Лајф, 103-ка и Џез ФМ. Иако Лајф често знаат малку глупави реклами да пуштаат, музиката е фина. Метрополис и Равел имаат многу јаки цитатчиња, ама малку ме иритираат. Антена 5 во животов не сум слушала и сум многу горда на тоа. Никогаш не ми се допаднал ни типот на музика ни 150 реклами во секунда. И будејќи мајка ми слуша исклучиво Скај радио, на поминување во дневна и тоа подслушнувам.
Израснав со Антена 5 и редовно си ја пуштам. Некако ме потсеќа на детството и на убави, пролетни денови поминати на балкон со откршено радио до даска
Со самото пристигнување на моето работно место веднаш вкулучувам радио Антена 5! Си слушам се додека сум на работа и сум си навикната на музика па дури празно ми е ако нема некоја песничка во позадина додека работам! Си свиркам, си пејам, си бучам, сите реклами од збор до збор ги знам, ма ми се чини дека и редоследот на песните го знам
Драги Феминки, ве молам кој слушнал да ми потврди. Затоа што јас нешто како да слушнав ама не им верувам на сопствените уши. Па вака, некој да ми потврди за да се соземам. АСОТ на Антена5, екслузивно во четврток во 23:00 часот ? Спојлер Ќе прашам и во уште некоја тема, за посигурно.