Слушам радио скоро секој ден. Порано слушав само Антена5, а во последно време не можам да го смислам..дури се чудам како сум го слушала порано.. Или пак во последно време ептен станале неподносливи. Значи водителите од Антена5 - катастрофа! За музиката, немам зборови - истите, па истите песни по цел ден.. Ако сакаш да ти здосади некоја песна, Антена5 ќе ти ја направи таа услуга.. Сега најчесто слушам Сити радио. Ми се допаѓа музиката и емисиите. Водителите..па ок се, ама не сите. Го слушам и го сакам Викса, секојпат успева да ме насмее рано насабајле со неговото Нарачавте будење. Ми фали неговата балканска Е-банка..имаше некои најави дека пак ќе се емитува, ама за жал ништо од тоа сеуште. Цаци понекогаш знае да ми иде на нерви, посебно со муабетите за фудбал..знае да затупи ептен..ама па, закон музика пушта. Најомилена водителка од Сити дефинитивно ми е Елена. Ама, не оваа Елена сега што е, туку таа што замина на породилно. Значи, многу си ја сакам. Професионална, пријатна и со прекрасен глас. Комплетна е! Ми фали во етерот ептен, Сити не е исто без неа! Понекогаш слушам и Метрополис. Многу добра музика пуштаат. За емисиите не можам ништо да кажам, бидејќи и не ги следам баш.. Порано го слушав Петар за појадок и пауза. Интересен ми беше. ама само Петар, не и неговите 2 колешки. Досадни ми беа! Сега не сум го слушала одамна, знам само дека паралелно се емитува од тука и Белград, пошто Петар е во Белград нели.. Понекогаш кога ќе ми здосади од нашиве знам да си пуштам и некое странско радио на интернет како за промена..
Радиото мене ми е поим за моето постоење. Мајка ми ме успивала со радио, и истата таа традиција трае до ден денес. Заспивам со музика од истото радио кое ме успивало како бебе. Ретро girl, до срж. На моето височество радио, слушам мал број на радиостаници. Порано, постојано ми беше на Фортуна, ги слушав сите можни емисии. Таа сабајле у 7 што е, на пладне со Ненад, „Стерео љубов“ со Ненад исто, Македонската топ листа во недела... Арно ама, ми здосади. Често додека ми беше некоја песна досадна на Фортуна, пуштав Скај, Антена5 и Бубамара. И така си ги менував. Меѓутоа последниве неколку години, ајде да кажам последниве 3 години, не сум го поместила тоа копчето за менување на радио станици. Антена5 ми е на листа always. Го слушам момакот сабајле, ете така некако ми стана во навика кога ќе се разбудам да го слушнам него и добри песни пуштаат од сабајле, имам волја за да станам. Ги слушам некогаш Ана и Дени околу 10 беа мислам, и ми се занимливи. Ерик Фокс редовно го слушам во Love songs, таа емисија уште од помала ми е врежана во срце, као вечити романтичар. Арно ама, измеѓу термините Редовно летово Питбул и неговите компањерос. Ми скиснаа веќе се едни исти песни. Ми зуеја во глава, не можев да поднесам. Е тоа ме нервира кај Антена5. Што као се у тек со сите песни што ќе искочат, и цело време те едните исти ги пуштаат, не им текнува нешто постаро да пуштат. Освен во емисијата Flashback со Снеже што е. Апел до Антена5: Не ја тупете веќе со Masterprice од Мадона. Досадна ми стана. (А! И ако сте приметиле, пред да почне било која песна, Маја Саздановска пее у стил на песната која следи само: Антена, Антенаааа FIVE! Е, и тоа ми ск*рчи.)
Оооо даа,без радио хмм не постојам.Слушам радио буквално целллл ден,без разлика каде и да сум. Омилено ми е Бубамара Освен Бубамара ги слушам и СитиРадио,Метрополис и Антена 5.
Антена 5 и Фортуна највеќе, но и другите не се на одмет се зависи од располежнието и музиката која во момент ми прија за ушите.