Со радио се будам, со радио заспивам. Најчесто слушам музика на Антена 5, понекогаш Метрополис и Фортуна. Ми сметаат рекламите, и тоа многу. Штом ќе слушнам некоја реклама, веднаш сменувам. Едноставно, неподносливи ми се водителите и нивните рецитирачки способности, како првачиња ми се. И некои од нив имаат мноогу иритирачки гласови. Ми смета и тоа што, како што напомена Трендафилка(ако не грешам) дека по безброј пати на ден ги пуштаат глупите моментални хитчиња, на Антена5. Но во глобала, се си е во ред. Има и добри програми, поркај набројаните мани. Aнтена лав сонгс, особено!
Слушам радио особено кога вежбам. Ги слушам најчесто: Антена 5, Фортуна, Буба Мара, Сити. Кога сум со една братучетка цело време е на Фолк Зона. (Така мислам дека се викаше.)
Kaj мене радитот не е ислкучено еве точно 19 години Најсериозно, системот тогаш ми го купиле, и јака му душа како издржал без престан да свирир и свири Слушам најчесто Антена, Метрополис, или има едно наше, Прилепско, Холидеј, освен кога е ептен удрено на фолк и турбо фолк со дерење на анонимуси. Ама најчесто сепак Антена Да, да
На работа секогаш слушам радио. Најчесто Скај или Антена. На антена ме нервираат многу рекламите и дрндањето без везе
Во последно време почесто слушам, најчесто кога одмарам и тоа најмногу слушам Антена5, Метрополис и Сити радио.
Искрено, слушам радио кога ќе ми текне. Не толку често. На нет најмногу го слушам Антенна5, заради Лав сонгс, и понекогаш Бубамара, и Метрополис. Ме нервира на Метрополис што често има реклами(алоо, ова не е телевизија, радио е!). Порано слушав Зона радио, со Шојка што имаше во Новиот ден, значи не го пропуштав секогаш кога имаше јас слушав, дури и 2-3 пати во месецот праќав пораки.. А сега никако да ја начекам Емисијата.
Секој ден го започнувам со кафе и Антена 5, а понекогаш слушам и Радио 2, ако овие од Антена претераат со рекламите или има некои песни што не ми одговараат.
Е да антена многу претеруваат со рекламите... Ги научив на памет сите реклами, кое време ги даваат, како идат по редослед...