1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смена на смената..

Дискусија во 'На работното место' започната од DevojkataO, 5 јули 2017.

  1. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Се беше во ред со моето работно место додека не дознав дека после 5 месеци со луѓето кои се во мојата смена, газдите сакаат да ме сменат во друга смена каде што луѓето не ми одговараат а и ќе морам да се навикнувам одново со други.Но проблемот е што јас не сакам да бидам сменета бидејќи обврските не ми го дозволувааттоа и многу ги засакав луѓево и супер ми е со нив. Не знам како да се извлечам и што да му кажам дека не сакам да ме менуваат ;( Ако имал некој сличен проблем како мојот и се спасил нека пише некој начин, изговор..
     
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.976
    Пол:
    Женски
    Не знам колку ќе ти биде од корист одговоров и дали нешто се променило или средило во меѓувреме но ако толку ти пречи да работиш во другата смена поразговарај со твоите газди и објасни им дека многу повеќе ти одговара досегашната смена и дека многу поуспешно би ја вршела работата со колегите со кои си досега навикната. Освен тоа, можеби има некој друг кој баш би сакал да прејде во другата смена наместо тебе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.