1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смеат ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

Дискусија во 'Образование' започната од Squirrel, 12 април 2011.

  1. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    Инспирирана од денешниот настан,а и од многу минати решив да ја отворам темава.

    Проблем 1.

    На час по физика седиме јас и другарками на фб...ми читаше некој разговори,не е ни важно. Професорот не виде,ни рече да седниме на друга клупа и потоа си зеде за право да ги чита разговорите на мојата другарка,да и отвора во сликите и пораките! Па на што личи тоа бре?! А потоа раскажа и на целиот клас!

    Истото се случува и со една наша друга професорка по завршувањето на часот ние излегуваме,а таа останува во училница,кој ја знае што прави,еднаш моите соученици се пожалаа дека работите во чантите им се испревртени.

    Проблем 2.

    Со кое право професорите смеат да не прашуваат за нашите лични животи? За нашите лични лични проблеми,дечковци или симпатии..Еве и конкретен пример,мојата класна до 8 одд.знаеше се за секој..од тоа кога станал до кога легнал и каде и со кого бил во меѓувреме! За дечковци и симпатии не ни спомнувам бидејќи тоа беше главна тема!

    Што мислите вие? Дали сте имале вакво искуство и дали го оправдувате?
    Ако има некој професор или професорка со задоволство би сакала да прочитам и нивно мислење!
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Зошто вакво генерализирање? Демек сите професори се такви..
    Радознали професори имало и ќе има, но кој те тера да одговориш на такви прашања? Зошто едноставно да не си преќутиш, или во краен случај директно да кажеш дека немаш потреба да одговараш се на секого?
    Во конкретниов случај со компјутерот, до некаде го разбирам вашиот професор, тој предава вие си читате на фејсбук. Не го оправдувам тоа што чепкал и ги раскажувал што видел, но веројатно сакал на некој начин да се одмазди поради вашето невнимание и непочиутвање(не дека е ова правилен начин, ама има такви професори, тоа сите го знаеме). Но, секогаш имате каде да се пожалите. Дали на класна, дали на педагог/психолог, или најдобро на родител. Верувам дека професорот ќе биде опоменет и нема да се повтори.

    Сакав да кажам, не се сите професори исти. Не може на сите да им се погоди, сите си имаат по некоја цака. Ако знаеш дека некој професор е радознал, зошто баш на неговиот час седиш на фејсбук? Ако знаете дека некоја професорка ви чепка по ранци, земете ги со себе.

    Има многу супер и коректни професори, па дури и тие некогаш се "жигосувани" од учениците. Најчесто од послабите, зошто тие за своето незнаење и дрскост ги обвинуваат професорите.
    Тие сепак се тука за да не научат на нешто, па прво и основно мора да ги почитуваме.
    За исклучоците, кажав погоре. Секогаш има што да се преземе.
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Вакво искуство до сега не сум имала, а нема ни да имам бидејќи си ја знам границата и знам што некој треба, а што не треба да знае.

    Додека за првиот случај, не е дозволено професорот да чепка во приватноста на ученикот, но не е дозволено ни да се седи на фејсбук на часови.
    На училиште компјутерите се за учење, кај нас конкретно на главниот компјутер се гледа се` од другите компјутери. Така да, приватност - дома.
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Извини ама јас сум од другата страна на катедрата и ќе ти кажам директно дека сте многу некултурни и невоспитани. Професорот зборува, вие на ФБ со др. зборови кој му е*е матер, нека си збори ние ќе си бркаме наша работа.
    Среќна сум што работам во една друга земја каде што културата на учениците е на многу повисоко ниво него нашата.
    За др работи што ѓи спомна, па ниеден професор не те фатил за гуша да му кажуваш кој ти е дечко, дали излегуваш и др. лични работи.
     
    На AnaKlarc, LittlePinky, nela.oh и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Се додека не го прави тоа со цел потсмевање,оговарање и слично,во ред е.

    Ние не сме навикнати на ваков однос со професорите,затоа што се страшно непрофесионални и си дозволуваат да зборуваат пред сите за работи кои засегаат еден ученик без да земат предвид дека може да нанесат трајни последици врз детето.Значи не го прават со цел да помогнат,туку за да си ја нахранат малограѓанштината.

    Во ред е професорот да се интересира за ученикот и неговите проблеми.Да инсистра да дознае работи кога забележува дека тој се менува потфрлува со учење или можеби се однесува непримерно,со цел да го реши проблемот,да му помогне и да се постави мајчински,да се обиде да соработува и со него и со неговите родители и ако има потреба и училишниот психолог или педагог да ги вклучи.Но,друго е затоа што некој ете разговарал на час и го преместил на друга клупа и земал да му ги чита приватните пораки.Тоа апсолутно не е негова работа,особено затоа што ученик,ко ученик,губи трпение,а рака на срце кој будала ужива во досадните часови,па ете има и поинтересни теми на кои се замуабетува со соучениците,но тоа не го прави непримерен.

    Не секој е доволно добар за да биде професор.На нашиве многу им недостига,ама премногу.Кога пред некое време се соочив со фактот дека за да стане професор-наставик полагала дополнителни испити личност која е психички лабилна и под таблети...се скиснав.Не се работи за дискриминација,но да бидеме реални,не може било кој да ти го учи и довоспитува детето,да му ги шири погледите,а и те како имаат влијание врз тоа.

    Значи сум за да се меша професорот во приватноста и при тоа да знае да процени кога е неопходно и да знае до каде да оди.Да се труди да го реши проблемот,а не да го продлабочува со простачко однесување,потсмевање,незаинтересираност и сериџиство.Затоа што на училиште рака на срце излегуваат вистинските лица на децата,па професорот многу полесно може да заклучи дека има проблем детето,отколку неговите родители дома.
     
    На glosipgirl, baguf4e, Squirrel и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!


    Работите во друга земја,нели? Значи и начинот на кој Вие се поставувате спрема Вашите ученици е многу подруг,па затоа и тие ве почитуваат!
    Дојдете кај мене на тој часот по физика и мислам дека и Вие би седнале на ФБ со големо задоволство! Дотичниот професор нема буква на табла напишано и 80% во генерација имаат 1. А на тестовите можеби и 95% се едниници! Лично јас имам 5 затоа што одам на дополнителни часови! Има ли секој можност да си го дозволи ова?!
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Разбирам дека и денешните ученици се безобразни, ама да бидеме реални тие што се решиле за професија професор требале и да бидат свесни за тоа.Се работи за деца што растат, што се во пубертет, нервозни се со домашните, а не пак со професорите.Колку и да се има култура и тинејџерите се живи луѓе и си имаат жолти минути.
    Кога би била професор никогаш не би очекувала дека сите мирно ќе ме слушаат додека предавам, дека никој нема да ми тресне врата, дека никој нема да отвори фб додека компјутерот со интернет е пред него.И сигурно за да се одмаздам за неговото однесување нема да раскажувам наоколу за неговата приватност или на родителска пред сите да раскажам дека тој и таа се дечко и девојка.
    И јас сум била сведок на претерување, од типот отварање тетратки и читање, гледање на пзоадината на мобилниот и слично, само зашто е професор.И што е трагично, нема каде да се пожалиш :tmi:
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Не го оправдувам тоа што професорката ви ги читала пораките и ви ги гледала сликите, но уште помалку ве оправудавм вас што на час си се допишувате. Јас да сум професорка немало да бидам толку мека со вас, и ќе барам да ја цените мојата работа и да ме слушате, или барем правете се дека слушате ако е досадно. Во мое време немавме компјутери на час, ама сега незнам зошто воопшто на тие компјутери во школо им е дозволен пристап до ФБ, и сличните сајтови.

    А за тоа дали професорите имаат право да се мешаат во животот на учениците - ДА. Но сепак во одредена мера. Во твојов случај немала право. Но општо, ако професорката забележи дека нешто се случува со ученикот, мора да реагира, да ги извести родителите, класниот раководител и сл.
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Проблем број 1. Зошто за време на час по физика вие седите на фејсбук? Тоа е основно непочитување на часот а и на професорот, па не знам зошто те чуди за тоа што го направил. Не оправдувам читање муабети, тоа Е приватна работа, но за време на часот вие треба да го слушате него. Откако ќе заврши, се согласувам дека не смее да ви се меша во приватноста, ама ако свесно висите на социјалниве мрежи наместо да учите, реакцијата е неизбежна.

    Проблем број 2. Училиштето пред се` е ВОСПИТНО образовна институција, не е целта само да ви турат знаење во глава, а да ве остават да се однесувате како што не ви доликува. Сите сме го прошле тоа, убаво кажа Лилит, се` додека тоа не се прави со намера да се омаловажува ученикот, не е ништо страшно. Тие се тука да не` упатат на вистинскиот пат, што не секогаш веднаш го сфаќаме. Немам сретнато професор/ка што јавно го критикувал љубовниот живот на учениците, освен ако заради тоа, бегаат од часови или попуштиле во успехот. Ама пак ќе речам, не е ништо страшно, знам дека сега си го земате тоа при срце.

    Треба да се има разграничување до каде треба да се вмешува професорот, но дур сте во училиште, тие се одговорни за вас. Реков одамна дека кампањата компјутер за секое дете ќе донесе нови генерации затупавени деца, интернетот во училиште се користи за се` само не за корисни работи.
     
    На lolyta777 и love23 им се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Слушна мислење од професор, од повозрасни девојки, еве сега и едно мислење од ученичка (можеби и твоја врсничка).
    Значи вака: мене не знам колку пати ми се случило часот да ми мине на фб, што не е за пофалба. Професорот предава, а јас си коментарим, лајкам или чатам. Буквално го правам будала.
    Но, тоа е тоа, има досадни часови кога не ти е до слушање. Кога професорот ме забележал, ме опоменал, сум го исклучила или само минимизирала фб и се останало на тоа. Никогаш не ми билле читани пораки, а за сликите не можам да кажам, бидејки повеќето професори ги имам за пријатели така што во секој момент можат да ги видат.
    Моите професори се пријателски настроени и често со нив си разговарам како со другари (изоставајки го и персирањето). Но, нашите разговори се само наши. Никогаш ниеден разговор не бил разгласен на другите ученици.

    Тоа што професорот ти ги читал пораките, а потоа за нив разговарал со другите ученици не е за пофалба, туку за најостра критика. Најдобро би било доколку ти и другарка ти отидете во управата (кај педагогот или психологот) и ја раскажете целата ситуација. Притоа извинете се за користењето фб на час, но објаснете дека не сте ни задоволни од предавањето на професорот и за тоа дека тој „си го пика носот“ сегде. Најдобро би било доколку отидете со родител кој е запознаен за ситуацијата.
    Споменете ја и професорката која чепкала низ чантите.
    Верувам дека ако објаснете на фин и културен начин, со смирен тон на гласот, ќе бидат превземени мерки.
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Најголема грешка што на учениците и ставија компјутери па и интернет :^) и ние бевме ученици и па мајка му стара како без трошка срам си кажува со другарка ми на час по физика си седиме на ФБ. Дома ФБ во слободно време не на училиште |( И не ми е чудно што наставникот ви го проверил разговорот од кај знае со кој си пишувате и што се договарате :^) Со оглед на тоа што веќе за жал секојдневно им се случува на средношколците и ранците треба да им ги проверуваат, а не само тоа што за време на час си го пишувале. Многу си давате за право деца, премногу!
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Ма ова компјутерите се чист бизнис и перење пари, не дека некој сака да ни се модернизира и олесни начинот на учење. Ни служат само да спиеме и да се криеме за време на испитување позади нив. Кај нас нема ни интернет, не ги ни уклучуваме.
    Друго, да има професори што претеруваат. Лани имав една класна и нон-стоп ги надгледуваше бунтовното друштво што не доаѓаа на часови и попуштија со учењето. Не знам од каде знаеше се што се случува во училницата, кој на кого што рекол и како рекол и кога рекол. После школо знаеше каде оделе, ги прашуваше зошто излегуваат навечер по други градови, ќе ги клеветела дома и бла бла се со цел да ги натера да учат. Извини ама после училиште ја имам целата слобода да идам и да правам што сакам и каде сакам. Каков ќе ми биде успехот си е мој проблем и не ми се мешај во копаната. Ова професорите се отидени у ... Немаат никакво однесување на час, си зборува на дијалект, не предава, врие, пцуе, се заканува... Од нас бараат се што кај нив е испод нулата.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    :swear: Бре бре.... приватност? Приватност дома. На час, додека професор предава ти си на ФБ и бараш приватност? Не ми се верува до каде оди дрскоста-ама на учениците. Утре кога ке донесеш дечко на час, ако се занесете ќе се навредиш и кога ќе те праша професорот кој ти е тој? За мене проблемот е што некој си дозволува да е на ФБ на било кој час, а уште поголема е глупоста што после се жали на слаби оценки... Што, не ставаат 5-ки за ФБ? Ццццц, срам да им е.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Абе не може сега сите деца да бидат од калап вадени ,со цвикера и нрд по дефиниција,жив човек,јас го разбирам и тоа муабетење на час,во рамки на нормалата,исто така не може као,попуштил и ајт на родителска го срами родителот пред сите родители или исмева пред цел клас,со цел да го мотивира,а создава гнев,па речи нека не си ставаат на срце.Секое дете е различно и го движат различни мотиви,а професорот е ПЛАТЕН и по своја воља е таму и по некоја логика,треба да сака да соработува со децата да им влезе под кожа и да разбере секое од нив како функционира,а за тоа пред се треба да биде добар психолог.Треба да има и трпение и добар пристап.

    И друго,Штрумфета,освен што си на училиште за да учиш,одиш и за широко да се дообразуваш,надградиш,култивираш и да видиш како функционира остатокот од светот.Нив тоа треба по правило да им биде професија,ако некој не учи,да најде добар начин за да го натера да учи и тоа и е работа,па така што не е само работа на ученикот и неговото семејство.После сакате здраво општество и вистински вредности,а не се разбира основата на се тоа.Семејство и образование,а потоа се останато почнува да дејствува.А тоа после училиште ако влијае и на тоа во училиште,има секакво право,па и да е мало влијанието,а сепак детето застранува,одгооврност е и на комшијата да го извести родителот со најдобра намера,а не па на професор.Само што кај нас е посилна малограѓанштината,ловење на грешки и ситење на туѓи неуспеси и несреќи,па затоа не функционира.
    Игнорантноста е благослов по други теми,тука и те како бара фокусирање на вниманието до стотка.
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Па зошто тоа го трпите??? Пријавете ги на надлежните сега како што се засилени контролите лесно тоа ќе се среди!
     
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Да се согласувам за тоа ако ученикот навистина попушта со учењето и ако ситуацијата оди во екстремност. Од страна на професор е до некаде океј ама за мене секој за себе си е, на никој не му се мешам, сам си одбира што ќе прави во иднина. А постојано професор да ми шушка во врат и да ми праќа детективи, не фала.
    Прости професори тоа нема шанси да ми го овозможат. Тоа ќе биде лично моја желба и доколку можам да си го овозможам тоа со мојот коефициент на интелигенција.

    Го трпиме затоа што сме се осмелувале да пријавиме а само полошо сме си направиле, никој да не мрдне со прст, затоа што си се почитува со колегата а ние за возврат си добиеме ниски оценки. Жиш!
     
  17. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Кај нас не се уклучуваат компјутерите и затоа со тоа немаме проблеми ... ехх сега многу девојчиња од 8мо се шминкаат и носат штикли ... и сега овој дирекотров оди од клас во клас и на девојцињата им претура по ташните и им ги соблекува штиклите ... кога дојде кај мене јас не му дозволив да ми чепка по ташната затоа што женски сме држам влошки внатре ова она и што има цел клас да знае што има во мојата чанта ?!? и се каравме сакаше на сила да ми ја земе ова она ... го викна таткоми и таткоми ме подржа мене ... :)
    а за штикли си немам проблем 1.70 сум
    Треба да се има повеќе приватност :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Па не гледам како малолетник има толку право на избор што да прави со својот живот и да се буни на детективи.Родителите не секогаш имаат увид,па добредојдена ургенција од професор.Искрено,утре да имам дете кое се однесува деликвентно,прави работи кои јас не ги знам (сега сите викаме,нема мене да ми се случи,ама никогаш не можеш да знаеш) и тоа како би ценела некој да ми укаже на тоа без сеир-намера.Убаво ви правела професорката,лошо е што не била дискретна.

    А околу тоа колку можеш да научиш вистински од професорите,реков,тоа е проблем затоа што се вработува секаков,ама сепак,не се сведува на учење само на нешто вредно.Некогаш и контра-пример ако твојата интелигенција дозволува ,ќе процениш,ќе се насмееш,ќе го разглобиш и ќе научиш нешто.Така што учењето не се сведува само на добар пример.
    Јас имав една професорка која беше Медуза лично,па нучив многу важни работи.Дека арогантноста,умисленоста,преценетоста ќе те направи стара мома,сите ќе те мразат и ќе останеш без секс до крајот на животот,а тоа ја влошува ситуацијата уште повеќе. :D До душа таа имала,доволно за да создаде дете,ама човекот не ја поднесувал и ја оставил,па сега и детето нејзино не ја сакаше...и така...јадната,лечеше фрустрации на нас.Исто така ми беше интересно да им ги анализирам навиките и воопшто да учам како функционираат луѓето од другата страна на катедрата кои своевремено имале улога на бог,а не биле луѓе за пример,сепак својата обичност ја пренесувале низ часовите,а не требало тоа да биде така,но сепак,фино било што имаш слика за обичен човек,фрустрација или можеби среќа,пари од друг бизнис,маж или обична професорска плата,професорка со деца или без...шаренило,има убавина.

    Образовниот систем не ни чини со се тие фекалии кои го управуваат,па го прават во една огромна канализација од која излегуваат сакати генерации.Не секое дете поседува ајкју за да се избори за себе,своето знаење и соочување со светот,пред се отварање на погледите.Постојат и деца од нефункционални семејства,а се преинтелигентни,па едини начин за излез од лошата средина е добриот образовен систем,а кај нас за жал тоа е невозможно.Практично нема кој да ги спаси од кругот во кој се влезени,а тоа треба да биде професорот,училиштето.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Смеа ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

    Во право си, си дадов за право да искоментирам заради тоа што се креваше голема паника околу тоа, а не сум осетила на моја кожа. Не сум бунтовна во крајност и не фаќам остри кривини. Во училиштето може да се научи многу повеќе отколку материјалот. Освен да се набљудуваат и проучуваат карактерите на професорите истовремено ги гледаме и соучениците. Сепак секој тоа и не може да го постигне. Има голем број на ученици што ја гледаат само едната страна, дека у школо се оди да се учи стриктно од книгата и дека на професор не треба да му се враќаш ако се врши неправда, професор е! Ограничен во размислувањата и сфаќањата и тоа е, прост народ.
     
  20. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Навистина ми жал што не си ја сватила пораката на професорот, во училиште одите да научите нешто не да се понашате како дома, а добро е тоа што на глас професорот прочитал сакал да сватите дека се наоѓате во училиште не во кафич или во дискотека,а пораката му била да ве научи да ги почитувате постарите и да разговарате на час додека предава, а вие тоа што сте го направиле е непочитување кон професорот.Училиштето е воспитна установа во која ќе ги научиш принципите и кодексот на добро однесување, а би ти ја препорачала да ја прочиташ книгата бонтон за добро однесување, а што се однесува за приватноста очигледно е дека вие не сте сакале тоа да биде приватно така да сте разговареле на час за да обрнете внимание и нормално на крај да бидете исмеани за мене од професорот.