1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смер за медицински сестри на УКИМ

Дискусија во 'Образование' започната од NicoleA, 12 март 2016.

  1. NicoleA

    NicoleA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Годинава завршувам 4та, и време ми е да мислам што понатаму. Инаку скроз одлична сум во средно, учам во средно медицинско. Откако ќе завршам сакам да стажирам и да го полагам тој државен испит за медицински сестри па да се вработам. Иначе да не должам за тоа, сакав да прашам дали може да се учи вонредно и да се работи во исто време, со предметите нема да имам проблеми пошто многу учев во средно Анатомија, физиологија, и сите тие ги знам од средно.
    Сакам да слушнам мислења, искуства, тешко ли е вонредно, колку се плаќа годишно?
    И само да го кажам ова ако се чудите зошто идам на медицински за мед. сестра а сите ми се петки, тоа е зашто планирам да одам надвор од државава и така.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.989
    Допаѓања:
    159.185
    Пол:
    Женски
    upload_2016-3-13_13-37-14.png
    Најдобро е дирек да одиш и да прашаш таму дали има нешто плус во врска со тоа, дали ќе треба да одиш нахнадна пракса и слично.
    Ова е текст од другарка ми, му пуштив слика од твоето пишано, во Бт учи за сестра, ама секогаш е најсигурно да одиш со факултетот и да прашаш дирекно за информации, секако ако ти е блиску. :)
     
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Moze vonrednno zosto da ne.Imav dve drugarki koi rabotea I bea vonredno na visokata skola.Togas uste nemaa resenija samo volontiraa,sega se vraboteni.Vo meguvreme polozija drzaven ispit.Sega uste nemaat zavrseno,no ne bea mn dobri ucenicki I se omazija vo meguvreme.Znaci moze I ti si nemas problemi so ucenje ..a sega za cenata da ne te lazam.oti ne sum sigurna I ne sum mn vo kontakt so niv mislam 200 e I redovno I vonredno bez razlika na prosek.Sepak prasaj si za sigurno :)
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zone89

    zone89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    125
    Можеш вондредно но ако не си вработена ке требА да извадиш лекарско 1000ден да ти пишат некоја дијагноза дека не можеш да посетуваш настава. Иначе не е тешко вондредно учат и ученици кои завршиле средно гимназија, а не па ти која била одлична ученичка!
     
  5. zone89

    zone89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    125
    Иначе се плаќа 400евра годишно на две или четири рати во договор и молба со факултетот од лично искуство :)
     
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.924
    Допаѓања:
    134.115
    Пол:
    Женски
    Девојчето праша за на УКИМ не за високата медицинска во бт. Пред некоја година не дозволуваа вонредно на медицина без разлика кој смер. Зирни на нивниот сајт или прашај си можеби нешто се сменило.
     
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    18.207
    Пол:
    Женски
    На медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, единствено нема вонредно за општа медицина. Сестри, рендген, физиотерапевти и логопеди имаат и редовни и вонредни.
    Бидејќи јас сум на општа медицина, не би можела да те информирам за ништо попрецизно, единствено што знам е тоа дека предавањата им се попладне (познавам луѓе што се и вработени и студираат вонредно), и немаат редовни колоквиумски недели како редовните студенти, туку одат на испити во сесии.
    За повеќе информации, или најди некој што студира вонредно, или одвој некој ден да појдеш на шалтер на студентски прашања во деканатот, таму сигурно ќе ти кажат повеќе.

    П.С.: Еден совет, од лично искуство: анатомија и физиологија од средно медицинско не беа ниту основа на анатомија и физиологија што се учат на факултет (и не само овие, туку општо сите предмети). Секако дека вишата за сестри учи многу поповршно и помалку отколку општа медицина, ама сепак е потешко од она во средно, па затоа немој да се надеваш дека веќе ги знаеш тие предмети.

    П.П.С.: Ако единствен изговор за одење за сестра, и покрај одличниот успех во средно ти е тоа дека планираш да одиш надвор од државава - изговорот не ти држи вода. Прво, зошто и со општа медицина можеш како лекар да отидеш надвор од државава, и второ, зошто едно е да ти е сигурно веќе обезбедено место надвор, а друго е да се надеваш/сакаш/планираш да заминеш (бидејќи често се случува едно да сакаме, а сосема друго да излезе). Како и да е, не е ниту моја, ниту ничија работа зошто си одлучена на тој смер на факултет, тоа си е само твоја желба, па ти посакувам среќа во нејзиното исполнување. :)
     
  8. NicoleA

    NicoleA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Фала ви на сите за одговорите. Јас се расрпашав и дознав дека се плаќа 400 евра годишно, предметите се многу лесни и имало вкупно околу 35 испита.
    Само не знам за праксата ако некој нешто знае нека пише, мене еден другар ми кажа, мајка му учела на УКИМ за сестри вонредно, дека требало пракса ама она само си земала потписи од главните сестри на тие оддели кај што треба пракса и дека со тие потписи било исто како да одела она на пракса некое време. Така да само тоа околу праксата не ми е јасно.
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    17.881
    @NicoleA Не дека сум на медицински факултет, ама морав да пишам не можев да се воздржам, посилно од мене беше. |(

    Како мислиш без пракса да бидеш медицинска сестра? Воопшто медицинско лице? На куклите дома ли ќе боцкаш инфузии ќе ставаш? :x(facepalm)
    Крв од вена, на цвеќињата ќе се вежбаш? И после нема вени човеков ајде удри, дупи по 100 пати, а од авион се гледаат . (facepalm)
     
    На Lena3, MagsDestiny, srcence1607 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Иако сум на општа, еве ќе ти кажам дека предметите освен тие бош предмети што мора да ги има- стручните што веќе мислиш дека ги знаеш од средно :D не се исти и не ги знаеш баш, пошто и ја сум од медицинско па споредувам.
    За лесно не се лесни предмети воопшто, ова е високообразовна институција каде што треба мн мн труд. Иако смеров е за сестри и имам мн другарки на него и учат доста скратен материјал за разлика од општа - не е баш така лесно.
    Јесте да тригодишните како смерови се мн слаби а гледам и професориве не ги есапат многу многу, не ни учат многу. А катедрите како катедри, почнувајќи од Физио, Биохемија, Патологија, Хисто Патофиза, Анатомија како први предмети- не се воопшто попустливи и гледам се паѓа во огромни бројки АКО не се научи како што треба,
     
  11. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски

    Здраво, ке сакаш ли да ми кажеш нешто повеќе ако знаеш за овој смер? Дали предавањата се задолжителни? Дали има пракси често и дали и тие се задолжителни. Дали има квалитетни професори, може ли да се научи нешто од факултетов?? Конкретно за овој смер за мед. сестри.