Разгледував и немаше некоја ваква тема Се работи за оние торти со розе смеса украсени на пример или со срциња и слично. Па гледав на Интернет многу рецепти но потребни се многу состојки кои ги нема во нашава земја. Вакви торти се прават во Канела и насекаде низ земјава но никако да го добијам вистинскиот рецепт . Пробав да направам смеса со манчмелоус ги стопив во микро ги помешав со боја за храна потоа ставив шекер во прав и се бесе добро до тогаш но смесата никако не ми успеа бидејќи смесата ми се делеше од самата торта!. . Ако некоја од вас украсува торти би сакала да ме советувате како оди сето ова зошто се наближува роденденот на мајка ми и сакам да ја изненадам! Еве некои рецепти и како изгледаат овие торти 1. http://video.about.com/candy/How-to-Make-Fondant.htm 2. http://thecookduke.com/fondant-recipe/ 3. http://www.piece-a-cake.com/how-to-make-fondant.html
Ќе може ли некој да ми каже каков е тој касато фил за торти на вкус? Како изгледа, бидејќи не можам да најдам тоа што барам на интернет
Јас знам дека локум се меси со шеќер во прав, не знам точно дозирање, ама мислам и дека нема, ќе си видиш по месењето како ти стои.
колку што ме држи меморијата мислам дека беше 200 грама локум и 200 грама шеќер во прав( но шеќерот во прав да биде од оној купечкиот да не го правите дома со машинка бидејќи крцка). се замесувам се меси се додека не се изедначи и стане помеко ( добар 1час е потребно да месиш за да добиеш добар фондан). го оставаш 1час да отстои ( не знам зошто, но така ми кажаа) и потоа си правиш фигури.
Заљубена фала многуу не знаев дека е толку едноставно! разни глупости читав на интернет. Само уште нешто. Дали треба локумот да се истопи во микро или само го месам? зошто не ми е логично некако хахаха
локумот не треба да се растопи, треба добро да се измеси за да се соедини смесата. И на крајот кога веќе е отстоен 1 час со сукало ќе го развлечиш за да добиеш кора колку потенка толку подобро за формирање на фигури.
Сум го испробала рецептот за фондан што се прави од желатин и за него можам да кажам дека е најдобар за правење на фигури, зашто е постојан. Веднаш го правиш и ги оставаш фигурите да се сушат. За неколку часа се готови, што не е случај со фонданот од локум. Додека фонданот од локум го правам најмногу за обложување на тортата, зашто овој другиот од желатин некако многу ми се кине. Изгледа е до искуството . А 3Д фигурите од локум се доста непостојани и со стоењето(сушењето) ја губат формата (ако фонданот истовремено се меси и веднаш се прават истите). ***Важен совет за сите кои би правеле торти во иднина и би ги обложувале со фондан е: тортата треба да биде премачкана со фил кој е доста тврд. Не со шлаг или пудинг, во никој случај, зашто фонданот, бидејќи е повеќе на шеќер, ќе ви се разлее. Но најубаво е да се премачка со избиен путер или маргарин или со една лажица млеко или со чоколадо. Ова ви го кажувам од искуство. ***Друг совет: никогаш не обложувајте ја тортата доколку е премногу ладна, односно доколку има голема разлика на температурата, како сега од ладилник, пак дома на висока температура, или директно да ја извадите од замрзнувач (ако ви била претходно замрзната) и да ја обложувате. Зашто како се одмрзнува, така ќе ви паѓа фонданот. И ова од искуство ви го кажувам . Туку извадете ја околу 30 минути на собна температура каде што ќе работите да постои и потоа ставете и го фонданот. ***Исто фонданот од локум би бил подобар ако се меси и се остави 24 часа. Zaljubena111 кажа дека е доволно еден час, ама од свое лично искуство ве советувам да го оставите повеќе. Ставете го во најлонска кеса и нека стои. Наредниот ден и подобро ќе се сучи и подобри ќе би бидат и попостојани фигурите.
Јас сакам да ја обложам вака тортата за роденден овојпат,ама се мислам да не ми се кине па да се изнервирам Серафима викаш дека е подобро со тој со локум за цела торта да се покрие а? А пошто мене филот на тортата ми е доста мек,кремаст,дали ќе биде подобро тортата да завршува со пандишпан?
Мила мене вистински оној фондан од локум ми е подобар за обложување и затоа го препорачувам. Разликата е тоа што овој од желатин некако ми е покрут, не можеш убаво да го истегнеш или да обликуваш ивица или да го истегнеш ако правиш нешто кружно. Сепак би те посоветувала за овој другиот од локум, зашто е поеластичен. Тортата секако да ти завршува со пандшпан, не ставај од филот горе, само избијај путер или маргарин со млеко или чоколадо и со него премачакај ја целата торта. Ќе ја оставиш малку да се стегне, околу 15 минути и можеш да и ставиш фондан.(Путер или маргарин се става за да залепи фонданот. Ако е друго, како пудинг, шлаг, од нив се топи и целиот фондан ќе ти се разлее.) Ако нешто нејасно сум опишала, слободно прашај, од моето неискуство научив малку . Па да видиме на крај што си направила и како си украсила, ако може ?!
Serafima moze li da go pisis receptot za fondan od zelatin? Jas od koga sakam da probam da napravam fondan ama ne mi faka umot si velam da ne se iznerviram i nikogas da ne mi tekni pak Toj so lokumot mi izgleda polesen ama neznam??? [mod-kirilica:1uwcistw][/mod-kirilica:1uwcistw]
Фондан со желатин: 1 кесичка желатин (мелен) 50 мл. ладна вода (за желатинот) 100 гр фруктоза (Ја има во поголемите маркети. Јас ја користам од Виталија и цената и е околу 100 денари за 300 гр.) 20 мл. вода (за фруктозата) 1 супена лажица глицерин (Се купува во аптека. Едно малечко шишенце изнесува околу 100 денари.) 900 гр. шеќер во прав Подготовка: Желатинот се става во сад настрана и му се додава водата. Се остава околу 5 минути да набубри. Во теџере се става фруктозата и водата за неа (20 мл.) и се остава на тивок оган (со постојано мешање) да се истопи. Кога ќе зоврие се остава уште некои 30 секунди до минута да врие и се трга од оган. Веднаш во врелата течност се додава глицеринот и набубрениот желатин. Се меша додека се убаво се изедначи. Потоа по малку се додава од шеќерот во прав. На почеток се меша со лажица, зашто содржината е врела. Потоа кога смесата неможе веќе да се меша (и малку излади) се меси убаво со раце. Додека за фонданот од локум никогаш не може со точност да се каже колку шеќер би се ставило во истиот. Се зависи од локумот дали е свеж или не. Дозата е некаде 1:1 (100 гр локум со 100 гр. шеќер во прав). Се надевам дека убаво ќе излезе тортата . Важно не се откажувај, дури и да погрешиш не се откажувај. За почеток обиди се со половина доза и ќе видиш. Секој почеток е малку тежок, додека се започне, но ќе биде се со време .
Фала Серафима незнам кога ќе ја направам ама сигурно ќе пробам! Белки ќе излезе убава. Не го знаев точниот рецепт за фонданот од желатин , но сега го имам ! Теннк јууу
Јас имам една роднина која правеше торти, ама таа ссекогаш фонданот го правеше од локум, таа најчесто правеше фигури од фондан, затоа што тортите и беа неверојатно нацртани. Такво убаво цртање и толку усовршена техника немам видено никаде. И иако ги правеше фигурите од локум, тие секогаш беа совршени. Се сеќавам на 3те прасиња, абе ти се чинеше како да го гледаш цртаниот пред тебе, уште да почнат да играат врз тортата.
Супер!!! Сигурно си ја знае точно мерата а изгледа многу зависи и од локумот мора да биде пресен да се меси полесно и поубаво ќе стои, а и тоа со локумот е поедноставно за проба како за почеток
Еве ви и видео клип за фонданот за кој пишала Серафима. Јас го правам и ми излегува без грешка... http://www.minjina-kuhinjica.com/fondam ... ideo-klip/
јас имам видено во кам маркет во битола дека има,ама мн е мало паковањето а некаде е околу 80-90 денари
рацепт за фондан јас правев еден упс мајками и супер и излезе ... од тука го гледавме http://www.tortijada.mk/mk/zanimlivosti ... ondan.html фруктоза можеш да најдеш во некоја поголема продавница маркет такво нешто тоа ти е фактички овошен шекер ќе бараш... глицерин можеш да најдеш во аптека тоа ти е во шишенце и е густо како зејтин се употребува и за лица со рапава кожа другото мислам дека знаеш каде да си најдеш СЕ НАДЕВАМ ПОМОГНАВ НЕШТО !!
Планирам да правам торта со фондан за некоја недела, мене ми треба за обложување (и планирам да употребам што потенка кора, ако е тоа возможно) и сосема обични фигури горе, налик тркалца, значи ништо тешко за изработка. Сакам да го направам од локум и прав шеќер, другото ми изгледа потешко, а и не ми е потребна толкава количина. Сакав да прашам - претпоставувам може и овој фондан од локум да се бои, така? Со какви бои е подобро - течни или во прав? Чинам некаде прочитав дека овие во прав биле подобри, со поинтензивни бои.