Од време на време пуштам овој сајт http://onlineradio.inbulgaria.info/ и од овде си одбирам радио. Нај често ги слушам City, Alfa и Rock+Metal
Сити и Антена 5 Бидејќи за Антена рековте рекламите, а имаше коментари и за водителите Тогаш што не ви се допаѓа на Сити? Или на другите радио станици, што би додале, што ви фали, што би исфрлиле Се разбира реклами мора да постојат, инаку водителите и сите кои работат во радио не би добивале плата
Синоќа заспав со Зип-Зап шоу на Антенна5. Какви носталгии ми пробуди музичето, ми доаѓаше да излезам во диско уште во истиот момент Омилени станици за слушање ми се Сити, Клуб фм, Антена и Скај. Тоа е тоа!!!
Многу ретко слушам радио иако порано нонстоп си слушавви текнува на времето кога немаше цедиња ,па со касетофонот во рака цел ден чекај кога ќе ти ја пуштат омилената песна на радио за да ја снимиш на лента ...сега радио пуштам во кола-најчесто антена ,сити радио или фортуна...со дечко ми се караме пошто он стално го пушта она спортското радио да слуша резултати
Најчесто радио слушам кога се возам во автобус и по дома кога чистам. А може и понекогаш кога ми е ептен досадно дома, добивам напади на хиперактивност и тогаш рокам радио и почнувам да играм. Најмногу слушам Сити, Антена 5 и Равел.
Не. Единствено ако сум во такси или кола па е пуштена некоја рандом станица. Вака, многу, многу ретко.
Неможам да седам во соба ако не ми свири нешто најверојатно навика ми е,а инаку најчесто радиото ми е уклучено на антена 5 или liferadio.
Не слушам радио во последно време. Порано нон стоп во кујната ни свиреше радиото, ама сега веќе и тоа не свири. Само кога се возам слушам радио (дека возачот пуштил не дека сакам)