1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смеат ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

Дискусија во 'Образование' започната од Squirrel, 12 април 2011.

  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Доаѓам од мал град. Од приватност П немаме. Поедини наставници претеруваат. Ама не избувнувам, гледам и да не ми смета зошто учениците се криви за своите постапки. Ако одиш гушната, се муваш со дечко ти кога поминува некој постар до тебе, што мислиш, нема да те зафркваат послето?
    Го дадов овој пример, бидејќи е најчест во мојот град.
    Друго, двајца ученици имале некој проблем или се степале НАДВОР од училиштето. Зошто бе едниот да трча кон КЛАСНИОТ додека другиот ќе си настрада ако молчи.
    Што е надвор од училиште, останува надвор! :?:
    А за ова пребарување на ранците, нема шанси. Ние си имаме клуч од училница, односно, сите паралелки си имат клуч, така да и да сака неможе да ти пребарува.
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Не го одма напаѓајте девојчето, разбирам не треба да се седи на фејсбук но наставниците не се цвеќе за мирисање.
    Кога веќе сме на темава, сум била личен сведок на бирање на дечковци од страна наставниците, во контекс овој е добар, овој не е за тебе, фино дете е тоа, а тоа не и тоа за во основно .
    За класни не зборам, тие до некаде и Треба повеќе да се мешаат.
    Не одобрувам кога наставниците ги интересира, со кого се дружиш ( надвор од школо ), каде излегуваш, каде ќе одиш на одмор/каде си бил, колкава ти е фамилијата, каде живеат бабати и дедоти, имаш ли роднини надвор од држават..
    Е, па да, и тоа прашуваат.
    После седнат во канцеларија и со кафето в рака сите под ред ќе не изнакажат. Нејзе ја виделе во саботата излезена, морее таа уште од мала кривини фаќа..
    - А знаеш ли ма со кого се дружи? Со оние на ХХХХ..
    или
    - А ХХХХ никогаш не ја виделе излезена, што прави тоа девојче од дома не мрднува. Ич не сакам такво детето да ми биде право да ти кажам, и да учи толку не бива.

    Ние си играме школо :fubar:
    После сакаш ние да сме паметни кога наставниците на нас сеир маваат.
    По ташните не чепкаат, ама се, за секого ќе те испрашаат. :x


    и на крај..
    дечки дома научете си ја лекцијата. :geek:
     
  3. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Чим ние не чепкаме во нивната, не треба ни они во нашата. :!:
    Ако тоолку ги интересира нека не прашаат па ќе видиме дали ќе им одговориме :)
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ја сфаќам грижата на професорите за учениците, ама толку детално да навлегуваат во нашата интимност - тоа не го оправдувам :!:
    Должност е на наставникот да предаде лекција, да испрашува, да дава тест и да се занимава со се што е вклучено во врска со училиштето, но не и со учениците.

    И јас имав професорка која исто така знае се‘ за секој ученик, па дури и е толку саркастична да го исмева пред цел клас, што детево ке се засрами(имавме таков случај). Ама мислам дека овде само родителите можат да реагираат.
     
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    не знам навистина што да мислам ама многу ме интересира, дали и во вашите училишта , се случува по цел час професорите, да седат на катедра и да си прават муабет со учениците на прва клупа, и тоа не само за општи работи туку и за приватниот живот на учениците соговорници, или во најлош случај ги испрашуваат за приватните животи на другите ученици. исто така тоа не е само 5-10 минути од часот туку по цел час. Што е најлошо сите професори оговараат во канцеларија. Исто професорите знаат се за учениците, кој со кого се дружи, какви му се отценките. па каде води ова,ај класната добро требад асе грижи за класот , ама зошто сите професори да знат занашата приватност. најискрено на фб немам ниту еден професор за пријател, бидејќи не сакам да ме шпионират кога учам , а кога , денгубам. сепак најповеќе ме нервира тоа муабетење и тоа по цел час, ако му е до толку нека отворат дискусија на ниво на клас, еден час во полугодие и готово, сепак училиштето е и воспитна установа. тоа муабетење и губење на часот не ми сметаше порано толку, ама сега кога веќе сум матурантка а исто и лани ко бев 3 многу ми смета бидејќи сега најповеќе ни е потребна нивна помош и соработка. исто да напоменам, ужасно е што учениците со кои муабетат на час секогаш се привилегирани кога се работи за отценки. многу е трагично што моето училиште има голем ретинг , а и е познато како едно од најјаките во Македонија. пишете ве молам дали овој проблем е присутен и во вашите училишта , и дали некој некако реагира?
     
  6. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Да се случува и тоа на повеќето часови! Мојата професорка по македонски си зема за право додека јас или било кој ученик одговараат,се трудат да го прикажат трудот што го вложиле додека учеле,таја си прави муабет или си гледа нешто! И на крајот ќе ми каже "Седи тројче!"
     
  7. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Сите наставици си го пигаат носот каде што не им е место што ги иннересира нив кој со кого оди и кој што прави.
     
  8. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Кај нас во училиштето има професори кои што читаат што пишувале на фб некои ученици, кога ќе видат дека некој е уклучен на фб и не ја прати наставата, додека тие предаваат. И тоа сосема го оправдаувам. Па ти на училипште си дошол да учиш, а не да се допишуваш на фб. Ако навистина имаш потреба да напишеш на некого нешто на фб, постои голем и мал одмор :)
    Инаку се случува понекогаш некоја професорка да прокоментира нешто во врска со некоја девојка/момче, за љубота, бидејќи ги гледаат по ходниците на секој одмор како флертуваат :) И мислам дека тоа е во ред да те посоветува, меѓутоа се има свои граници.
    До сега не ми се има случено на мене, а и на моите соученици некој наставник да прашува нешто што не доликува, или пак што не би требало да го интересира.
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Добро ајде според вас сите професори се виновни,прости,лоши,некултурни вакви такви ехеее.А вие учениците сите сте паменти,убави,среќно,добри,културни ехааа.Е добро тогаш шо барате бе да одите на училиште?Седете си дома кога имате толкууууу предодредена интелегенција уште од роџење.
    Јас да сум професор и да предавам,а некои гуски да ми седат на фб додека се на мојот час?Не само шо ќе ги прочитам сите пораки на фб јавно туку нема да дозволам уште еднаш да присуствуваат на мојот час.Стварно неодговорна работа од страна на јакиииите ученици..А што ви се мешале професорите за дечовци..Епа вие очигледно не знаете што се подразбира под поимот УЧИЛИШТЕ вие мислите дека е стриптиз бар и место за мување.За такви ученици мислам дека е подобро воопшто да не се запишуваат во училиште.Училиштето е високообразовна институција и е место каде одиш за да научиш нешто а не место каде одиш разголена со цицките и без проблем се муваш по вц или дозволуваш секое машко да те фаќа за газ.Многу жалосно со вакви лица..
     
  10. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    кај нас пред неколку месеци дојдоја 3 машки провфесори и една женска професорка и ги претресуваа сите ученици.
    Значи буквално секој џеб и секоја преграда на ранците беше прегледана.
    Претресот беше најмногу за цигари( не смееме да носиме во школо) и за оружје, бидејќи кај нас има многу Албанци,Турци и Македонци па може лесно да дојде до конфликт.
     
  11. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Еве и јас да искоментирам
    1 Најголема грешка е што се ставени компјутерите
    2 Не разбирам како може комјутерите да ги има,а на нив ништо да не се работи
    3 Голема грешка на учениците што играат игри или се уклучени на фб (во школо)
    4 Кога веке сте решиле да да се уклучувате на фб ,не смеат наставниците/професорите да ви читаат пораки и др
    5 Наставниците не треба да се мешаат што прават учениците дома или надвор
    еве една случка
    класаната ја видела една моја другарка што учи со мене како вози мотор со еден30/40 годишен маж и во школо одма ја нападна
    како може одма да ја напага и да збори триста глупости,одма почна да вика ова девојче тргна по лош пат и тн.
    од каде класната знае кој е тој??
    јаз знам дека и е роднина,ама на наставниците ништо неможеш да им објасниш
    кажете дали ова е правилно?
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Доколку со тоа се нарушува атмосферата и вниманието на часот, да, смеат. Наставникот е сам во училницата а од другата страна има 30-40 души. Така што негова должност е да се бори против се` што пречи на атмосферата на часот. Ај да речеме пример, за време на часот си се договарала на фб нешто да направиш што не е убаво и за што можеш да добиеш казна од родителите (кажувам пример). Кога ќе се дознае дека за тоа си се договарала на час преку фб, наставникот ќе го окриват затоа што додека си таму тој е на некој начин одговорен за тие работи и веднаш ќе речат „Да не дозволеше да го прави тоа на час и да не` известеше на време, немаше тоа да се деси“. И затоа мора да види што правиш на неговиот час затоа што за време на неговиот час ти и целиот клас сте негова одговорност. Не велам дека и нема некои сељаци кои не сакам да ги наречам професори кои го злоупотребуваат тоа.

    Мое гледиште е дека професорите станаа и премногу попустливи. Баш учениците какви што се сега, никогаш не биле. Не паметам дека некогаш ми кажувале дека имало толку невоспитани ученици кои се качуваат на глава на наставниците. Особено сум против предлог-законот (или законот, не сум сигурна) со кој на наставниците им се забранува да бркаат од час. Ако на некој мрсулко му текнало да се пекмези, ај на сите часот да им се уништи...

    Друга причина е тоа што некои наставници станаа неверојатно поткупливи. И за ситниш ќе прифатат нечиј мрсулко да им се качува на глава и да ги ремети а не ретко со тоа страдаат добри и вредни деца.
     
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И ја мислам дека грешка беа компијутерите во школо на нив само се седи на фб никогаш до сеа не сум чула дека работеле на компијутер
    Кога сме веќе кај приватноста на учениците мислам дека секој има право на свој живот и мислам дека нема потреба професорите да знаат баш се за секој ученик.
     
  14. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Широка тема за дискутирање, може слободно да се наведат еден куп аргументи за или против ваквото однесување на професорите, а притоа да не можиш конкретно да одговориш кој е виновен во ситуацијава и кој треба да се смени.

    Вистината е дека двете страни се криви.

    1. Помладиве генерации отупеа, закржлавеа, им се сменаа вредностите на морал, живот, однесување. Барем на повеќето од нив. Колку мама и тато да се труделе да го направат своето, доволно е мал допир и влијание на факторот околина да го направи своето. Ескивирање од слушање предавање и невнимание и доза непочитување кон професорот во однос на предавања и час секогаш имало, да не се лажиме, му се случило секому, но денес тоа го постигнува врвот, дали е виновен интернетот, родителите, професорите, општеството или тие самите-никој не знае, или можеби пак сите заедно?!
    Самата себеси сум си личен пример дека колку и да е лоша околината и да потекнуваш од понекогаш емотивно дисфункционално семејство, се останува или се станува добра личност. Најважно било моето јас, мојата самосвест и волја за напредок и култура.

    2. Ништо поарни не се професорите од децата, постарите со подзаостанати сфаќања кои неможат да се поврзат со поимот интернет, а пак помладите со мавање по гради дека се авторитет за децата кој неприкосновено мора да се почитува или спротивно (и полошо) односот другарски кон децата, на кои сакале или не некогаш е потребно да им се покаже доза авторитет за почит.

    Се додека не се смени односот на учениците/студентите кон професорите нема ни обратно.
    Учениците не ги почитуваат професорите а бараат почит од нив. Е тоа го нема.
    Кај нас е потребна итна промена на образовниот систем од корен, особена посебна обука и спецификација на кадрите. Поинаков пристап, поинаков однос и предавања.
    Детето колку и да е некултурно и од дисфункционална средина, треба да се најде начин да се дојде до неговата заинтересираност.

    __________________________________________________________________________________________

    А, да. Читам криви биле компјутерите. Е како бе така? Најслесно е да се криви еден предмет за нечија некултура. Крива е личноста што не знае да бира ни време ни место за опсесијата наречена фб. Поминуваат 12 сати дневно дома на фб, а сега плус и на часови? И после професорот бил крив, немал почит.

    Криви се и двете страни, професорите што неможат да си разграничат што значи нивната позиција и да ја употребат за најдоброто на децата без притоа да ги омаловажат, а децата/учениците што не знаат што е доза почит и култура, основна култура.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во тоа што, ете, не секого го интересира школо, не можеш секого да го заинтересираш, ете не сака едноставно, не стратегии, на глава стој ако сакаш, не го занима бре брате, а основното и средното (иако за второво не сфаќам по која логика) се задолжителни за сите. Е ај сеа?
     
  16. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Има и такви, во право си, па сега им се даде кораж со задолжителново средно, во смисла дека рацете им се одврзани да се однесуваат како сакаат па накрај кога-тогаш пак ќе земат диплома за средно.
    До некаде грешка е задолжително средно ради оваа причина, ама воведено е со цел да не заостануваат децава како полуписмени, срамота е во 21век да си со основно.

    За незаинтересираните мора да е најди начин, не да се заинтересира за учење, него начин да го помине целиот процес од 4 години без да им смета на професорите или соучениците. Да му се воведе некој ред.
    Кој е начинот, не знам, затоа викам треба менување општо на цел принцип на школување. Денес дојде време учеников да му се качи на глава на професорот притоа тој со врзани раце е за секаква мерка, да не го мава (оправдано тоа) да не го брка од часови, уште полошо да добива закани од ученикот.

    Па луѓе во гимназијата во која учев јас, сега очајно е, имаше случај кога мирен културен професор беше задеван од учениците и исмејуван, на негов час неред само затоа што ученициве имаат преголема слобода да прават што сакаат, а тој не смее никаква мерка да превземе. И што се случи накрај? Го избркаа професорот затоа што неможел да воведи ред во класот, а тие дивјаци кршеа клупи сред предавање, се обесуваа на закачалки за јакни што се. А што да правел професорот еве нека каже некој. Се обратил на управата. И некој ги скротил децата од директори/медицинари/бизнисмени воедно пријатели на директорот? Не.
    Затоа викам основата на проблемот е многу подлабок, потекнува од самите семејства, воспитување, од самото дете. Ретко, а да не е така.

    Мислам дното е постигнато во образованиево кај нас....

    Кои се мерките кои може професор да ги превземе за да го воспита детето? Никои, тој дошол на 15-18 години со оформен карактер кој сигурно нема да му се смени ако и само ако тој не наумил.
    И на крај се се сведува дека е до карактерот на детето, има исклучоци да, во нормални случаи кога е крив професорот, ама кај такви некултурни невоспитани деца како е возможно професорот да го учи, довоспитува и да го збогатува со знаење и да му ги шири интелектуалните погледи, ако тој не е вољев самиот...

    Мислам, страшно е денешново време.
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Oва ќе го протумачам и од двете страни, значи и професор и ученик, второто нормално јас сум го доживеала, а првото - имам блиска роднина која е наставник па можам да искоментирам и за тоа.

    Се согласувам потполно за компјутерите, јас каде што учев средно во одредени училници имаше компјутери, но во ниту една не работеја, освен во една каде што функционираа само 2, на едниот јас имав `среќа` да седам, пошто таму ми беше местото, и цел клас се собираше на мојот компјутер да играат шах или што и да е. Факт е дека има многу попустливи професори (за средно ќе зборам), дали затоа што се пореномирани од останатите, па дозволуваат на час да се праат такви работи, што е во ред, некој час да биде порелаксиран и сето тоа. Но, зборувајќи за децата, и јас сум учела во средно до лани, знам како е кога човек ќе ти дозволи нешто, ти уште толку на глава му се качуваш.
    Можам да кажам јака им душа на професорите и наставниците со овие генерации, кои што се невозможни за контролирање, камо ли пак за воспитување. Значи школите се воспитно-образовни институции, тоа ако некој професор видел некоја ученичка на мотор со 30 годишен е во ред да се спомне на родител или како год, а кој бил тој и што бил на ученичката ќе се разјасни после секако. Не знам како децава не разбираат дека школото не им е издувен вентил од домашните проблеми, па таму може да се изживуваат врз некој професор (каде почит прво кон постари, второ кон `претпоставен` таму, а културата нигде ја нема), да урлаат, да фрлаат столчиња, да им земаат дневници од рака кога сакаат да ги запишат и милион др. работи.

    Сфаќам дека треба да се имаат спомени од средното, али да се пофалиш за 4-5 години дека си плукнал некој професор, си му го фрлил дневникот од прозор, си рокнал монитор пошто те избркал, си мавал со креди по професор, тоа е веќе невоспитаност. Од такви мајмуни искрено можеш маица да тресеш, и да се крстиш колку невоспитаноста нема мерки. :x

    За тоа дека на професорите ќе им биде забрането да бркаат ученик, апсолутно не се согласувам. Сум била бркана од час со причина, некогаш и непричина. Имаше професори кои на тој начин воспоставуваа ред и мир на часот, најчесто беа помлади, и попустливи, и немаа таков авторитет како оние постарите. Епа од старт кога дозволуваш све и свашта, после да го стегнеш јажето - е многу тешко. Но, ако стварно го нарушува часот нека се избрка, јас сум се бунела за некои ситници, али неоправданите ми беа заслужени тука си признавам.

    Тешко на оние кои се наставници/професори денес. Гледам по моја блиска роднина дека стварно може здравје да ти се влоши од такви дивјаци и невоспитани дечишта што лечат пубертетски фрустрации на час. За нив, школото е забрането. Кога веќе положиле тест за хулиганство, местото не им е во воспитно-образовна институција. Улицата нека ги воспита.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ама и родителиве тука се криви. Ако му стаиш кец или го скараш, има некои шо не чекаат да ја чујат другата страна на приказната, туку одма со закани на професорот му идат, му се издераваат и додатно му качуваат притисок, ај шо мора толку деца да трпи, туку и детинести родители мора да трпи.

    Татко ми бре кога професор ќе му кажеше нешто за мене, абе збор не му пререкувал, му велел „ако згрешила-казнете ја“ и точка. Да ги замолам моите да ме оправдаат за отсуство? Незамисливо. Еднаш така ги замолив, ама имав годишен тест математика (ни` даваше такви на крај година) и сакав недела дена здраво дома да си вежбам. Ама лом ме направија! Ете, јас така сум воспитана кон наставник да се однесувам со екстремна почит. Имало некои кои го злоупотребувале тоа, но во такви случаи сум се жалела на класниот или кај директорот. Али да се зезам на час, да се бунтувам и заканувам....не!

    Незаинтересиран ученик не можеш да го заинтересираш. Ако не сака да седи мирен бе брате, нема да седи, часот игра напрај му го ако сакаш...ете тој, еве еден нека е у одделение, секад ќе ти се качува на глава.

    Млади Бунтовници ја сј*бaа работата :D
     
  19. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Наставниците сакаат да се мешаат во приватноста на ученикот и сакаат се да знаат за приватниот живот ама не сакаат учениците да знаат ништо од нивната приватност досега не сум дозволила ниту една наставничка да знае нешто во врска со мојот приватен живот ниту ке дозволам.
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.397
    Пол:
    Женски
    Многу лошо направија што на децава им се дадоа компјутери во школо , демек ке имале можност да уЧат да бараат на интернет материјали и којзнае уште што Појма неам .. Јас додека уЧев имавме кокмпјутери само во УЧилницата по Информатика :)
    Плус се збеснаа децава ама и професорите со тоа Фб .. Јас разбирам Фб ама дома , а не додека си на Час .
    Прво е непоЧитување на професорот што се труди да ги науЧи децата , а они си се допишуваат си лајкнуваат слики и др . Друго што ме извади малце од такт една професорка што ми предаваше што ја мислев за угледна , се слика со децата позира и става слики на Фб
    Како прво се губи респектот од децата . Али што знам јас па :|