Кажете ми дека не сум само јас така. Значи секогаш кога ќе се деси нешто лошо, дали од шо сум отрпната веќе, ме фаќа смеа. Не ми е смешно, ама неможам да го сопрам тоа. И сеа иде маж ми, видно потресен, и ми кажува за еден негов роднина дека добил инфаркт човекот. И јас будала, почнав да се смеам. Запрев за секунда и пробав да го задржам внатре, ама не бива! Ми излета уште појако! Така пред две години, исто, маж ми дојде и ми кажа дека некој негов школски си умрел човекот. Јас пак укезана до заби. а ич смешно не ми беше. Ќе си помисли мојов дека не сум салам. А може и стварно не сум. Како и да е, нека му е со помин на човекот. Модератор: Тема одделена од СДК...
Mene mi e taka nekogas od nervna baza,se smeam a ne mi e smesno,od nervoza pocnuvam da se smeam naednas i se stopiram
Епа и мене ми е на нервна база. Кога ќе ми кажат нешто лошо, одма на смеа ме избива. Си викам во себе, не е могуче да помине денот без нешто лошо, мора да се деси нешто.
Абе знаеш некои почнуваат да плачат кога ќе чујат за смрт, е мене смеа ме фаќа а не ми е смешно . Незнам зошто така, се молам само да не кажуваат кој умрел, во мое присуство .
Мене единствено ме фаќа паника да не почнам да се смеам кога некој ќе ми се јави да ми каже дека некој умрел, а јас од пред тоа веќе знам, а не сакам да се смеам, жал ми е за човекот.
Мислев дека сум единствена,ми олесна Како и да е ,попуштени ми се живците,мм веќе и не ми замерува знае со кој си има работа ...
Можеби за другите ви е смешно, ама кога би било за вашите родители не верувам дека ќе ви биде смешно.
Де бре Анушке. Ние никаде не спомнавме дека се радуваме и затоа се смееме, бог да чува. Верувам дека сите ве има фатено смеа во вакви ситуации.
Немаш ти доживеано трагедија во животот, затоа мислиш дека се смееш на трагедии. Не, се смееш за луѓе чија смрт не те погодила.
Ти од кај знаеш јас што имам доживеано? Тоа јас шо го имам доживеано не сакам господ на никого да даде . Затоа и веќе сум отрпната. И друг ми беше муабетов . Немора да е само за смрт туку општо .
Бог да чува. Не зборам за нивната смрт, како и да е не мора да ти објаснувам на форумот што се имам доживеано. На никој не посакувам да му се случи нешто лошо.Не ме познаваш и затоа те молам не напаѓај,скролни надолу.
Никогаш не сум се смеела за починати(и комшија да е), и старите си сакаат да живеат, затоа и чудно ми е што ви било смешно. Ама не дај Боже да ви почине родител, брат/сестра, не верувам дека ќе ви биде смешно. Едно е да ви починат баба и дедо, друго родител. Замисли кај твој родител маж ти така да се смее? Нема да ти биде сеедно. Па мажот и жената во такви моменти треба да си се поддршка, а не да се смеат. Многу јасно дека на мажите не може да им биде толку жал за наши родители кога ќе починат како на нас што ни е, исто и обратно, ама кога почина татко ми, маж ми ми беше поддршка, што ќе беше ако се смееше?
Анушке , од кај до кај го доведе муабетов, нема врска со тоа што јас го напишав ама ајде.Не се објаснувам . Јас во тема за свекори имав пишувано за мојот свекор дека ми беше како втор татко. Сопругот никогаш не сум го оставила и во најлошото,заедно имаме поминато многу работи и секогаш сме си поддршка еден на друг. Од кај до кај отидовме со муабетот *и баш мислам дека треба да го насмеам и расположам сопругот во такви моменти ,да му освртам внимание а не уште толку да го секирам .
Па не. И мене ми е чудно како вака реагирате на вакви тажни вести. Ајде за плачење и тагување, и јас не плачам да бидам искрена. Пред луѓе посебно не плачам. Сите различно тагуваме. Туку ни на крај памет не ми доаѓа да се насмеам. Преглупо е, несоодветно, без никаква почит, без осет. Колку и да ви се попуштени нервите, вака не се реагира во вакви ситуации. Деца не сте. Единствено на деца секако не им замерувам, ама возрасна особа? Пробајте малку да се исконтролирате нареден пат. Не е во ред ич ова. Треба, но поддршка ќе му дадеш на друг начин, не вака. Стај се ај на место на тој што тагува и тебе исто вака да ти се испонаша, убаво би ти било? Ако да, не знам што да речам тогаш. И не се лути, не те напаѓам, само ти кажувам дека прелошо изгледа од страна.
"смеата во тие моменти и „ѕидот“ што го кревате за да се заштитите од емоциите кои ве преовладуваат. Тоа е сосема нормален психолошки одбранбен механизам." И да, не се смеам ко ненормална пред луѓе на сам погреб боже мој , испревртивте муабетот скроз. Имајте убав ден .
Абе сеа, ќе се најдат оправдувања.. Одбранбем механизам било. Ти викам не е на место. Тогаш што не се активира кај сите тој одбранбен механизам? Али ние другите потиснуваме емоции ахам. Ајде убав ден и на тебе.
@tinkerbell22 џабе објаснуваш ,тој шо не го доживеал тоа т.е не го фатика таква хистерична јас ја викам смеа нема да те сфати. За жал ја доживеав и јас еднаш и фатив се слрив додека да ми помине бидејќи ми беше срам а не можев да се исконтролирам. А да не ја спимнувам вината шо ја исеќав после тоа.
Нормално дека не ми е смешно, на прва кога некој ќе ми каже за смрт се стаписувам без разлика дали ми е близок или не, одма помислувам како се чуствува фамилијата, ама ако знам дека некој умрел и треба да чекам повик страв ми е да не почнам да се смеам иако пред 10 минути сум го тажел.