SofiMar_ прекрасни се, одлично си ги изработила. БРАВО . Фигуриве каде ќе ги чуваш во меѓу време. На собна температура или?
Сакам да правам за првпат торта со фондан, иако уште сум во недоумица дали да ризикувам, ама ќе биде нешто едноставно за првпат. Ме интересира дали користите една докулатка како пегличка за да ја обложи фонданот тортата без меури. Или само со раце ја поминувате тортата? Што ми е потребно од "алати" за обликување на тортата?
@NarCis@ Јас ја користев само таа "пегличката", така ја викам. Друго користев што најдов по дома, четчиња, чепкалки, ноже.. Како за прв пат убава излезе, вториот пат ке биде поубава, ке си поправам грешките.
@SofiMar_ твојата е профи, јас далеку полесно од ова ќе правам Преубава е тортата, ја видов во друга тема Од каде ги набави овие? И пегличката од каде може да се најде? Совреме да се опремам, иако ќе правам нешто едноставно како за првпат, 2D ќе биде Се мислев оваа торта, без страничните Снешковци или оваа од видеото Ќерка ми уште не може да се одлучи дали сака Дедо Мраз или Снешко. Е сега ако е тешко со фондан, се мислам нешто со шлаг, отприлика вака: или Со тоа што нема да бидат мафини, али идејата е таа. Давајте идеи, добредојдени се. Навистина мислам дека можам да ѝ направам 100 пати повкусна и побогата торта, во споредба со она што нудат слаткарниците. Уште на лик да ја погодам
Првана со се снешковците, лесни се за праење тие. Докулаткиве ми се од ebay порачани, 2 месеци ги чекав. Може има и кај нас вакви сега. Може и коплет за педикир да користиш наместо овие, брка работа и тоа Рецепти за торти имам еден куп, преубави, домашни, богати, кремави и вкусни и со прикладна цена за квалитетот, во лп ќе ти споделам, кажи шо вкус те интересира
Чоколаден пандишпан, два до три фила, еден чоколаден, еден бел, и уште еден, евентуално со темна чоколада. Битно ми е да е сочна и кремава. Најдов јас рецепти, ќе биде вкусно сигурно, ама на лик ако не испадне, па да треба со кутлача да сервирам
Фала. користев Wilton готов бел фондан, јас му ставав бои. Црната е гел прехранбена боја, а другите се течни.
Од каде купувате Fondant? и алатки за изработка на декорации со него. Сакам д апробам нешто но не знам каде се продава готова смеса
Има на Долчела прашок за фондан во маркетите. Туку јас да прашам за боја. Видов има во тубички, мислам на доктор еткер беа, ама само сина и црвена. Во други бои не видов, освен течни. Каде да барам на друго место? Во Веро и Рамстор нема. Има некоја специјализирана продавница за вакви работи?
имаш и специјализирана и неспецијализирана. веро центар има. кит го овде кај нас има. супер тинекс има.
јас купив од Супер тинекс кесички во прав со прехрамбена боја, сите бои ги имаше. Инаку се многу унтензивни, јас боев шлаг со нив.
Бои во прашок има во сите маркети и обично стојат во делот со производи за торти и колачи, цветови, корпички за мафини... Не можеш да ги промашиш, 10-15 денари се