.1), најчил музика ми има, по мој вкус. Понекогаш и антена 5, ама латино или love hits, обичното тапа е, цела недела 3 исти песни вртат.
Многу често слушам радио, денот ми започнува со тоа. Постојано сум со слушалки на уши, татко ми само се дере по мене дека така може трајно да се оштети слухот, ама не го слушам многу многу Најмногу слушам Антена 5, ама некогаш и тие ме нервираат со ноќната програма со тие точкици и квадрати, зиу, зиу, цив, цив И не ја пропуштам „Заборави ако можеш“ на Радио 2
Еве јас по година дена пак да си кажам мислење зашто сега слушам повеќе музика. Радијата кои ми се програмирани се Антена, Клаб, Сити, Фортуна и Буба Мара. И сите ги слушам со тоа што менувам на реклами а застанувам на добра песна.
Слушам радио секој ден и секогаш Антена 5, кога одам на факултет во автобус а и дома кога сум. Навечер кога не можам да спијам си пуштам антена околу три четири сабајле дават добри песни
Тотално се, чим ми заврши песната, го менувам и радиото. Ретко ми се случува да се погодат 2-3 песни добри по ред.. па добри 20 пати ја менувам фреквенцијата.. Кога љупевме пиперки, се знае, зона радио.