Мене ми се има случено да го слушнам гласот на мајками (почината е ) како ми го кажува името а исто така ми се има случено пред неколку месеци си го местам креветот за спиење и слушам машки глас позади мене ми прави мм а другата вечер легнав да спијам и слушам женски глас од кај главата ми вика како си? од памет се извадив... иначе оддамна спијам со ќебето врз глава зашто се плашам и осеќам дека крцка подот секоја вечер и мислам дека има некој пред мене и ме гледа додека спијам
И мене ми се случува онака да слушнам ама не да ме вика некој..така во претходната куќа слушав чекори по скалите некогаш сонував лоши работи и неможев да викам... па коа кажав на едно дете за тоа ми вика...кога во сон неможеш да викаш тогаш те газат духови и од тогаш не сум сонувала ништо беше негде пред 2 месеци тоа ама страшно е...
Секогаш е така кај мене,ќе ме викне и тоа како одблиску да вика гласно и и викам -Не се дери,кажи?И ме гледа ко падната од Марс...И ми вика -Кој те викна ? - А се има и случено ова на другарка ми има во Необјасниви Случки кој сака нека прочита ме мрзи па да пишувам
И мене ми се случува горенаведеново често.Или некој само како да ми го вика името цело време,ама навикната сум си више. Слушате вие гласови,госпоѓо? *Речи не,речи не!* -Не слушам.
Мене често ми се слуша како да ме вика некој по име. И ми се случило да се свртам да видам кој ме вика и гледам никој не ми се обраќа и се чудам. Па така почнаа и да ме зафркаваат
се дешава понекад да слушнам нечиј глас дали како ме вика или нз.. ама од страв одма ги насочувам мислите на неш друго.
Кога бев мала околу 6-7год ми се има случено нешто што никогаш досега незнаев што е. Мојот кревет беше под прозорецот а спроти мене беа мајка ми и татко ми. Една вечер се сеќавам неможев да заспијам,и гледав нагоре. Наеднаш слушнав возрасен машки глас како го изговара моето име. Како да ме вика.Се исплашив. Ја разбудив мајка ми и кажав што слушнав.Таа не ми поверува и си легна. Наеднаш повторно некој ме викаше . Цело време додека не заспав го слушав гласот кој ми го кажуваше името.Чуствував како ме вика надвор.
Уф, завчера кога си легнав слушнав глас како прави уу, скокнав и престана. Пак после уште еднаш така и веќе не се повтори, а сама спијам во соба и во соба го слушнав тој глас. Иначе некаде имам прочитано дека ако слушаш глас како го довикува твоето име, не треба да се одзвиваш, наводно тоа бил гласот на ѓаволот...
Страшно.... Штом прочитав веднаш се сетив кога бев 3 години бевме во Грција на одмор. Мојата прабаба починала и мајка ми и татко ми неможеа да отидат на погреб. Прабаба ми живееше до мојата баба. Се враќаме од Грција по 2 дена и татко ми не остава на улицата кај баба ми за да одиме нели да изразиме сочуство. Темница 1 часот вечерта а татко ми отиде да ми купи млеко од трафиката па за кога ќе си дојдам да се напијам и да си легнам . Слегнуваме по улицата , никој надвор сите спијат , никоја струја не беше оклучена освен на баба ми. И одеднаш еден глас почна да вика по мајка ми и тоа истиот ама баш истиот на прабаба ми бидејќи мајка ми се вика Гордана велеше : Горданааа... Мајка ми зачудено : Молам ? Гласот пак Горданаааа и кога мајка ми забележа дека доаѓа од кај нејзината куќа и нејзиниот глас веднаш прекина гласот да и вика . И кажавме на баба ми и дедо ми и тие се зачудија . По 2-3 дена исто се случило на нејзините ќерки гласот од прабаба ми почнал да се слуша и кај нив дома и тоа кога биле сами ....
Значи постојат голем број објаснувања за оваа појава. Сепак, јас ќе обрнам внимание на она паранормалното, за кое најмногу имам читано. Не сметам дека е вистина, but I'm keeping an open mind. Како и да е, многумина велат дека на тој начин самовилите или ентитетите се обидуваат да воспостават комуникација со вас на некаков начин, односно се обидуваат да привлечат внимание. Единствениот начин за да го прекинете ова е едноставно да не обрнувате внимание. Што се однесува од психолошки аспект, можно е мозокот да ви ги преработува информациите здобиени во текот на денот, па од тие гласови да формира некакви алузии со тоа што ги меша со вашите мисли. Или пак едноставно мозокот да прима информации на многу поголема далечина во таа полусвесна состојба. Веројатно и затоа не ги помните потоа. Во најкрајни случаи може истово да биде и предзнак за шизофренија, но не се секирајте бидејќи тоа не е единствен предуслов за оваа болест.
Било кои појави кои ги гледаме или слушаме се моментални илузии кои ги формира нашиот мозок. Обично оние кои веруваат во паранормалното, почесто доаѓаат во допир со тие илузии. Ако постои доза верување или страв од паранормалното, нормално е самиот мозок да е доволно надразнат и да го создава она во што веруваме. Не се плашам и не верувам во тие работи. Не дека одрекувам верување во некоја виша сила која не можеме да ја контролираме, ама не сакам да верувам во духови или самовили. Ми се случило да ме повика некој и многу ми било морничаво, прво од самата помисла дека сум свесна дека нема никој.
ako ocekuvas da ti zvoni telefonot, mozes da go haluciniras zvonenjeto se desava ....za poveke od toa neznam
Леле јас кога слушнав еден глас ми вели буууу и онака имав шок неколку сати не можев да се соземам а сама бев дома и ме фати паника премногу
Исто! Секој божји ден слушам де бибииип,де ѕврррр,де брррм,де квиииик,де тииит-тиииит...само такви некој звуци и станвам роварам низ цел стан барам откаде иди звуко.А слушам салам слушам дека има звуци бе. Моите се гледаат и му иди со лева да се крстат.Нема звуци ми велат,не се слуша нишо,нема нишо. И мртва тишина коќе е одненадеж звуци слушам и пак станвам да ги барам откај идат да го затнам звуко. Видете,јас сум психолог.И знам дека ако ме однесат на психо,знам шо дијагноза ќе ми дат:еден вид на параноја или благ симптом на шизо.Ама до тој степен ли сум бе? Готово луѓе се разболев.Арно реков ќе скренам еден ден.Ете ти.....
Jas imam pisano vo temata nebjaslibi slucki za ova....mislam. Lani, mi se slucuvase sekoja nok vo okolu 3 casot da slisam deka zvoni nekoj na vrata, aj sto slusam tuku i stanuvam da otvoram, trcam ko nekoj da turka silno da otvaram. Edno 2/3 pati zolva mi se isplasi (zosto za da otvoram vrata moram da pominam od sobata kaj sto taa spie ) vika sto tie kaj trcas vaka? Vikam abe zvoni nekoj na vrata neli slusas? Abe sto ti e vika, jas celo vreme na tell sedam nikoj ne zvonese, moze ti se pricini. Ama aj ednas dva pati....ama skoro cela nedela mi se slucuvase taka i se co isto vreme...mnogu bev isplasena, a sto e najloso bez da sum svesna kaj odam, so trcanje odam da otvaram vrata, arno nadvor ne izleguvav. Ama fala Bogu zavrsi