Смеат ли професорите да чепкаат во приватноста на ученикот?!

Discussion in 'Образование' started by Squirrel, Apr 12, 2011.

  1. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    462
    Likes Received:
    362
    Gender:
    Female
    Па.... Кај мене наставникот по географија во основно што ми беше. Ќе не` станеше и ќе не прашуваше кого го сакаме :fubar: . Мене дека ме нервираше, кога ќе ме станеше јас само ќе си ќутев или му бегав од час.
     
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    И јас си имам вакви проблеми со повеќето професорки.Ама значи имам една професорка и таа целата се напинат со мене цела година не слушав ништо друго освен "дечко ти не те остават да учиш" или "ќе имаш помала оценка затоа што не ми кажуваш кој ти е дечко".Таква си е жената заразена,болна или можеби вечно вљубена.Ама ајде постара жена во години е бре.После ми викаат сега на крај година,ајде викат до в година можит немат сите пак да се видиме Анна-Банана можеби ќе се омажи.И мене ми сксили и и викам не се мажам јас професорке,бегалка ќе одам,немат частење,ако очекувате такво нешто :) После еден мој сооученик стана да одговарат,и и кажува дека имал алергија т.е вистина имаше алергија и го прашуват што ти е,тој и вика дека е алергичен,и таа од мене,и тој не од Ана.Ама оваа друга професорка,и после цело време не задираше,а виее двајца се сакате,па ајде заедно двајцата не праќаше да одиме еднаш в канцеларија,абе глупости невидени.Добро е што не ме прашале досега,кога сум го доживеала првиот бакнеж ! :@ :@ :rofl: :rofl: :rofl:
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    1,495
    Likes Received:
    4,994
    Gender:
    Female
    Во установата во која живеам, воспитувачите и „воспитувачите“ се професори.
    Тие се тука да ни посочат на грешките, да не изведат на правиот пат (не викам сега дека го прават тоа, само кажувам како треба), но не и да се мешаат во приватноста. Сум им кажала на домашните дека колку и да ме прашуваат нема никогаш да им кажам каде одам и со кого одам, нема никогаш да им се доверам иако со нив поминувам повеќе време отколку со моите родители. Има една љубопитна госпожа која ме изеде за дечко ми, дека се видовме на улица, и ме гњавеше, и толку ми пукна филмот и и викам :

    Ние од малечки се знаеме, нормално беше дека ќе се создаде ваква љубов помеѓу нас. :wasntme: Е на сега, ајде мешај се да те видам. |(

    А за оние професори у школите, не. Никој не смее да чепка во мојата приватност. Дури ни моите родители, освен ако не е во прашање некој сериозен проблем. Но професорите не. Тој е тука да ми ја предаде лекцијата, а јас имам обврска да го слушам за време на часот и да научам за онаа оценка која треба да ја добијам. :!: Односот ученик-професор и обратно според мене не треба да се движи на некоја подлабока точка од оваа.
     
  4. Iza.bella777

    Iza.bella777 Активен член

    Joined:
    Jun 25, 2013
    Messages:
    37
    Likes Received:
    12
    sekoj si ima pravo na svoja privatnost
     
  5. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2014
    Messages:
    255
    Likes Received:
    150
    Gender:
    Female
    Професорите не би требало да чепкаат во приватноста на учениците но многумина тоа го прават. Некои го прават тоа од забава и чисто онака да им пројде часот. И не разбирам како тоа може да им изгледа коректно на некои ученици. Имав една професорка во средно која сакаже да знае буквално се за приватниот живот на учениците. Наместо да предава или да испрашува тааси прави муабет со учениците. Голем број ученици ја сакаа оваа нејзина постапка поради фактот дека нема да ги испраша или нема да предава, ама мене лично оваа постапка ужасно ме нервира. Па се знае часот зошто е, за предавање а не за оговарање.
    И така дотичната професорка не прашува кој има дечко, кој со кого колку време оди, кај сме биле на одмор, до колку искачаме и на кои места...
    Значи стварно претерува. Па која е таа да се меша во туѓи живот.
    Уште па кога почна еднаш од класот да прави парови. Ми вели мене мислам дека ти би била добар пар со X.( а X всушност беше дечко на една моја другарка и таа го знаеше тоа и сепак го рече пред нејзе.). Баш бев засрамена тогаш и баш се чуствував непријатно. Целиот клас се смееше и дофрлуваше.
    Уште полош и поекстремен пример од ова имам а тоа е со една друга професорка исто од средно која постојано се мешаше во приватниот живот на учениците за да ги исмејува и понижува.

    А службата во училиштето воопшто не реагираше ако некој се пожали на професорите. Тие секогаш застануваа на страна на професорите.

    Знам дека и учениците не секогаш во право и прават многу недопустиви и погрешни работи, но професорите треба да го решат проблемот на професионале начин без да се мешаат во приватноста на учениците.

    Јас секогаш сум дисциплинирана на часовите но сепак сум наишла на вакво однесување од професорите.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,847
    Likes Received:
    80,856
    Gender:
    Female
    Мене ми се замешаа во 4 средно, но зошто и како нема да се изјаснувам јавно.