Антена слушам во кола, или кога се шуткам низ дома (готвам, чистам, што и да е) па ми прави друштво. А кога сум пред компјутер во последно време многу слушам Energy - си штиклирам каква музика сакам според расположението. Деновиве најчесто слушам Summer
Најчесто слушам Лајф радио, затоа што пуштаат најдобра музика за моето уво, едно од ретките рок радио станици во Македонија.
Последниве неколку месеци омилено радио ми е на Winamp, Martini in the morning. Го има и на интернет, директно да се слуша. Американско радио на кое пуштаат мој тип на музика, класичен џез, биг банд и слично, а последниов период саде крисмасни песни. Премногу ми се допаѓа, значи премногу, одличен избор на песни имаа и за во секоја прилика ми одговара и додека работам за на факултет и додека средува и за опуштање.
Цело лето и сега од време-на време кога одам на работа, секогаш слушам. Најмногу Антена 5, а понекогаш и Супер радио (ако ми се здосадат песните). Често ги менувам станиците, зависно дали ми се допаѓа песната.
Какво радио бре,тоа ти е како „Седнав да слушнам реклами,ама постојано испрекинуваат со песни.“ ! За нигде веќе ни радиото не е тоа што беше.Да седнеш да слушнеш музика,вести или некоја емисија.Ма не бре,све за нигде,не само рекламите него и самите работи што ги даваад се own:
Antenna 5 за love songs, а инаку многу ги сакам Скај радио и Радио 2. Метрополис слушам сабајлечки ради емисијата во 9 " Појадок и пауза со Петре" (мислам таа се викаше, може грешам )